Здраво другарчиња, одамна не сум била активна, повеќе од месец дена. Хаос е дома, ни 5 минути нема мир, немам време за телефон. 9 месеци наполна Нина пред 2 дена, душа мамина брзо ми растит.Километри на ден се прави дома со лазење кое еве трае веќе 2 месеци она право лазење ама сега веќе 2 недели се исправува секаде и си стои, штрумфот покушава со една рака да се држи и да направи чекорче ама оп ете ја на газе. Да се пофалам, Нина има запчеее конечно, денес мама го виде. Кога ќе чуе песничка се клати и со рацете горе игра, дури има и песнички кои не ги сака, па ако почнат она одма почнува со плачење. Научила што е НЕ, па кога и да и кажам застанува и се трга, до следен пат кога ќе има прилика да не ја видам. 8ми месец ни беше напорен за ноќно спиење, скок и растење на заби доведоа до тоа да сум со по 5-6 кафиња на ден. Среќа што беше убаво времето, па денски само шетавме, татко и ни даде надимак Нина и Бубе кафеџиките. Бидете ми сите поздравени, се надевам ќе можам пак да сум поактивна ама чисто сумљам, се повеќе бељи ме чекаат.
Од понеделник влегуваме во 17та недела воедно и во 4 скок. Страв ме фаќа, тука Ве читав дека е најтежок. Ај со лесно. Бтв понеделник и на вакцина. Ако биди да биди
4 скок е најтежок додека не дојде регресија во спиење помешана со вадење заби и лазење и пентерење преку ден . Само растете си, секое доба своја прича си е
И мојов знае што е не, ама кога ќе му речам не се смее и ме гледа и продолжува истото да го прави уште посреќен. Да и растат бели како бисери на женската забчињата! Инаку и бебе почна да плеска со рачињата и да игра, лево десно со главата. Ама кога ќе види дека се радуваме или кога почнуваме ние да го мотивираме да плеска со рачињата намерно прекинува све и не гледа во стил, јас кога сакам тогаш ќе играм. Се исправва ама се клати и плеска на глава, многу ми е страв. Си го земав до мене да спие, малку пораат сум. И не го возам веќе во седиште. Почна да ме вози он мене увелико. Ама почна и да се гали со мене и нежност повеќе да покажува и секој ден повеќе се заљубувам во него и ќе го изедам веќе. Ајде поздравче мајки, се распишував и јас
Здраво мајкички кско сте ми, не сум била оддамна активна, нрмам време, ама колку шо успеав да прочитам сите сте добри, кој со скокови кој со регресии итн. Мило ми е! Ние сме исто супер, беба е одлична фала богу, пред некој ден 8 месеци наполни, многу брзо ми се виде. 6 запчиња имаме на двапати настинавме со температури, па ни се погодија и запчињата, па малку скок ( прв пат да го осетам) и веќе еден месец регресија у спиење. Не броев колку често се будеше и ми спиеше у раце и на града. Сеа како да се смирува ситуацијата. Пброци имаме два у ден понекогаш и три ама рерко. Количински не јаде баш многу, повеќе е на цицката, затоа и уште намирници воведуваме. Јаде се што ќе направам или купена каша, ама не јаде многу, се заситува и од млекото. Ќе осети понатака глад па ќе ручка повеќе. Вече цел месец е на под лази се влечка, де таму де ваму а пред некој ден почна на колена да се исправа во лреветчињата , шумахер е со дубакот на сите страни. Вика писка се смее. Интересно е по дома, двете со дада лудуваат. Кога ќе и кажам не, немој таму и е интересно, додека не и го земеш од рацете далечинското, тогаш војна станува Бидете ми поздравенки
Мило ми е што те прочитав Кажујте чашки за вода. Првото ми пиеше од шише со цуцла, на другово нејќам шише со цуцла да и дадам. Не знам од кое најлесно се пие. Убава вечер
Тие чашките шо се како со силикон одозгора. Може да пие и не тече. На Нук има убави, и тука у гер ги има на др марки.
Се мислев на Нук да биде. Имам дома една, ама пластична е, вака со силиконска поарно ми е. Ќе барам во ДМ.
Здраво Мајки како сте? Ние во четвртокот ја стапнавме годината, па ајде сите на торта... Не ми се верува кога ли помина 1 година,супер си поминавме во едно и го крстивме, прославивме со најблиските од семејството одлично беше дечкото цело време плескаше со рачиња и кажуваше колку голем пораснал
Среќен роденден Мајки уште малку треба да тргнам на работа , па дајте ми совет дали да намалувам подој и како, со цицање заспиваме ? Само 1ва смена ќе бидам ама пак се плашам како ќе биде...
Кажи каде ќе најдеш Јас му давам вода од обична чашка, гледам сака да пие. Се мислев и јас каква да земам
Видов вчера во жива аптеките, 640 денари беше, не носев доволно да ја земам, ама после ќе ја купам обавезно.
За каква чашка, со клунче или magic cup? Најевтина со клунче ти е од mam, a некапечка исто има и од томи типи, 500 јас ја земав демек 6+, ама пресложена беше за бебе, сега не сум пробала да му дадам од нејзе. Парите ги лупнав за нејзе и не ми се даваат сеа за нук magic cup некапечката. А имаме клунче од нук 670 мислам ја земав, од нејзе пие сега