jas gi imam kupeno site vidovi na sisinja i casi od Dm i kaj mene nisto ne upali.Edvaj da ispie 20 do 30 ml voda de so lazicka de so casa za rakija i nekogas so magicnata nisto poveke.
Ова е на бејбилав, нема да најдеш исто никаде. Пробај со МАМ некапечко клунче прашај во аптека. Инаку јас не мислам дека е до чашите и шишињата, едноставно не сакаат вода да пијат..
Не се сеќирај, бебињата тешко прифаќаат вода. Јана почна да пие убаво некаде од кај 11 месеца. А Ема еве ја скоро 9 месеца една голтка не пие, и не се сеќирам, си цицнува кига е жедна, ќе се научи кога ќе сака
Имам прашање до сите Со маж ми дебатираме што се подразбира под поимот ,, лазење'' на македонски. Јас едно,тој друго смета. 1. Се влече на раце, мешето лежи на под, како змија да речеме. Без разлика рацете под рамена или напред. 2. Со исправени раце и на коленици оди напред Вие што мислите?
Со исправени раце и нозе, десна рака-лева нога е лазење. А ако се влече со рацете е влечење, и е почетна фаза на лазење. @Enci201
И јас се сложувам со ова Инаку денес од ортопед.... Количката на 45бтреба да е никако на 90 и покрја тоа што беба седи стабилно она сама да си се држи напред ако сака да седи ако не нек лежи И на под оставај ја легната ко ле стане сама да седне иначе не ја осравај ти седната. Затоа не лазела.... И затоа што сме ја оставале да седи се научила седечки да скока со газето нанапред
Бев сега во ДМ во Кисела Вода, ги имаат. Секое дете си е различно. Некои сакаат порано да пијат, некои не. Ние се одвикнуваме од чајот. И го направив поредок, не најде маана А ноќеска ќе понудам вода. До кога ќе трае незнам
И јас од чешма превриена. Сркнува вода мојов. Му давам од чашка за ракија и шлипка ко маче. И чај неколку лажички му дадов, отвараше уста. А за јадење потешко. Добро, кога пројадуваат? На 7месеца и недела дена уште е со еден оброк. Не јаде и не јаде. Немам ни волја да му спремам од што така стојат кашите. А да му давам сечкано сам да јаде, страв ми е, не е стабилен сѐ уште. Со тежина е во ред, се надевам. Околу 8 кила и нешто плус е можеби, а должина 70 цм. Стежнат е, наутро пелената е топ и цела валкана, а и тој до гуша. И преку ден кака повеќепати. Ама затоа цицањето на максимум му е. Ме исцеде, ко некое млечно вампирче . Уморна сум, сакам сон!
Мојов од старт јаде.. Не знам дали е до детето, ама јас кога почнав да му давам јадење и кога воведував оброци, стварно кратев подој. Не сум му давала никогаш да цица после јадење, ама реално секогаш и јадел задоволително. Мајмун мораш да глумиш зошто му се здосадува во столчето, ама ќе си изеде тоа што има. Ќе видиме натака како ќе биде, менуваат цело време. Вода купувам. Не можам со бигорот на тенџерето после вриење
Исто и јас со бигорот не можам. Кога ќе ја превријам водата мислам дека понечиста е отколку што била претходно. Од сам старт купувам од аптека вода, дека бевме на адаптирано па со неа млекото го правев и чајот и од истата пие.
Абе треба да почекаш да спласне бигорот некое време и доле се собира и има шанса да ти се истури во шишенцето.. Па тоа тенџерето оди измиј го, како лигаво после. Не знам, мислам дека само во Скопје е ваква страшна водата
Тоа сакав да кажам и заборавив, во Велес е чиста водата, барем сега за сега, и затоа давам превриена. А ви Скопје кога живеевме, беше полна со бигор, да сум таму би купувала. Водете се според местото на живеење