Moeto projavi na telesko meso ama ne bese silna alergiskata reakcija go sledev i za kratko iscezna crveniloto.Dokolky e poseriozno mislan deka treba da se javis na pedijatar a vo Makedonija citav ima i nekoi sirup.
Што е работава со честиве ноќни подои не ми е јасно, дали бебе е гладно? Првото спиење 3, а често и 4 часа, после тоа на секој час прета па морам да го залепам на града за да продолжи, стварно исцрпувачки и не знам до кога вака
Исто! Навика, се буди и не знае да презаспие ако не продолжи да цица. Заспивање со цицање. Не дека се гладни. А можно е и заби. Како зомби сум. Спие труп од 9 до 12, и потоа на секој саат се буди. И јас сум полудена.
Бебе ми е малку настинато. Сега спие, и гледам дека лицето му е ладно, вратот ладен, како влажен? Топло му е или ладно? Темп му е 35.7
Дадов, да не е поради тоа? Се исплашив искрено, сама по дома. Ако е вака и не се покачи ќе го носам на доктор.
Епа од тоа малце спуштил, ако немал температура. Покриј го, следи го, ќе се среди не се плаши. Само треба да се затопли. Сакав да кажам,ако немал тем. а си дала парацетамол, од тоа е.
Цела вечер 35 температура горе долу, никако до 36. Се препоти неколку пати. Најверојатно поради настинката. А и кецовите му излегуваат. Гледам утрово бели точки. Ама ептен се исплашив
Душички ма цицољубие е тоа што знаеме ние Да се надоврзам.... Не давајте друг пат парацетамол без покачена темп... Кај бебе до 37 со 5 се толерира. Организмот треба да реагира а не од мало да се учи на помош....
Мајки, што мислите да му го прекинам пробиотикот на синко на своја рака? Колку е реалната потреба? Читам доста мајки не им давале никогаш на децата пробиотици. За 10 дена прави 6 месеци, веќе почна со вкусови, доста често јаде една мала тегличка на ден и нема никакви проблеми со мешето. Да напоменам со царски сум, знам дека тие деца треба да примаат пробиотик ама докторката не ми ни најавува дека во скоро ќе прекинеме туку на секој преглед ми вика 'пробиотикот си останува, ќе си го пие и понатака'. Пишав во оваа тема зашто сте поискусни, за кратко се селиме овде
Штета од пробиотик не може да има, само бенефит. Се дава непрекинато барем првата година, корисен е за цревната флора, бебе се учи да јаде, храната да се вари, нови вкусови секојдневно... Потребен е за стомачето, мојата матична, а и педијатарот од Систина се со ист став. На големата непрекинато и’ давав до година ипол, потоа само по потреба (совет од педијатрите). Сега и на малава и’ давам и не планирам да го прекинам во скоро време. Мислам дека стварно е потребен, барем во првата година и има причина зошто сите препорачуваат да се дава
Женски, бевме на контрола кај физиотерапевт. Ни рече може да го ставаме во хранилка, ако не седи. Трипати по 20 мин е ок. Во количка под агол 45 кога ќе биде наоблечен и стегнат, а на 90 не. Околу 10 месеци да очекуваме да пролази и сам да седне. Друго,никако вежби за седење. Знаете тоа што ги влечат за раце, и од лежење ги уседнуваат. Тоа е тотално неприродно. Никој така не седнува,сите прво се вртиме настрана па се креваме. Кој вежбал јога добро знае за што зборувам. Ние не ни планиравме, ама една пријателка не' убедуваше дека така треба, да му се зацврсти грбот што ти знам...
@Enci201 @Sexybaby86 Фала ви, за тоа ми беше најмногу дали би имало штета на долгорочен план во смисла мрзливи црева и сл. Искрено, го немам ни прочитано составот на пробиотикот. Ќе го продолжам тогаш.
Биогаја давам јас, и на големата, и сега на бебка. Сум пробала и Линекс бејби и Ваја, ама не е тоа тоа. Биогаја најдобро ми се покажа мене, но не значи дека за секого е најдобар, нели Има голем избор по аптекиве, прашај си педијатар да ти препорача