Фала , досега не ни спомнал педијатар ништо. Од некои јадења има тврда столица се надевам тоа ќе му помогне. Имам еден дома Лактофлор кидс за бебиња и деца може од тој да давам?
Па штом е за бебиња и деца веројатно може, за сигурно педијатар нека ти потврди. Јас пиев Лактофлор (за возрасни) додека бев трудна со второто, убаво ми делуваше
Јас не му давам веќе пробиотик. Му давав ваја до кај 7 месеци. Столиците му варираа откако е роден вака: Како новороденче какаше секој ден, малку пред да почнам со дохрана преку еден ден. Кога почнав да му воведувам оброци беше најјакото, какаше еднаш во 3 4 дена со солзи и плачки со мачење. Сето ова време пиеше пробиотик. Околу 7 месеци му го прекинав. Не знам дали му се регулираше столицата кога воведовме веќе саглам јадење или има врска со пробиотикот, ама бебе сега кака секој ден обавезно, најчесто 2, а некогаш и 3 пати. Значи не сме имале проблем ние, само подобро било. Дали е случајност, не знам, може ама ете такво искуство имав.
Јас давав еден период и на своја рака прекинав и малата нема некој проблем со столица... Исто сум царски, беба е доена до 6 сега јаде и плус ја дојам... како и кај нас кога јаде работи кои стегаат столица има мал проблем да се искака ама само еднаш се има случено да прескокне ден со какање.... Јас не пијам пробиотик па сметам дека и неа не и треба штом нема проблем.... Не велам дека сите треба да се поистоветат со моето мислење но да си го кажам своето не претпочитам фармација сем кога е неопходна има природни работи кои на организмот му помагаат пред да се посегне по фсрмација..... Барем според мое скромно мислење
Колку вода давате на бебе од 7++? Јас давам после секој оброк по малку. Ама свекрва ми ми ја пукна главава дека му е малку и му дава вода кога јас не сум во близина и тоа страшно ме нервира.
@Jana06 јас му давав до 6 и пол месеци, а породена сум царски. Потоа педијатар ми кажа дека нема потреба понатака. Кога почнавме со оброци првите 2 недели имавме малку проблем со какање, ама сега веќе се регулира. Освен кога јаде банана, е тогаш има проблем со какање.
Иста ситуација и кај нас, главна преокупација на свекрвата е водичка, леле греота водичка си сака девојчето. И јас давам после оброк.
Јас му давам после оброк колку пие толку.. Некогаш може да го понудам и покасно ако сака пие ако не не и не го форсирам воопшто.
Свекрвата нека пие вода ако и се пие.... Не смее на бебе ништо што ти не си дозволила :/ а за банана на бебе само доста зрела до дамки... Од не зрела фака запек
Го гледа шишето да не му се пие вода дај му водичка на детето леле гревота е, не само свекрва ми туку и свекор ми, се научиле само ајде да гледа цртани детето ,му викам не чини цел ден да гледа тие нон стоп му го пушта.. Од среда тргнувам на работа и уште повеќе мисла ми е. Иначе и јас после секој оброк му давам вода..
Во кашичкава од хипп имало (сок од) портокал, а пишува 6+. Маж ми му ја дал. Ссга читам дека портокал се дава подоцна поради алергија. Сега што да правам? Или нема да е ништо
Мали количини се тоа, не би требало да е ништо. Алергиска реакција се јавува одма, или до 4 саати. Околу устата, на меше, на нозе, и така натаму. Мене малата ми беше алергична на цитрусни, и додека сфатам поминаа 3-4 месеца, а преку една ден ако не.и секој ден, и цедев сок од сабајле Алергија јавуваше на нозете, имаше брунчиња и ги чешаше. Јас нејзе почнав од 11месеца да и давам. После од кога сфатив, престанав 3- 4 месеца да и давам, па после почнав пак ама многу ретко.И не јавува више алергија.
Напротив,добро е да се капнува сок од портокал во сите кашички,така се врзува железото и се апсорбира во организмот.
Не сум уште за во темава и за некои две недели ќе се префрлам, но да прашам бидејќи во другата тема помали се бебињата. Ноќе ако се завртат на меше, ги оставате така да спијат? Малиов се врти и заспива, може цела ноќ така да ја преспие. Ортопед рече да го оставам ако сам се свртел, но се плашам и на штрек сум, раат не спијам 2-3 вечери.
Ќе пукнам од среќа! Цел ден мумла ма-ма. Ме гледа и мааа-ма! Знам дека е рано и нема значење за него, ама за мене е heart melting