Ти успева после да продолжи да спие? Ако го свртам на грб, се буди и пак на стомак се врти. И на страна ако го ставам, веднаш на стомак се става.
Не знам колку пати навечер со маж ми го вртиме. Најчесто не се буди, ама кога почнува да прета и да се врти лево десно низ кревет, кога ќе го свртам-се буди. Мене страв ми е искрено да го оставам да спие на стомак и еве 7 месеци спијам на штрек
Кај мене почна на 4 месеца и една недела во сон да се врти на меше. Првите неколку дена вртев, после се одкажав. Од тогаш си спие како сака.
Мојов не сакал никогаш да спие на стомак, последно време го легнав до мене, поинтересно му е да се ротира 360 степени на широко. Некогаш инцидентно кога ќе се заврти го проверувам да не гњури со главата доле и го оставам.
Еве сега го свртив, се бореше да се врати на меше, па ајде јас пак, тој упорно се враќа на стомак, јас пак назад и се расплака. Па го зедов да го успијам, чекав да заспие цврсто и го ставив во креветче, се сврте на страна. Почекав малку и на грб го досвртев. Леле По цел ден е на меше и ровари, не сака на грб ни кога не спие.
И јас не сакам тв а кога и да ја оставам на чување кај нив трешти тв...и нема поштовање на мајчино мислење.... Ама па малава си гледа малку некој минут и после се заигрува и не обрака пажња на твто
Остави го малото, како му е згодно така нека си спие, ако цврсто ја држи главата и ја подига нагоре не се плаши, исто еден период околу 4ти месец само на стомак спиеше моето, сега па само на грб, џабе и ти се мачиш и малото го мачиш чим ти рекол и ортопед
jas nikogas ne go vrtam spie kako sto saka nekogas na strana nekogas na grb nekogas na stomak ama.go ostavam.kako sto e
@0ли Да ти покажам само како спие бебе мое Ако ја држи цврсто главата, не го мачи. Набљудувај го еднаш, сигурно ќе се заврти сам по некое време, спијат како им е yдобно.
Какво е на последнава слика Ја држи цврсто главата одамна, по цел ден е на меше како кобра исправен со цело тело и со прави раце, дојден е до фазата да е со свиткани колена со газето нагоре и се врти во круг, се влече наназад. Еве ноќеска се разбуди за цицање, заспа и на грб го легнав, после некое време беше на страна, па си се свртел на меше. Ништо живо не сака на грб.
Девојки на која воздраст вашите бебиња почнаја да седат сами без подршка? Моето бебе е 9 месеци и сеуште му е потребна подршка. Ужасно сум загрижена...
Девојки на која воздраст вашите бебиња почнаја да седат сами без подршка? Моето бебе е 9 месеци и сеуште му е потребна подршка. Ужасно сум загрижена...
Моето на 8 и една недела така нешто. После за брзо пролазе и почна да се исправува, сѐ наеднаш. И јас бев загрижена, читав дека до 9 ако не седне, треба на ортопед да се оди. Додуша ние на 8 имавме закажано, така ни рече самиот ортопед уште на првиот преглед, следен преглед кога ќе треба да седне.
Мојата 6 месеци полни и некој ден можеби почна да седи со поддршка. Сега е 7 полни и седи сама без да ја држам. Нормално не е 100 % цврста, знае да се навали на десно, лево или напред ако сака нешто да дофати. Сепак мислам да го прегледа ортопед најдобро би било, ма да не верувам дека е нешто, секое дете е различно и не во идто време можат да прават исти работи. Без брига
Нашиот ортопед ми рече да не се секирам ако не седи. Рече може од лазење/тркалање директно да се исправи и да прооди, не мора да седне. Така да, може нема ништо загрижувачко.
Дали само се исправа за седнување или ти го седнуваш и држиш? Иначе самостојното седење е различно од дете до дете, битно е да му се овозможи само да се исправа од лежечка во седечка положба, затоа и се остава на земја. Самото ќе научи како да се движи, притоа и ќе паѓа, но и ќе учи од тоа паѓање, и тој процес кај сите бебиња оди различно, кај некои оди побрзо, кај други побавно. Ако постојано го придржуваме и му помагаме на бебето, не му правиме услуга, напротив.
Зависи што подразбираш под самостојно седење. Или седнување. Не се исто по мене. Моево седеше самостојно без потпора на 8 месеци, ама јас ако го наместам во седната положба. Беше доволно цврст сам да седи, без да се клати и да се превртува. А сам да седне од лежечка положба, на 9 почна. И едит: седнува така што се врти на стомак и го крева гзот, па рацете ги исправа и така. Дека ќе стане како нас директно од лежечка, тешка работа.