Медењак Инаку јас негде на 2 или 3 м на дневните дремки ја оставав до мене да спие на меше.... Секако тогаш под надзор.... Сега со 9+ спие секако... Обично е на грб или на страна ама и се дешава и на меше да е тогаш најубаво спие Ние се шетаме 360 низ креветот
@mime87 мислам дека нема потреба од паника. Бев пред некој ден кај физиотерапевт,ми рече ништо на сила со седењето, нема потреба "да се учи да седи" тоа само ќе си седне од позиција лазење. Во никој случај да се влече за раце и да се тера да седи. Ако лази, се врти на меше и грб, ако си ги фаќа ножињата и си игра со нив под контрола на очите, ако е симетричен - немаш гајле. Мене докторката ми рече околу 10 месец да очекуваме да лази и да седне. Обично од 8-10 лазат. Секако има исклучоци.
Да, мојот е пример за тоа, засега. Почна да лази на 6 месеци, па откако го повежба лазењето, почна да се исправа на колена. Првата недела- две паѓаше, сега е доста поцврст и стои исправено без да се држи за нешто. А исто почна и да се исправа на стапала. Кога потседнува, се навалува на страна и пак се врти на стомак за да лази и да се пентери. За седење не е нешто заинтересиран. Какво седење, action, babe!
Гледам многу од генерацијава веќе почнале со прашања тука па да се надоврзам и јас..Да не останам покусо Бебка кога се влечи по земја велам влечи оти мал е за лазење уште (уште 8 дена 6 месеци ) главата ја нурнува долу и се крева на лакти а со нозете се турка..Е мене ми е ова оти не гледа напред туку ја наведнува в земја
Мојов прав војник, многу ми е смешен и чуден. Го крева газот, ги мести нозете и рацете за лазење и оди наназад, а му ги ставам влажните марамици пред него (ги обожава) и легнува скроз доле и со рацете се влече напред. Така е скроз силен и може многу брзо да помине 1 метар. И не разбирам кога има толку сила во рацете зошто не може да почне со лазење напред? Најблиску до лазење му е џиткањето напред и го треска носот или челото Па си викам ајде нека го уште малку, ќе почне со лазење, па нема да можам кафе на раат да испијам.
Мојов нанапред оди и баш ко шо велиш многу бре сила и многу брзо поминува 1м. Исто газето го крева и со стапалото се турка напред ама рацете свиткани и со лактите се потпира.. Јас мислам дури не ја крено главата од земја нема да се исправи за лазење Интересен е..гледа напред како кобра потпрен на лакти и ако сака да појди до играчката(далечински управувач моментално ни е на Топ листа ) ја наведнува главата се турка и пак се исправа да види дали е стигнат па ако не е пак истото
Те разбрав сега хахаха се изнасмеав. Така има повеќе сила, исто правеше и мојот ама ова влечењето изгледа полесно му е, па не се ни труди да го крене газот.
@babyboy1 и @Jana06 извинете што ќе упаднам во темава Какви навлаки имате доле на под? До сега синко лежи на тие подлогите со играчки што се, ама таа нема да му биде згодна за лазење.
Јас ја тргнав малата маса од дневна, му ставив негово чаршафче на тепихот и цел простор е негов. Искача од чаршафот нормално, граба се што ќе дофати од комодата, лиже теписи и паркет ама тоа е, чистам почесто и си викам нека билда имунитет
Од кога ќе почне на секаде да лази не ти треба подлога Ќе ровари на секаде, доволно е правосмукалка и џоѓер
Мајки преска на 20 мин го оставив син ми со другарки значи во нашата куќа, и додека си играл осетил дека ме нема и цело време плачел, се додека не дојдов јас. Кога ме виде одма се смири, абе липање, жално.. Среќа во несреќа е што фирмата ми пропадна и нема кај да се вратам на работа. 7ипол месеци е значи ептен е приврзан за мене, цело време е само со мене. Кажете чаре што да правам, сакам од Јануари/Февруари во градинка да го пуштам, а јас да барам работа. Ептен сум загрижена, тоа рикање е не плачење. Да не биде после од градинка да ми ѕвонат да си го земам детето, или па на лош начин да постапат за да се смири Едит: нема кој да го чува дома.
И моето има 8ипол месеци почнува сега да седи по некоја секунда, истата грижа ја имам но кај мене знам и зошто прематурче сме и мора повеќе време и трпение. Посети ортопед.
samo da ve pozdrav nie vo faza vadenje zabi, stoenje sam i drzenje na mojata noga eventalno bluza i vlecenje skok li e neli e veke se naviknav 3 kafinja me drmat na najako.A za sedenje moeto do 8 ipol aber nemase se se sluci mi se cini preku nok sega site gimnaatiki gi pravi i vo faza na stoenje i odenje e rabotata.
Ќе има плачки, не дека не Ама затоа ќе биде првата недела по 2 саати,па после по 4, и на крај по 8. Воспитувачките ќе го следат, и ќе се ориентираат према него. Ако видат дека е добар, ќе ги продолжаат саатите, ако не ќе го држат по малце се додека не се адаптира.
Мами ај малце совет. Син ми (10+) секоја вечер се мачи со затнато носе. Во постапка сме за купување навлажнувач на воздух, зошто мислам дека е од сувиот воздух, откако почнавме да грееме дома. Секое сабајле чистам со пумпица и раствор за носе, не му тече носот, сув секрет отстранувам. Си јаде, весел е, нема температура, знае чат пат да се закашла ама тоа е од плунка и што пика раце во уста, забчиња вади. Свекрвата ми кажа да сум го мачкала со викс превентивно да не му се спушти секретот на плуча, ама нели е малце лут виксот? Мачкате ли нешто вие превентивно, или само кога не дај боже се болнички?
Само кога се настинати. Спиеме во ладна соба, а за во дневна користиме навлажнувач, од таа причина,се суши носето.
Каснам јас малку со одговоров И јас немам маса во дневна ја тргнав и врз тепих имам кебе послано и играчки на сите страни расфрлани некогаш знај и на пархет да излези,или на тепих ама нема гајле нека јача имунитет..до пред месец два и по 100 пати го враќав на кебето или мијав играчки сега не..нема потреба од толку чување во стаклено звоно