Уште малце 30 год, ќе правам, се уште ја имам таа навика. Си ја вртам косата константно Многу пати ми се заглавува меѓу прстите, па морам со ножица да ја сецнам Ништо не е, така се смируваат
Леле мојава да знаеш какви чворови си прави, ми иде да се убијам кога морам да и сецнам цел прамен А една коса што има густа, долга, со локни, Могли ја викаме дома Срце ме боли што така и’ се плетка, ама тоа е. Купив сега спрејче на Балеа, за деца, за расчешлување, и со него забележувам подобрување во плеткањето. Прскам после бањање на мокра коса и пак и’ се плетка, ама барем се отплеткува со чешлање, не се прават чворови. Пробај го спрејчево, иако не си дете
Ама се скубе и плаче Забите се, еве го гледам кецот горе. Ќе ми фали таа празнина меѓу забите Двојки има, кецови не.
Хахаааа, ама мене ми се мота оти ја правам 8-ци со прстот Не ми се мота сама од себе, него еднаш ја мотам, па уште еднаш..па уште еднаш И така 20 пати, и на крај не можам од прстот да си ја извадам оти ко ортома е врзана И ајт..ножицата Па после тоа од прстот дури го извадам ехеее
Јас сакав да и ја скратам косата,нас газе и е,ама ќе нема што да мота,кој ќе го слуша тоа вриштење,нека мота до кога сака.
И мојава е за шишање, долга и’ е, ама сега не ја шишам, на пролет здравје. Кратка долга они секако ќе мотаат
Јас и не и се мислам.... Едно време кубеше уши и коса туку едно време почна да врти со главата како пропелер лево десно додека да заспие сега е на ммкање и така заспива
i moeto imase fazs so glavata jas duri barav da citam zosto e taka ama sega toa pomina sega e faza na vlecenje na mojata bluza.Do 18 godini uste sto li le ke e .
Скроз исто и мојава. Едно време ја вртеше главата лево десно, така се успиваше, баш и тука пишував. Сега ммка на цел глас додека заспива, смешна ми е многу
А бе како по индиго лелееее Мојот како Рак91 се тегнеше по коса ама тоа како помало, околу 4ти месец мислам, сега како Санела шо вика, ме тегне за блуза понекогаш дури цица ама не како за спиење туку онака да претка само. Па сега како Сексибејби почна да прави мммм дури заспива, како јачкање што велат. Мајка ми одма истрага на гугл што значело јачкање Ами така му доаѓа, ништо не значи. Инаку прееска ми текна едно прашање за тука, лево-десно и заборавив. Сега како мисирка некоја думам думам што сакав да прашам, никако не ми текнува. Аууу
Мајки која количина чајче и вода во текот на денот им давате на бебињата кои се почнати со дохрана? Синчето има скоро 5 и пол месеци, почнавме со кашички, не сака да јаде баш околу 30-40гр, но затоа чајче или вода многу сака да пие ама ми е страв да не претераме. Исто така дали пред да дадете телешко месо сте давале само од водата во која се варело телешкото заедно со морковче, компирче.
Нуди вода,немаш потреба од чај. Чајот може да го засити и да не сака да јаде цврста храна. Нуди колку сака,од прилика 50мл, ама не верувам дека ќе испие повеќе од 10мл на почетокот Јас борба водев до 9м едвај пропи вода. За среќа цицаше па помали ми беа нервозите. За месото да, три дена по ред давав од водата во која се варело телешкото со некој зеленчук, после исто и со пилешкото. Постепено зголемувај количина на храна.
Мами ќе одам да шетам со буци ама количката ми остана кај мајка ми. Имам вакво од внуците во наследство ама не знам да не е мал уште. Денес 10 и пол месеци. Да го прошетам со ова или мал е?
А како се заспивате, сама ли заспива? Ние сме 9м и уште со нишкање заспиваме веќе ни грб ни кичма осеќам. А иначе да тоа со вртење на главата е период
Ми текна на прашањето! Фонтанелите околу кој месец се затвораат? Дали и кога им се затворија на вашите пиљчиња? И друго. Матичната на син ми му препиша капки за железо и со нив препорача и витамин Ц да му давам. 7 и пол месеци е, нели витамин Ц, цитрусни работи се даваат по 1 година. Исправно е да му давам сега?.
Можеш вит Ц да даваш слободно, капки се тоа, не е свеж цитрус. Ти ги дала зошто железото за да се врзе во организмот потребно е вит Ц. Давај слободно, ништо нема да му биде. За фонтанелите, мислам околу годинка некаде, не сум сигурна. Не памтам кај големава кога се затворија, а со малава не сме биле на ортопед заради ситуацијава, тек декември ќе одиме