Значи не сум само јас што како пиле ми е 3 секунди меморијата станата.... Затоа имам сто тадкови на тел со запишани работи
Кога е многу уморна заспива со цицање, а кога не е после цицањето се врти низ кревет си збори па ке си седне и така едно пола саат па ке почне да хмка и нешто да си пее и полека полека се стишува пеејки и заспива
Фонтанелите треба да се затворат од 1 година до 2 најдоцна но кај секое дете е различно А и јас сакам да се надоврзам за крвната слика малата ми е сп Хемоглобин 105 а од 115 е нормално (јас цел живот сум со таков) и докторката одма земете некое сирупче за да се покачи о плус вит Ц.... Јас не сум земала уште незз не ми се дава, секој ден о давам јадење што покачува хемпглобин па не ми се дава за оваа крвна слика одма сирупи.... Еве вие што би ми рекле???
Можеби по грешка мене си ме цитирала наместо @elenaklasik ама нема врска, ќе ти пишам Не сум стручно лице, ама хгб според мене не е страшен, јас би пробала прво со храна. Знаеш веќе што, цвекло, спанаќ, просо (особено е богато со железо)... Ако и тебе ти е понизок хгб, многу е веројатно и кај бебето да е така.
Незз фали уште од пред 2 3 месеци со тебе го водев муабетов... Ми спомна за просото и давам преку 2 ден во доручек просо еднаш до 2 пати неделно блитва телешко или пилешко преку ден деновите без месо јаде по цела жолчка во еден од оброцитр и цвекло и давам два пати неделно.... Незз што друго е бустер за хгб Си викам ке продолжам вака уште месец дена па пак крвна слика да видам па ако не се подпбрува евентуално тогаш сирупи...
Ако добро паметам, онаа позади над тилот до 2 3 месеци, а горната кај теме до 1, 1 и пол година. Кои капки за железо? Со сидерал не треба вит Ц, само со малтофер. За трети не знам.
А што ако се затвори порано таа над челото? Кај мојов како порамна му е главата сега, ја нема таа вдлабнатина. Можно е да се затворила? Има нешто опасност порано ако се затвори? Зашто читав дека можно е и на 6 месеци да се затворат. Ниту педијатарот го виде никој ич
Здраво мајки. Се надевам добро сте вие и бебли. Ние турбулентно, како вообичаено. Таман малку се подсредивме со спиењето, горните кецови му пробија на бебе па си поремети ред. Не можам пред 10 да го заспијам. Независно кога му била последна дремка, борби водиме секоја вечер. Се тепа со мене, се тегне, ме кубе и не спие за жива глава. Сака да лази и да прави глупости. Еве пробувам да го заспијам на цице, задремува и одеднаш почнува да збори да ме гризе и слично. Скапана сум, многу напорно ова касно заспивање. Некое чаре предлог? Бебево ми менува pattern на спиење секоја недела, секако сѐ прави освен да преспие цела ноќ, тоа не доаѓа никако во предвид. Крај не можам да му фатам. Еве од прееска од кога го пишувам постов се кара со цицето. И таман да испратам одговор, ме прегриза. Одам ајде поздрав
Тоа со допир се проверува, дали е мека и колку сантими е отворена. На синко и ортопед и педијатар му ја проверуваат.
На моето бебе му е скоро затворено, ама Антоние оротпедот рече дека не е страшно зошто на допир може рано да се затвори, на ехо ако се види не е затворено. Битно е да расте главата.
И на бебе му е 104 и одма анемија пишаа. Да пробаме прво со исхрана, ако не со капки/сируп. Му давам и јас витамин ц дека беше настинат. И ја сум цел живот со послабо железо и крвна слика, па можно е ради тоа. Ама го приметувам малку блед е и ушите му се побели.
Дечки, дали начинот на спиење со будење една вечер пет пати до полноќ, па после 3-4 часа продолжено спиење, па друга вечер на секои два часа будење, секоја вечер кога како различно слична, заспиваше во раце за 5 минути, сега по пола час тресење, врати го на кревет, плачи рикај пак земи го, тежок е - грбот ме тегни...дали се променува ваквата ситуација подоцна во месеците? Тоа се знаци за регресија така? Мислам дека ја има. Сега му е тешко да заспие во раце, а не сака ниту легнат. Заб ниту еден нема. Се чеша на непцињата, ама ич не се лигави, а бе ни плунка ич. Можно е до толку забите да се причина за промена во спиење? Дури дневните дремки, а бе до пред некој ден по два часа си спиеше на дремка, а сега викендов катастрофа, по еден час и не е наспан и плачковски е после. Шо да се прајт? Дали поминува регресијата и колку-толку да се врати на старо?
@crazylady јас го зедов на little siberica кремот за ветер ама уште го немам почнато да го користам... Некој спомна дека го немаат на залиха сега.
Регресијата е. Уствари не можеш да знаеш што е, ама со првите заби апла ништо не приметив. Сега за горните, по 2 вечери се будеше нон стоп и му пробиваа. Во оваа фаза (10 месеци) , мислам дека најјаката регресија во спиење помина, но имаме сега фаза на спознавање на светот малку повеќе, во стил јас сум бебе ѕвезда сега. Вчера бевме на гости малиов тропа со рацете игра, гледа дека сите во него сме озарени па се смее скока од радост. Вечерта уште скокаше и заспан. Плус лази се пентери станува пробува да оди и верувам дека сѐ преживува навечер. Возбудлив период следи. Така да, додека не прооди асално мислам дека со спиењево ќе биде ни ваму ни таму. Регресија, заби, скок, преживување на денот, како сакаш наречи го, нема спиење
Баш така @Cherry333, потполно се согласувам. Од 4ти месец наваму (сега ќе прави кога почнаа забите да го мачат, око немам склопено. Горните кецови го мачат веќе 1 месец, вчера конечно изби едниот. Навечер е страшно, спие од 9 до 12, потоа само се вртка, само се скубе, се буди на секој 2 саати, бара утеха да цица. Јас сум како зомби. Дневните дремки ги намали од 4, на 2-3 и тоа едвај по 1 час. Цело време е на нозе, во дубак, ако не е во дубак, тогаш е закачен за тв комода или за тросед. Се качува, се симнува. Кога лази се пика сегде, отвора фиоки, врати. Страшно е колку е активен. Па мисли што за ручек, што за доручек, што за вечера.... х а о с!
Мајки, јас немам повеќе сила.. Нина се буди со вриштење, само да речам шшшш и заспива ама после саат/2 пак со плачење и не можеме да ја смириме. Едно запче излезе, другото уште не е, можеби е до тоа. За првпто немавме вакви проблеми. Да, уште немаме еден цел оброл, страва значит. Во 6 е станата со пеесни и ора шо викаме хаха се буди, седнува, пее и со рацете горе и се клати.. 10 кафиња на ден ми се малу, а имам толку многу работа. Маж ми не знае кај тера на работа, подобро вели да не легнувам. Кога цица обавезно мора на другава брадавиза да ме тегне и штипе иначе госпоѓицата нејќе да цица. До пред некој ден си играше со саати сама долу, сега ме тегне за трењерки, ме гушка за нога и не ме остава вода да се напијам. Едино спиењето денски ни е мноогу подобро, секое сабајле излегуваме, она спие 2 саати, а јас пијам кафе. Многу почна да ја фаќа хистерија ако не и дадам тоа што сака, јас сум поголем инает од неа, па се научив да не падвам на нејзиното пиштење за безвеза. Немам време да ве читам, се надевам се добро сите И ве молам за совет, како да и тргнам подој, за да почне да јаде..? Пошо познато е тоа дека не е голем јадач и знае по 5-6 дена да е само на цицање, не можам да ја остаам без ништо затоа што прета со главчето лево-десно и пишто кога ќе виде храна