Форумџика на годината

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    Калиас, интересно е шо збеснува повеќе за викенд, кога сме двајцата тука. А кога сум сама дома, дури е маж ми на работа, како да ме поштедува и полесно заспива. Еве денес така е. :)

    Твојата како е?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    Легофер.
    А кои капки витамин Ц да му ги земам?
    Сите се над година...
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    18.988
    Пол:
    Женски
    Не знам, синко сидерал пиеше пред година а за нив не треба вит ц.
    Сидерал биле поразлични затоа што стимулирале создавање црвени крвни клетки преку цен дроб (се надевам не треснав глупост), а останати препарати мора со вит ц за да се врзат.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Babyiscomming

    Babyiscomming Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Мајки вчера бебушка ми беше супер цел ден, вечерта заспа и крена температура наеднаш до 38.6 дадов парецетамол во 1 се смири во 6 пак крена пак и дадов и еве ја сега пак, во меѓувреме ја однесов на лекар нема ништо на плуќа, грлцето е океј, земавме крвна слика со ЦРП резултати во 16h. Можам ли некако да и помогнам со народни лекови како оцет, компир? Инаку е 6 месеци и една недела, забчиња мислам дека не се бидејќи нема оток и црвенило. Многу ми е жал цело време спие ☹
     
    На LUCI 99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    4.042
    Аууу да, јас и она сами двете дома ни е милина, тишина, супер е и спие многу повеќе отколку кога се дома и брат и и татко и....
    Ќе мењаат, така раснат, а и ние старееме така со нив....здрави и живи да се па другото не е битно.
     
    На elenaklasik, Enci201, Butterfly1107 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Мајки, дали е нормално тоа што детето изело околу 7-8 сабајле во 13-14 да го искака?
    И што може да биде да е висока пх вредноста на мокрача... плус се сеќавам правевме анализа на каките кога беше на доење и таму излезе пх повисоко. Значи организмот му е замислен.
    Јас цело време се сомневам на интолеранција на лактоза ама немам како да проверам овде. Во мкд преку крв испитуваат.
     
  7. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    А кога и е време за цицање, тогаш да пробаш да и дадеш?
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.371
    Допаѓања:
    26.719
    Пол:
    Женски
    Од старт сме на захтев и немаме некое време. Ама еве на пример кога ќе стане од спиење не и давам да цица, саат/2 седи така и и нудам да јаде, вришти на храна, пробав и во раче мхм се става во уста само не храната. Докторкава нешто вели не е проблем као кој човек остарел, а да не јаде, као ќе си зајаде ама ми оди на нерви, оти се трудам и на крај пак цице.
     
  9. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Доктор ми кажа овие за малиот, дека беше болен.
     

    Прикачени фајлови:

  10. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    Тоа го купивме. Фала :)
     
    На RAK91 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. rainbowmama

    rainbowmama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2019
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    2.197
    Пол:
    Женски
    Женски, излегувам од туш, земам бебе во спална, гледам на вратот и горниот дел од градите цел исфрлен! Мали точкички. Татко му му дал портокал... Претходно има само мандарина пробано. Дали е можно да е алергиска реакција? Вака не изгледа како да го мачи или чеша. Саат време пред да се случи ова беше надвор со баба го носела на лизгалки во парк. Да не го полазело нешто? Ама не личи на такво...
    IMG_20201103_232718.jpg
     
  12. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Мамички, еве и јас да ви се придружам во оваа тема. На 2ри наполнивме 6 месеци и си се чудам кога летна времето. До вчера до мене лежеше едно малечко бубаче што знаеше само да цица и спие, а сега имам едно душале што е активно ,сака да се превртува, се' да допри, да се смее и задева:))) :inlove::inlove::inlove:
     
    На babyboy1, RAK91, Cherry333 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    12.398
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 , здраво :)
    Ти го прочитав мислењето за давање железо на брат ти на 3 месеци, од кое подоцна му се изрониле запчињата.
    Сакам да знам колкава доза му даваше мајка ти, ако знаеш, и колку време?
    На 98 вредност на хемоглобин, матичната препиша препарат Легофер. Вчера додека му дававме ми светна дека некаде го имав прочитано твоето мислење. Бидејќи google е smart, а и јас :D, одма го најдов.
    Ние почнавме да му даваме од сирупот, храна не сака, зашто со непцињата има мака. Има скоро 8 месеци.


    И друго за забите. Од кога ќе почнат да се наѕираат низ непцињата, а уште не се ни малку пробиени, за колку време пробиваат?
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не знам во која тема да пишам, овде сте поискусни. Малиот денеска прави 6 месеци. Кога се роди му правеа ото скрин и беше неуспешен на двете ушиња. Докторката не прати во државна во аудиолошки да провериме каде е проблемот. Детето вака си слуша, се врти кога викаме по него, се буди кога ќе тропнеме. Денеска бевме во државна конечно, беше немирен и не можеа да му направат ото скрин, па требаше да му направат Bera испитување ама мора да спие. Го заспав ама само што го допреа се разбуди. Треба пак да го носам во вторник заспан ама проблемот е што веќе е поголем и се буди многу лесно. Ве молам за совет како поцврсто да заспие, дали ако му дадам ад ќе спие поубаво зашто сум ве читала со ад спиеле подолго? Ако се буди ќе мора да оди под анестезија и сакам да го избегнам тоа. Ако имате и некое искуство со вакви испитувања ве молам споделете зашто премногу сум загрижена.
     
  15. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    5.456
    Пол:
    Женски
    Ја прашав рече не се сеќава, биле капки и ги давала од 3 месеци ама не знае колку време. Брат ми сега има 22 години :)Инаку да не се сеќираш, од тогаш зборев со многу мајки и многу од нив давале сируп и децата здрави прави. Тоа што му се случи на брат ми е изолиран случај. Такви му биле предиспозициите.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.160
    Допаѓања:
    8.183
    Пол:
    Женски
    Ако се гледаат скроз, за неколку дена ќе пробијат. Јас на моево едни коцкички бели доле му ги гледав 4 месеци, мислев забите се а не пробиле, испадна не ни биле забите тоа, понапред му излегоа долните кецови. Кога веќе ќе му излезе првото запче, после ќе знаеш да процениш. И непцето се гледа одозгора или одоздола, не вака право, еве и 2 му се бели подуени непцата ама не дава да видам до кај му се со излегување забите.

    Пс мајки породени во државна, им правеле ли на вашите бебиња прегледот @Jana06 што го спомнува? Нас никој не ни спомнал нешто такво..
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    18.988
    Пол:
    Женски
    Каков е тој скрининг и зошто се прави?
    Инаку доено бебе на 6 месеци тешко да прифати ад како гром од ведро небо. Синко не сакаше ни уста да отвори, иако јас од сосема други причини пробав да дадам.
    Сум читала по темите дека некои мајки давале Б6 за поубаво да им спијат бебињата. Ова е лудо да се применува постојано, ама за ваква ситуација мислам дека е подобро од анестезија.
    Нека каже @Alishan30 дали е во ред и како да постапиш, јас навистина не можам да гарантирам.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Ото скринот праќа бран до ушното тапанче и тој бран треба да се одбие и врати назад. Тогаш е успешен. Доколку не е успешен како кај моето се проверува слухот со Bera испитување, се гледа реакција на мозокот на звучен стимул. Ако погрешив некаде во објаснувањето некој постручен нека ме исправи. Не сака и моето шише, си викам да пробам зашто стварно не сум паметна што да направам, солзи сами течат. Не сакам да оди под анестезија, а не верувам дека ќе спие толку цврсто. Треба да го лепат по главата и слушалки да му стават, не ми се верува со толку чепкање да не се разбуди.
     
    На mal.ecka, Ms allways right и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    18.988
    Пол:
    Женски
    Појасно ми е. Фала.
    А зошто се прави, кои се индикации?
    Педијатарот што ти вика? :hug:
     
  20. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Во Ремедика е рутински после секој пораѓај. Стварно не ми е јасно, го проверувам нонстоп му тропам, му зборам и ми реагира. Си викам може некои пониски тонови не ги слуша. Педијатарот до 3-4 месец ме тешеше дека може да се остатоци од плодова вода и да ги затнале каналите. Па после дека му се тесни каналите и сега ми викаат не можеме ништо повеќе, немаме такви апарати морате во државна. Додека да се вратат од одмори, да отворат термини заради короната детето направи 6 месеци. Ми рекоа во 3 ноќеска да го разбудам и да го заспијам во 8h сабајле и така заспиен да го однесам. Па ќе видиме.
     
    На mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.