Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Б6 не сум давала кај дете под годинка, и б суплементи доколку најдете во вид на сируп може да пробате.
    Доколку го доиш ти напиј се па преку млекото кај него да оди.
    Ако не, консултирај се со нив како е најпогодно.
    Дали доколку го држите буден цела вечер и да го анимирате, за време на снимањето би бил заспан.
    Вака знам им советуваат да прават.
     
    На mal.ecka, MilaSs12 и Jana06 им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    По совет од педијатар и’ давав на големата по пола таблета Б6 издробена во млеко во периодот кога првпат почна да оди во градинка лани. Се изремети детево, трауми имаше од градинката и врескаше во сон, па затоа. Инаку имаше година ипол тогаш. За волја на вистината, вистина брзо заспиваше и мирно спиеше. За порана возраст најдобро со педијатар консултирај се дали смееш Б6 да дадеш.
    Исто има едни капки Меламил (на Хумана) за полесно спиење кај бебиња и деца, прашај и за нив.
    Со лесно да поминете :hug:
     
    На mal.ecka, MilaSs12 и Jana06 им се допаѓа ова.
  3. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    @Jana06 а зошто не го носиш пак во ремедика да го проверат без да го заспиеш?
    Јас ти кажав дека и кај нас беше неуспешен од иста причина која ти ја кажале. Ама на 2 и пол месеци пак правевме и тогаш помина уредно.
     
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Од Ремедика ме праќаат во државна зашто нивното апаратче не било за бебиња над 3 месеци. Кај моево до 3 месеци беше неуспешен. Кога немаше термини во државна им реков да ме пратат било каде, дека не ми е битен ни град, ни цена ама ми рекоа таква апаратура имало само во државна. Жити апаратурата, јас мислев којзнае што е, тоа 3 кабли и слушалки.
     
    На Sexybaby86, RAK91 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.910
    Допаѓања:
    18.797
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека има ваква проверка.
    До сега го гледале двајца педијатри, и ортопед (му тропаше да види како реагира на слух) и никој не спомнал вакво нешто.
    Секако и јас тропав како луда, и тивко и погласно, реагираше.
    Без врска е вака кога ке прочиташ, а тек тебе како мајка со конкретен 'проблем' не знам како ти е. :hug:
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Сигурно и во државните прават некаква проверка. Нема шанса само во приватните да ги проверуваат. Јас пример знам дека му е правено зошто го имаше во пакетот во цената и го пишуваше во картончето. Ама тоа дека плаќаш и мора да ти дадат отчет. На државно ваљда само ако има проблем ќе спомнат. Не ми се верува да не ги проверуваат.
    П.с. мали сме ние уште, се упикувам тука ко џокер у покер:D
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.910
    Допаѓања:
    18.797
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби.
    Кога земаа крв од пета за тироидна, кажаа дека му земале и ке ми вртат ако има нешто.
    Можеби ова дека веднаш ги знаат резултатите и не кажуваат ако се е во ред.
     
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Слух е, не е мала работа. Како ми е? Не знам ни сама, ептен ми е тапа денот. Го симнав надвор синко кај татко му, јас се качив по извештајот. Почнав да си плачам уште кај докторката пригушено, па на шалтер и со трчање искочив надвор и тука пукнав. Ме тешат сите дека се е во ред, маж ми цел ден го тестира да ми докаже дека си слуша ама мајка, кај можам мирна да седам. Само нека дојде вторник да видам дека се е во ред и да си дојдам при себе.
     
    На MinnieM, Alishan30, elenaklasik и 7 други им се допаѓа ова.
  9. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Ни кај ушни лекари приватно го нема тој апарат? Баш чудно нешто да има само на државна :)
    Јас му имам дадено половинка од Б6 ама кај бебе не делуваше за спиење.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    И мене ми беше многу чудно. Баш денеска отворив на интернет да видам што е Бера тест и само видеа од Индија ми искачаат (facepalm) А видов софтверот е амерички и прастар. Ако не дај боже резултатите се лоши, палиме колата за Грција, не знам друго што да правам.
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ај јави се во Систина прашај. Знам дека прават аудио скрининг на новороденчиња, на отпусното писмо после пораѓај и за двете деца ми стои дека е успешно поминат, плус педијатар и ортопед поминуваат во соба да информираат дека е направен тестот (и за двете ќерки кажувам, исто беше и во двата случаи).
    Би требало да го прават и за поголеми бебиња, прашај телефонски.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Сега видов на страната, имаат орл амбуланта и ото скрин. Денеска во државна имавме обиди за ото скрин ама не седи мирен, го влече кабелот, се врти. Ќе се јавам утре од сабајле да видам што ќе препорачаат.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Не го влечи по државни со ситуацијава. Ако имаш можност финансиски носи го во Систина.
     
    На Jana06 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, како сте?

    Кај мене малава на велико се исправа, само тоа и е желба цело време. Оди шета насекаде низ стан, само чепка, се исправа, полека веќе е постабилна, па и госпоѓата се дофаќа до друго место, и се движи (facepalm) Ако и речам да не фаќа нешто, се врти и се лути :^) Ако е на земја, глас не можеш да и чуеш, да ја пуштиш да шета и мамара е, ама со спиењево ете детево душа ми вади. Не знам веќе, не можам да издржам некогаш, живци ме фаќаат. Најадена, напиена, и пак досаѓа. Со сестра и си тегнат играчки, ако види големава нешто да си игра одма и се пушта и зима од раце. Ги оставам да се тегнат, ретко ги карам, за да не дојде ред големава да не ја сака. Затоа што мене така ми правеле, и на внуците горе, се му викаа на големиот : "Остави ја помала е", " Не и зимај", "Не ја тегни". И така натаму, и детево веќе не си ја сака сестра му, а она па знае да глуми и нејзе ја бранат цело време. И затоа јас дома си ќутам, сами нека си ги решат проблемите. :D

    Инаку, да ви кажам, свекрва ми си ја исправи грешката, Сопругот и рекол, зошто земала за Јана шишенце, а за Ема не. И другиот ден, ми даде 1000 ден, рече и за фотеља што купила,и за друго нешто да дојде на рамното. И се расплака изгледа, се скри во вц, ама ништо не и реков. И така :D
     
    На *malenavolena*87, lavinija28, 0ли и 7 други им се допаѓа ова.
  15. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Кое време давате вечера? 3 часа пред спиење или?
    Јас мислам доцна му давам 7:30-8. Цица. Па спие.
    Мислам дека му е тешко на стомачето затоа и се буди.
     
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.437
    Допаѓања:
    18.685
    Најкасно 2 часа пред спиење треба.
    Кај мене се случило и 1 час пред спиење да вечера па не сме имале некој проблем,можеби зависи и што е вечерата
    А за будење и со тоа и без тоа се буди:D
     
    На mal.ecka, Dikinzi, RAK91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    12.247
    Пол:
    Женски
    Добро утро :drunk:

    Две прашања имам.
    Каква рутина им правите пред спиење?
    Како ги заспивате, со нишкање, цицање, легнати...

    Дали користите нешто како читање книга, масажа и колку е возможно тоа со (пргаво) бебе?
    Книга да извадам ја гризе, масажа - ми се врти, се влече... :sweat:

    Нешто сакам да променам во рутинава. Можеби и местото на спиење.
    Зависно од последната дремка кога била, почнуваме да спремаме за капење. Едино што исклучувам звучни играчки, сијалици оставам, во дневна немаме некои ритуали. Според рутина, нели да се стиши сѐ, да се даде до знаење дека е време за спиење...ама со капењево пак морам да вклучам светло итн.
    Го капиме во дневна, во корито. По капење одма облекување, нема кога за масажи и тинтрења, и почнува да плаче, прстето во уста - следува цицање и тоа е. Заспива до кај 20 ч.

    Дали можам да сменам нешто?скоро 8 месеци е.

    И аман веќе :punch: сега со часот поназад, уште од 5-5 и пол се буди. Го земам во раце, да призаспие, ама тежи машала и нему не му е добро во раце, се витка. Кога доспива, кога не. Па не можам вака, ем ме штрека од сон, цица, и пак ќе се разбуди и мене сонот ми заминал :headbang::headbang::headbang::headbang::headbang:. Многу се нервирам, покажувам и пред него, не можам да се воздржам! Не е во ред така.
    Да не го буди пелената, зашто наутро потоп е. Ама сред ноќ да менувам, никако.
    Мислам на некое тренингче, вака да се одолговлечи ваквото спиење, да му остане во навика, не знам како ќе биде.
     
    На RAK91 и Ms allways right им се допаѓа ова.
  18. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Сакаш на сабајле покасно да спие или да не станува навечер ?

    За навечер не станување немам совет, освен тренинг , и да одредуваш ти во колку саати да цица. На пример, ако сака да цица на 2 саати, ти ќе скокаш 2 и ќе му дадеш на 4. Ќе има плачки, исто како кај мене. Ама не попуштам више. И знае дека ако стане порано ( на пример во 1 саат- нема цицање до 3 ).

    Рутина навечер, секој ден е истата. Доаѓа 9 саат, и почнуваме да се спремаме, прво собираме играчки, потоа ги пресоблекуваме, на Ема и давам гел за заби, и и давам да цица. Се гаси ламба нормално. Е сега, јас на Ема и ѓи продолжував саатите да биде будна. Ема од 8 месеца има веќе 2 дремки. Станува сабајле околу 8 (8 и нешто), ја држам до скоро 12 будна, потоа легнуваат и двете да преспијат. Ако спие до 14ч ОДЛИЧНО ! Ако стане порано, кај 13ч или 13 :30ч, наредна дремка и е во 15 : 30 или 16ч. Гледам да ја држам повеќе будна, потоа нема спиење до 21:00ч.

    Јас кај тебе како би изиграла.
    Ако стане во 6 или 7 сабајле, наредно би му дала да спие во 10часот. Во зависност од тоа колку му е дремката, наредно спиење да му биде кај 15 часот.
    Уствари, прво би пробала да го држам вечерта до 21, па сабајле кога ќе стане, тогаш да му ја планираш втората дремка, ќе му треба време да се прилагоди, ама сите се така. Он е наспан, затоа така ти прави .
    Кузнае како објаснив. (facepalm)
     
    Последна измена: 7 ноември 2020
    На mal.ecka и elenaklasik им се допаѓа ова.
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.960
    Допаѓања:
    12.247
    Пол:
    Женски
    @Dikinzi те разбирам. Мојов сака до 20ч да е заспан. Подоцна да го легнувам не додржува. Има 3 дремки, некогаш по час и пол, некогаш 2. Последната му е околу 45 минути. Во 17ча попладне му доаѓа последната.

    Значи да го изморам и држам повеќе не пали, зашто после понервозен е и мрда само и чека да заспие а нормално сѐ уште не знае како. Кога навечер го спремам да го заспијам навреме, потрпелив е, и сега го учам легнат да заспива а не во раце. А за дремките само во раце е.

    Друга фрка за ноќно цицање. И јас си викам да му пропуштам доење ако набрзо станува. Ама дека навикнат да цица, почнува да плаче посилно и понетрпеливо и шо да прам во тој случај? Да го земам во раце, пак се жести да го свртам странично со тапкање да заспие, јок. Стварно не знам како да изведам.

    Инаку спие во дневна на Г-то делот, тука низ периодиве ми беше попрактично да легнам покрај него да цица и продолжува. Ама! Сега веќе некогаш не продолжува, туку се буди па морам пак да го кренам во раце, да го нишнам, а и така веќе му пречи, пошо е голем веќе.
    Не му е удобно.

    Е сега, сакаме да го префрламе во спална на креветче. Како правиш/те со доењето кога се буди бебе?

    Го земаш во раце, го тапкаш легнато дури е, како успева?
    Да спие во креветче и да стане само еднаш двапати, ок, ќе го кренам, ќе цица ќе продолжи, надежно. Ама да станува почесто и на секое да го кревам е тешко. Ќе го паднам од уморна шо сум. Затоа се одлучивме во дневна, за полесно да нѝ е. А во кревет со нас да спие, помек е душекот, кога се вртам јас, кај негова страна тегне, се навалува и така. :| :yawn:
     
  20. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Кај мене и двете од кога се родени се во кревече. Зимам, надојувам, и пак во креветче назад. Си ги учев така, така и тераат, ми паѓаат очите, ама се навикнав, не е еднаш, секој ден е по 10 пати :D

    И кај мене плаче оти е изморена, ама издржав недела дена.Го фана редот и толку :D
     
    На mal.ecka и MilaSs12 им се допаѓа ова.