Мајки по колку спијат навечер вашите 9 ++ , моево на секој сат почна да се буди жива ненаспана сум , нон стоп се отскрива ,ако го покријам одма се буди ... До кога трае периодов ??
Од оваа тема мислам никој не е излезен од тој магичен круг (чест на исклучоци што не ни влегле) . Да се надеваме после година дека ќе се потсмират малце
И официјално после многу обиди мојот не сака да види шише ад. Успеав да му дадам само 10мл од тоа со клунче и му доаѓаа нагони за повраќање. Имам 7-8 шишиња, вклучувајќи калми, авент натурал и сл и ниедно не го сака. Ај сеа кажете дали смее 6 месечно да бебе да јаде некои млечни каши зашто срце ме боли да фрлам млеко? Ако не, со задоволство ќе го подарам на некоја мама од овде (Аптамил 2ка). In the meantime, пред 5 мин ми стигна смс од ОРЛ дека испитувањето е откажано Не ми се оди во Систина зашто истиот преглед му го правеа и во Ремедика, можам таму да го однесам, проблемот е што не седи мирен додека трае, а мора да лежи мирно и да биде тишина. Оф ќе си пукнам, се осеќам како да се вртам во круг.
На мојава и беше не успешен ама не и правев повторно ништо, реално се знае дали 6 месечно бебе слуша или не. Мува да прелет и ете ја станата е, така да не форсирај доколку обраќа внимание на звуци, има реалција на одредени нагли звуци.
Слуша и моево, на прсти одиме кога спие ама ете ми рекоа да се провери и да не оставам така за да бидам мирна. И сега ајде, како да не го проверам...
Наеднаш прима многу повеќе инфо и успева сам некои работи да ги направи, да седи, да лази ако веќе лази, се тоа му го оптеретува мозочето и спијат понемирмо, запчиња може. Е сега, види дали му е жешко или пак ладно, па затпа се буди.
Епа така, Австрија исто беше "обавезно" да одам уште еднаш за да видиме дали слуша ама тогаш беше новороденче и ајде викаш како да направиш проверка и беше невозможно да се провери, мало тапанче имаше и тоа апаратчетп не и влегуваше ама сега кога очигледно е дека слуша .. каква анестезија ти се молам кога не е итно.
И кај нас во Гр ми кажас од болница кога излеговме, од 2-3 месец да се направи ушното испитување, дали слуша и не ја однесов искрено, затоа што за другите 2 деца никој не ми кажа за тоа испитување, секоја година се нешто ново уведуваат, а ако видам јас дека нешто не штима нормално дека сама ќе си го однесам детето да видиме во што е проблемот. Инаку не да слуша мојата, од надвор дури слуша кога пискаат и се врти на натаму, па сега ти види. Ако немаш некој сомнеж и ако гледаш дека се си е во ред со детето, немој да се малтретираш и повеќе него ќе го малтретираш по болници, за да го носиш чисто ради ред. Слефи си го мајчинскиот инстинкт и верувај ми, никогаш ма никогаш нема да те излаже
Мајки прашањево не ми е за бебка туку за мама Што пиете за нерви? Во последно време неможам да се препознаам,стално сум нервозна и тоа не само онака туку ако некој ми зборни нешто настрана а бебево да плачи (како денес на пример 2 саати без прекин безврска најаден,напијан,пресоблечен,наспан а пиштеше за далечинскиот управувач не му го давав да го пикни в уста и онака налутен го фрли и 2 саати се одра од плачење) мислам можам да го задавам со голи раце и око да не ми трепни.. Некои витамини, апчиња чаеви?? ЕДИТ: да не ме сватите погрешно не се лутам на бебе туку на сите околу
Б6 витамини.. И чај од маточина ми паѓа на памет.. И спреми се за плачење и пикање во уста на пострашни работи од далечински управувач. Дезинфицирај го него и нека го лапа малце, ќе му се здосади. Или купи му за играчка. И не му земај нагло работи, само ќе се нервираш од реакциите. Мојов се траска од земја за глупости, назачки се фрла
Има друг што не го користиме од стариот телевизор, ама не тој мора овој да биди..Мало е а уште сега ќе ми пребарува..Тек понатаму ами.. @SanelaS Ептен ми попуштаат нервите ама јас другите побрзо ќе ги фрлам од прозор Најсериозно размислувам и на психијатар да одам дури не сум забегала..
Па и ти, ќе си забегала. Не си прави тензија непотребно, сите осеќаме дека ќе забегаме.. Ако немаш читано, читни темана за тантруми или совети за деца од 12-24 месеци да видиш што не чека . Нервозно е, мојов како што е инает од мало осеќам ќе има јаки тантруми, ќе ме вади од контакт, ама тоа е ќе издржиме кој како знае
Фала ти што пиша. Оној пат беше касно, а утредента му беше изгубено. И јас мислам дека беше алергија. Немам телефонски контакт од педијатар, ама на контрола сме следна недела па секако ќе и покажам. @babyboy1 Ех, драга. Јас престанав да се замарам со дезинфицирање, превривање итн одамна. Оралната фаза на моево бебе никогаш нема да му заврши. Чергичка од пред врата, влечки, хартии од ѓубре, даљинска, трошки, боја што си ја изгребал од ѕид... и уште што не има пикнато во уста. Вчера бевм во парк да си игра во песокта, 15мин бевме, едно стопати проба да си брцне песок во устата. Демек да го сликам, една јасна слика немам, ни пола секунда не застанува. Станува, сака да оди, паѓа, на глава, на образ, на газ... Ако види салфетки на маса за милисекунда мy е во уста и ја џвака, не ми дава да ја извадам.. Па добро синко, на здравје нека ти е... Нема ништо лошо ни во тоа да поразговараш со психијатар, ниту е страшно. Можеш да побараш и некоја од оние апликации за смирување, за медитација, јас во бременост имав неколку паничи напади и ми помогнаа, ама сум ги заборавила имињата. Кога спијат знам дека не чека еден куп работа ама батали. Прави нешто што те смирува, макар било едно кафе и зјапање од тераса. You got this!
Мојов највеќе сака влечките да ми ги лиже, и кога нема да го гледам лази директно накај корпата за ѓубре, омилена му е да брца. Исто и кондурите ги дофаќаше, ама тие му ги тргнав од поле на движење..
@rainbowmama Го оставам и јас и веќе не стерилизирам ништо само мијам со жешка вода шишиња..Цуцлата само прв пат ко ќе ја отворам ја вријам поале и да падни дома сум му ја вратила така и на под е сите играчки му се пред него ама тој се запна баш за далечинскиот, му дадов друг што не го користиме не го сака мораше баш тој па добри два саати рикаше..Мене не ме нервира толку тоа колку што ме нервираат дофрлањата од страна и прашањето на секое плачење Што му е? Зошто плачи? Зошто вака прај? Ко да јас видовита сум и се знам Па следува вака треба, така треба...Ќе пробам со б6 и чај од маточина оти ова да ги игнорирам веќе не ми пали
Од позиција за лазење седнува на пола г'з врз едната нога. Се труди да седне или што прави? Ич нема рамнотежа за седење зашто седи само кога јаде инаку не го ставам.
Исто ќе прашував и само на едната рака е потпрен па наеднаш ќе си легни на страна.. А ќе те прашував и што мачкаш на непцата го мачат забите а не му се ни отечени..мирен е само со ладна глодалка и ја држи ја стега со вилиците и ја врти главата лево десно се чеша..Незнам дали гел да земам дали има ефект??