Јас повремено мачкам со фризи дерм, многу ја сака и ептен сака да се чеша со нешто само по извесно време почнува да се нервира како да сака посилно да се стега и уште и уште)Инаку, мојов многу сака да седнува некако, кога го легнувам се закочува како во седечка положба а и в количка /транспортер/релаксатор така прави, сака да е исправен
Во транспортер јас го врзувам оти се крева се држи за страните и ми е страв да не ми се преврти, а во другиот дел па не сака да седи и тоа го исправам на кај 70 степени ама во транспортерот му е поубаво.. Ќе земам и јас некое гелче се нервира вака..Сајав и килибарно ама маж на машко магаре ме качи со глупости ќе сум го редела небаее женско бил Нема разбирачка со маживе
Мојов гриза се освен ладни глодалки, ич не ги сака. Се влече до релаксаторот и се чеша од него, од тепихот, чаршафи, ќебиња, каишите во хранилка/количка, значи со се освен со глодалките. Купив фризидерм и не му помага никако, пробав на мене буквално никакво 'ладење' не се осеќа, а и вкусот не му се свиѓа, само ќе го излиже со јазикот и толку. Тешка глупост ми се тие гелчиња. Докторката ми рече килибарно ѓерданче ама јас искрено мислев дека тоа е еден огромен мит дури се зачудив таков совет од доктор дека добив ама нема да му купам зашто каков е темпераментен ќе се обеси со тоа. На нога не сакам да му ставам.
Дентинокс ќе го пробам и јас, денес ќе земам.. А читав порано некои мачкаа и далерон или парацетамол сируп.. Тоа кога се мачка? Ептен ко ќе отечи непцето пред да избие забот? Тогаш верувам најголема болка е..
Не се мачка, туку му даваш да се напие, исто ко за тт. Сум давала Далерон во случаи кога ептен се приметува дека ги боли и плачат неутешно, обично тоа е пред да пробие запчето, кога е надуено. Доза според возраста, иста како што за тт би дала. Далеронот е и против болка, не само против тт и ги смирува, ама само во случаи кога си сигурна дека ги боли многу, повремена употреба, никако редовна. Обично и гелче ќе заврши работа
На една страница прочитав кои работи да не се даваат на бебе, демек потенцијално опасни. Меѓу нив и далечинското беше. Ради батеријата можела да тече. И копчињата да се откачат. Така шо поарно да не се дава и нешто друго нека глода . @babyboy1 А за нервата имаш неколку начини. Со природни рабоќе хахаха како чајче камилица нане, витамини Б6, храна темно чоколадо, чашка две винце или пивце. После имаш начин, силата да ја истуриш врз нешто меко, а да не човек. Ко ме фаќаа сили така, на моменти, морав да треснам нешто, да удрам во предмет. Сега ќе речите налудничава оваа ама помага. Земи перница измавај. Па и раздери се, не чувај. Хормони вријат, нормално е. Не си робот. Ќе помине, период ко период. Да не ти е мензис во прашање?
Ич не можам во 20ч да си легнам. Готово помина тоа време. Дури беше новороденче, гледав да користам време за спиење. Заспивав во 21ч. Ама сега, се прилагодив, се навикнав на друг ритам, плус станав супер мама и не можам да легнам кога тој заспива.
Баш затоа и му дадов друго без ништо ни копчиња ни батерии ама не го сакаше па го оставив да си се издери два саати да му олесни ама од друга страна јас нерви искинав За мавање кажи ми се што ќе ми дојди во моментот клоцам па и фелам играчки глодалки и тако даље Опасна за околината сум на моменти Ама барем со бебе не сум таква уште тоа ми фали..
Килибарно герданче нема никаква моќ, популарен мит е и штета што се продаваат во аптеки кај што очекуваш да знаат што продаваат ама се' е за . Не само што нема моќ туку и е опасно за деца кои можат да се угушат со него или да го скинат и да голтнат од топчињата, истражи сама и ќе видиш, никогаш не би ставила такво на бебе.
Па истото и тој го вели ама јас како демек помага, ама изгледа во право си само мит е.. @0ли па дека залади и се немам напиено, топло не ми оди го сакам ладно да ми ја испоти чашата Сега на винце можи да се префрлам
Стварно па ти, опуштај си се со алкохолче, ако не се лажам не доиш. Навечер со мажето пивнете си, глејте си филмче. (ако спие главниот)
Не знам, да не е опасно со мажот да гледа филм. Едно време го снеможе човекот, сега да не го затепа со даљинското по кое плачеше малото 2 часа @babyboy1 Не се лути што малку се шегувам (се наведнувам да не фрлиш со даљинското)
@babyboy1 дрога? Се шалам,Оли убаво ти пиша,пиво,можеш и безалкохолно,Б витамините ти се битни. И не ги тркалај многу другите,стај си бебе во количка и на сонце,саат-два вози си.Јас си правам сендвич и кафе-чај во термос и дим да ме нема. Плус,станов не можам веќе да го гледам.Цело време средувам,и никогаш не е ко што сакам.Ах,пролет само да дочекме,и лидилово да се смири. Бебка спие од 9-10 до кај 8-9 наутро.Првите саат два е до мене,оти си цицнува дур зацрврсти,па после ја префрлам.Последниве две недели станува многу често,не плаче но сака до мене,некако нагло и избија заби,7+1 нед е,а веќе 5 има. И приметив дека невечер ја боли повеќе,квичка тажно и ја враќа наназад главата,ваљда мисли дека бега од болката,душа.Си ја земам до мене си спие,жал ми е,знам дека не треба ама тоа е. Ме уплашивте муабетот од 8-12 месеци.Не знам што ме чека,сега за сега е мирничка,и не е плачка општо,само цика,ама сериозно цика и сама се смее на глас дур не заика. Ама се распишав,ко гратис да е