И мојов многу сака далечински управувач, се што не е играчка му е интересно , шише, кутија лажиче,магнети,мобилен телефон,иако има негов мојот повеќе го сака... Уште не се научи да лази само се влече , не знае уште да лази.Само прета со нозете се удира и за чудо не плачи ко ќе се удри ,маже мое храбро.. Едит чај од мајчина душица пробај , иако мене ништо не ми помага искрено.
Моево кога си седнува на ногата се превртува, треска на глава и плаче ама плаче кога јас ќе викнам од страв Од сабајлево го гледам сфатил како се треска на глава, па со сета сила пробува да се задржи. Многу е смешен. Даљинското ми стои на шанкот и од таму пуштам, не му го ставам на видик зашто нема да го остави. Во принцип не му бранам ништо, што и да сака му давам и за 2 дена му поминува меракот. Од што веќе му се здосадени играчките почнав да полнам шишиња со грав, леќа, ориз што и да има дома. Му купив и од оние со сјај балончиња што се дуваат, да имам џокер кога со ништо нема да си игра. Пребрзо му здосадува се.
Моево бебе е 6 ипол месеци, не обожава кога го ставам на стомаче, не се врти од стомак на грб и обратно, седи со помош не е уште стабилно. Навечер заспива околу 9 но се буди на секои 2 саати цела вечер и плаче, незнам дали го болат непцата или е друга причина. Пред спиење цица, навечер когс се буди пак го ставам на града. Како спијат вашите бебиња на оваа возраст?
6месеци е и исто многу често се буди. Веќе не гледам на саат ама на помалку од 2 саати е сигурно. Плаче додека му дадам да цица, влече 5-6 пати се трга да поплаче уште малку, па продолжува и така цица, цица-се трга. Многу сум гроги.
Саат време за себе во денот, викенд некаде на страна од дома. Јас имам некој си ритуал сабајле, станува беба, јаде, ја обчекувам, се средивувам и со количката надвор, она заспива, јас седнуваѓ на кафе сама, саат време самаа уживаѓ во кафето, тој саат мене ме враќа во живот.
Ете го, што ти реков ќе научи Не плаши се, ништо не му е и пробај да не викаш, повеќе така се плаши. Ќе се удри и после ќе се пази Срциња Во право сте за прошетките, како препородена доаѓам дома после дооолга прошетка. За третата дремка сум надвор, едно добро пешачење ќе удрам со брзо одење, па полека се враќам назад. И бебе мирно и наспано, а и јас издувана и посреќна. Не излегувам само ако патуваме, ако имам добиено и тешко ми е да мрднам. Преку недела сами, а за викенди тројцата заедно
Главниот спие ама и тој што после него е главен заспива Си пиуцкам јас летото секоја вечер со пивце бев..сега да се вратиме дома ќе си пијам винце Хахахаах богами одамна не ми текнало сега тој сам си бара ама некако ми помина тој период, па се кандисуваме..Па ако претера тој можи да го добие, свеки секако неможам Оо можам јас да пивнам и за тебе, ама да не претерувам сега бебе имам Ее да сум сега дома ќе си излегувам, блиску ми е и центар и се ама одовде ми е далеку неможам да мрднам освен по улица да возиме ама па не седи мирен в количка, црвец е Ќе можам и јас за некое време ако не залади ептен баш сега на дуника и пишав..немаме ни парк овде во близина да можам да појдам, се ми е далеку..Ама за недела дена сме дома па ќе мрднам и јас малку
Јас му редам кутии од д3 витаминиве, тегли од кашички и со тие глупости се занимава.. А и магнети да на фрижидер мајка има(поточно имаше) 20-на ама пола и одтанаа оти му дозволува да ги дофати и одма на земја завршуваат и сите и ги искрши..
Ааа до магнетите не му давам ни да го доближи рачето Стварно јас заборавив ти можеш да си пиеш алкохол, јас би пиела секоја вечер по некоја чаша вино или узо пред ручек. Од лани од 6ти септември се немам напиено алкохол освен радлер понекогаш.
Таа за да седи мирен само се го остава.. Со вашиве совети на токсикологија ќе завршам Се шегувам да не ми се налутите
Сега турбо сѐ учат и сѐ е интересно и ново, така што ги разбирам бебињава ама не можам да терам со месеци ова темпо. Тоа вака го споредувам: кога нѐ чека нас нешто важно, нешто ново, сме многу возбудени за нешто што следи, ниту јадеме ниту спиеме. Така и тие. А колку му траат дневните дремки и кога му се? На моево многу му е тешка за заспивање последната, а бе по пола саат го заспивам со плачење. Колку му оставаш време меѓу дремки? А цицаше поголемата дури беше бебе и кога прекина? И мојов станува во 5 и пол. И вчера во 21 го легнав, спиеше помирно ноќта, само двапати стана, амс пак во 5 и пол буден. Па не можам и не можам. Знам дека околу 4 часот им се троши мелатонинот и опаѓа сонот. Доктор гуднајт ја прашав за будењево, рече по две недели ќе се регулирал сонот откако се смена сатот. Ништо од тоа. Еднаш се буди во 6 и 5, после 5пати во 5 и пол.
Од кој капки/спреј за носе сте задоволни? Аква марис спреј досега ставав, треба да земам нов па дали ист или друг да пробам. Почнаа мрсули да ни се прават,прскам и влечам. Кога спие нема гајле убаво диши ама кога цица ме нервира, како да му пречи (на одредени моменти, не цел ден). И не знам дали да одам на др, не ми се носи само ради ова, гледам со влечење после е ок. Што мислите?
Јас досега не сум ставала ни капки ни па влечам..Додуша немал проблем да му сметаат, ама ако видам да не излегува само со чепкалка за уши натопена во физиолошки му ги вадам..
Цицаше до 6 месеци големата и сама се одби, последица од 4-тиот скок. После него веќе нејќеше едноставно да цица, се мачевме до 6 месеци и толку беше. Мислев нели дека со АД ќе спие повеќе, ама голема грешка Како што пишав, со неа 8-12 месеци ми беа пекол. Кога прооде после првиот роденден се’ се смени преку ноќ. И ден денес е голема спанка Бебево (8+) преспива цела ноќ откако е родена, ама станува во 5.30-6 и тоа е тоа, се помирив. Различни се како ден и ноќ со сестра и’
Spoiler: Shots Ајде жени на екс ве молам, да ве почастам за Бамби мој, резултатите се супер, слухот му е одличен Не можам да ви опишам каква планина ми падна од гради. Издржа мајкин, скроз на крајот се разбуди од докторката. Си дадов збор дека ќе частам ако е се во ред, утре одиме кај моите на неколку дена ама еве вас први виртуелно да ве почастам. Во некои подобри времиња може и надвор ќе се дружиме. Фала ви мајки за поддршката