Синонарин спреј 3 пати на ден влечење и пиење Ц витамин. Тоа ќе ти кажат и на доктор, ако е бел секрет. Ќе помине.
Закажи си фризер, нека се снаоѓаат со бебе ти тој саат ќе живнеш, ако немаш кај да пиеш кафе или пак не можеш да си дозволиш секој ден, купи си од тие чашките, дома направи си, патиките и на пешачење, труди се ако не ти седи во количка буден, барем една дремка сабајле да ја одспие во количка. Хормоните уште не ти се средени и се е мормално, посебно ако немаш време за себе и кога ќе се погледниш во огледало со пижамите и пунџата бушава ти иде да вриштиш хаха ( кај мене беше така) ама од кога најдов време за себе, повеќе добив пак на сампдоверба, пак почнав со теретана, таму ја трошам негативната енергија. На дете и пред дете не покажувај нервоза, него му ја пренесуваш и секако дека ќе вришти уште толку.
Каков витамин ц давате, на каков начин? Ние сме 6м+ една недела, освен д3+омега ништо не давам досега...
@Jana06 баш ми е мило! @elenaklasik навечер не спие и се буди дури ако трепнам или ако дишам Ама затоа преку ден е труп! Земјотрес не може да го разбуди. И тој момент не ми е јасен. Како навечер немирно спие и се буди, а преку ден е труп. Преку ден има 2 дремки моментално, некогаш 3. Сите му се по саат, саат и пол од прилика. Некогаш по 45 мин. Меѓу дремките има време од 3-4 саати. Секој ден е нова приказна, ама горе доле ова му е темпото.
Преку ден да не му гужва, навечер тивко , па затоа да не сеќава се и се буди. Ние спиеме со апликација, пуштен ни е дожд. Две години и 4 месеца со тоа сме, од големото кога е родено. А колку месеци беше кај тебе ? Зошто и кај мене има размах од 3-4 саати меѓу дремките.
@Bubish26 Абе којзнае што ми е и мене ми брчат некои бубачки, време за себе имам после грчњвите значи од 2 месеци наваму и стасувам да се средам значи издепилирана секаде, и тоа сама дома..значи време имам.. Секое сабајле станувам од кревет се мијам и ритуал ми е (а и од свеки ми е навика, таа секој ден и за дома е со средена коса исфенирана натапирана со пена за коса )обавезно имам туш и маскара,пеглана коса(ова последниов месец од ко намали со паѓањето и ги пеглам овие неколку влакна што ми останаа ) За тоа време маж занимава дете и после пиеме кафе заедно па заминува да работи кај куќата а јас останувам дома..Самодоверба имам ама нерви немам
@Jana06 Мило ми е што конечно ти олесна.. Да ти се придружам и јас Spoiler: Cheers @lavinija28 јас овие вит.Ц ги користам, пред некој ден почнав Spoiler: Витамини
А сега гледам се удира на левото уво и го трга увото како да го скубе. Можно е да е некој проблем? Утре да го носам на доктор...
Е ајде де! Нели ако добро спие бебето преку ден и преку ноќ ќе спие цврсто?! Денското влијае и на ноќното. И мојов има 2 до 3 дремки. Истото, од саат време до саат и пол некогаш 2. Меѓу нив максимум 3 часа буден. Да не му се многу 4 часа измеѓу на твоето? Штом така спие, има врска дека е превозбуден денски, преактивен. Јас пробав пола сат пред спиење пред капење да му читам книга. Го седнувам во скут и истата му ја читам. Ја граба, се тегне ама ако. Колку - толку ќе се навикне. И гледам да го одвикнам од тресење во раце, нишкање за да заспие, го ставам на кревет и де на една страна де на друга, врти сучи и заспива. Како ти заспива твоето? Со нишкање цицање?