Глумица Ми текна дека ти пишуваше за ова поткашлувањево. Почнав да се секирам, си велам кашла или изводи, мислев мал е за изводење. Прави онака како што би направиле за суво грло, па као кашла, па кога се превртува поткашлува. Сомнителен ми е бидејќи така не прави кога сме излезени, само дома кога си игра.
Да да, изведува. Понекогаш и се засркнува од лигите и кашла, писка мојаата многу, пее, гласот го мења по 100 пати и нормално ќе и дојде и дакашла од толку пеење
Поткашлува и од плунка, ако се лигави од запчиња што ќе му никнуваат, моево и ‘ржи па кога ќе се закашла
Какво паничење.Манипулираат. Мојата кашла,се дави,очите дури и се вцрвенуваат,ме гледа и се смее ѓаволесто.Па го плази јазикот на крај Плука така,како лама е. Начин да привлечат и задржат внимание.Знаат многу повеќе од што мислиме.
Користиме калма б сируп по препорака на педијстар,но во сирупот вчера приметив како трошки ситни,дали е таков ширупот или не чини овој што го имам?
Девојки, малиот(8++) пред неколку дена успеам да ме касне за двете брадавици и да ви кажам неочекував толкави дупки, цело месо ми го има откорнато, да напоменам имаме само две долни запчиња, од тогаш ме нема каснато освен што насилно се трга од градата, прашањето ми е да ставам ланолин или има нешто друго поефикасно, значи болка до внебо имам. Денес приметив дека десната брадавица дури ми е отечена и денес не му давам да цица од неа за да се смири малку, ќе стимулирам со одмолзување. Кажувајте чаре,совет, се е добредојдено
Јака ти душа. Мене ме има гризнато неколку пати Господ го видов, а нема заби. Првиот пат викнав многу зашто не очекував и од памет го извадив, следните се воздржувам ама солзи ми течат од болка. Јас планирам да го одбивам полека кога ќе искочат забите. Инаку, за ова во Доење имам читано ама не ми текнува кои беа советите.
Зависи колку единици треба да прима дневно. А за 8+ обично е поголема дозата, така да јас мислам дека не.
Не знам искрено, јас еднаш го пратив маж ми во аптека да најде омега само да не е на бејбитол зашто катастрофа им се тие капсулите и му рекле дека за мали бебиња само таа била. И си реков ќе одам следен пат јас, мора да има и друга ама заборавив. Скапи се и течат по прсти, ме нервираат многу. Ако најдеш те молам пиши ама како што гледам се што е за бебе е скапо.
Има и едни омегамед, ама на ист принцип се само на нив пишува во лажиче да се дава. Тие имаат и повеќе омега. Нас сега на контрола ортопедот ни рече освен бејбитол да давам и 2 капки пливит д3 бидејќи бил веќе поголем и повеќе имало потребс за д витамин. Сега се замислив, заборавив да му кажам дека пијам и прегнакејр, и во нив има Д (а тој се лачи во млекото), па не знам да не му е многу.
И јас давам 7 капки Пливит. На Антоније кога му спомнав дека пијам Д3 од 2000 и да не му доаѓа, ми се изнасмеа
Јас на дивела имам земено палента а имам и пченичен гриз од биокосмос тоа исто било Јас за поткашлувањето се јавив на педијатар на вибер да го слушни и го чекавме така со отворена камера пола саат да се закашла за да не го носам и ми рече е па мајка веќе почнал да ве повторува малиот, се што вие правите или се смеете ако направи ќе почни да глуми оти знај дека ви е интересен и ќе ве смее...Значи манипулатори се од пелени..
Срциња најмили Се смеам, замислувам ситуација на Вибер и чекате да кашла, а тој ве мота пола саат бидејќи знае што се очекува од него
А замисли и за тоа време дури чекавме докторката си гледаше филм дома, а јас си играв со бебка..па си дојде маж и улета во кадро па дури се разбравме што како се чека доктпрката имаше прилика да присуствува во семејна расправија виртуелно...па мораше да објаснува дека не е ништо и не мора да го носиме туку е мало манипулаторче Хаос е веќе со овај шит од корона