Зошто да го одбиваш кога ке излезат заби? Синко на 1 година ги имаше сите од 1 до 4 а еве уште цица, 15 месеци.
@Panovic јас по страницата подршка за доење имам читано дека им помогнало восок ставен во лушпа од орев. Малку изгравирани да влезе брадавицата. Восок природен од пчелар земен. И така да си го носиш во прслук. Јас да ти кажам одма му реков на свекорот да ми направи. Оти уште што не ме има најдено во доење во, па очекувам и тоа...до душа уште нема заби ама да си бидам спремна.
И кај нас отприлика така, само втората ни е долга, другите 30 мин (Макс 45). Од последната дремка до спиење колку време е буден? Мислам дека треба 3 саати.
Секако не планирам повеќе од една година да го дојам, а ако гриза вака и со заби нема шанси такви болки да трпам.
Да,макс 3 часа е тој прозорец на будност кој важи за цел ден. Се што е над,прави да се лачи инсулин повеќе,а со тоа и кортизол,па ги прави раздразливи и потешко заспиваат цврсто. Мојава има вечери кога ке заспие во 8-9 навечер,па кај 10:30 11 се буди свежа и си цика,брбори,си јаде стапалца,па пак еден час ја чекам да зацврсти.Лудница @Jana06 инцидентно те има гризнато,не намерно.Верувам дека нема да е редовно тоа.Не го оставај да си игра на цицка,нека заврши со јадење и тргни го,тоа грицкањето им е игра повеќе.
Бар да си игра и да дреме на цицка, може несакајќи ќе цица повеќе. Он 2мин максимум е на цицка, може ме гриза дека го форсирам да цица. Се има случено неколку пати ама мислам дека е од чешањето на непцето, нема шанси свесно да го прави тоа. Намерно или ненамерно не сакам ни да помислам како е со заби да гризне.
Мојов некогаш се трга наеднаш и ми се чини ќе ми ја откорни брадавицава Ама отсечно прави, и нешто интересно му е како игра. Ама е болно.... А баш размислувам со заби како ќе е...
Исто, и тоа го прави. Многу слабо цица во последно време, се е поинтересно од цицка, само се врти и гледа, не дај боже некој да прозбори, да тропне, телефон да титне одма се врти и не сака веќе да цица. Само ноќните подои се чести и убаво цица.
За 6ти скок има тука моментални доживувачи? Како поминувате? @Jana06 , 5+ месеци имаше кога ме стегна првпат со виличето. И неколкупати направи така, па престана. Оттогаш не му се случило пак. Јас му викнав повеќе, го искарав и ме погледна зачудено. Дури и кога ме стегна, викнав ААА, и ми фрли еден поглед жнсепа
Луѓе свекрвата многу ми е смешна, таа мисли дека цело време детето в раце треба да биде...а јас нормално на земја, имаме подлога специјална за вежбање, да се врти, да почнува да лази. Од пред некоја недела се крева на раце и на колена и напред-назад се клати, готов е за лазање. А ќе се јави свекрвата, кај е детето, ќе и' го покажеме, и таа цела жална "ете го на коленичиња" "карај им се бабичко" И имаме таков сув базен, оградено паркче, и топчиња во него, и исто многу и' е жал кога таму го ставаме. А детето ужива и плус е безбедно, а јас на раат можат да јадам или кафе да пиеме со мм
Исто. Додека е на цице, ништо да не шушне, одма се врти. Едино во уста да држам некоја играчка, или некако по мишка да заглавам и тогаш си игра и демек цица...којзнае, ја држи во уста градата. Јас сум мн фрустрирана од тоа како цица,и колку напредува во тежина... па и млеко модификувано не пие. Кога ќе го одбијам од цице валда ќе пие млеко, нели?
Зошто не сака да се бања? Абе до пред некој ден уживаше во вода, плачеше кога го вадевме. Последниве неколку дена плаче, не сака ни да застане во коритцето, станува веднаш и вришти. Наеднаш така бидна. Не знам што може да е работата?
Е за ова, ќе си влезете во соба малку затемнета, без никакво пуштено светло, без звуци, само ти и бебето, никој да не ве прекинува и да биде тишина додека го доиш. Ќе бидеш сериозна, без да го играш, без да му се смееш, нема мрдање и нема галење. Секој мал шум може да го деконцентрира и толку е од цицањето. Ваков совет добив и подобро оди цицањето дење.
Вака и само цицаме Оли, обавезно во спална и легнати, во раце не сака да го држам и да цица. Си фаќа убаво почнува да цица и ќе ме погледне и почнува да се смее. Јас сум сериозна не менувам фаца и почнува да го криви устето за плачење. Ќе му се насмеам и одма и он се смее и почнува да ме кубе, да ме влече за образи, па ќе цицне пак малку и се врти на стомак и така продолжува уште малку да цица ама го вртам јас на грб зашто не е природно така да јаде. Па се лути зашто сум го свртела и морам да го гушкам малку да се смири и идеме одново Може и не е толку гладен преку ден, само сабајле, напладне, пред спиење и ноќе цица убаво. Не му се секирам многу знам дека ако е гладен ќе си бара туку се плашам млеко да не снемам вака. @Enci201 Не знам, зависи од детето. Јас скоро му давав ад за да спие подолго демек, му правевме испитување, абе какви маки видовме да прифати шише и ад боже, боже. Едвај 60мл испи со живи маки и тоа третиот ден од пробување. Првите 2 дена не сакаше ниедно шише и ниедна цуцла, кога го проба млекото се згади. Пред да почнеш со одбивање нуди му прво ад, па после одбивај го. Јас сега му давам само пред спиење за да не фрлам цела кутија да ја потрошам и никако да испие 60мл. А обавезно цица после ад значи уште е гладен ама не го сака млекото.
Истото ми го прави и мене, особено приквечер. Ми ги тегне рацете, пафта за да ми ги дофати и тоа ако му ги фатам јас неговите не сака, сака тој да ме фати, па со брадавица во уста брчи и плука, ми штипе нос, изгребана сум цела и на устата, брадата ми ја стиска, ме млати со рачето, рамките од маицата ми ги тегне. На стомак легнува и фаќа да цица така, ептен ми е смешен А бе исто, исто. Ако го враќам назад, ми 'ржи и ми кашла. Се витка, едвај го додржувам. Ќе го изедам
Хаха не ми се верува, истооо. Рамките ми ги влече и пушта и кога ќе плеснат се гази од смеење, пресладок е кога цица на меше и ова со рачето веројатно исто прават, само го мрда како чао да кажува, а уствари ме млати Мајка ми е во филм дека го научила чао да кажува и пресмешни ми се кога си играат. За кашлањето еден период страв ме фати, ве читав што пишувавте ама го слушам дека изводи, не е кашлање баш туку лигавење кога сака да го земам. Се поинтересно станува
Што да ти кажам, свекрвиве изгледа во иста фабрика ги прават. Пред некое време, бебе само да испушти едно ааa, она одма го земаше во раце, се случуваше и во хранилка и во количка кога е, па ќе му се појави, он почиња да кенка по неа, она се смее демек многу сака кај неа. Еднаш и реков дека не е ни смешно ни интересно, дека ќе го научи па дома ќе се чешам што да му правам, па се навреди.... Него жени ми порасна бебево, за три дена година! Од нецели три кила црвче прерасна во мало нилско коњче! Какви глупости прави низ дома, ми иде кафе интравенозно да си вбризгам. Сабајле гледам му пропуштила пелената (ова значи спиел неколку саати омг без да се разбудиме!!), и обично не се буди на пресоблекување ама денес се разбуди. Па ме моташе низ кревет саат и кусур. Вчера почна да врти топка голема за плажа околу себе и успева да ја префати зад глава. Има ОК координација, ама знае да се заниша и да падне назачки. Може и да стои сам неколку секунди, и кога сака оди околу маса странично, ама не форсирам тоа. Паѓа, секој ден паѓа. Завчера си ја раскрваре горната усна, ден пред тоа си го гризна јазикот. Разбира дај ми и повели, додека јаде ме храни и мене (ми пика играчки во уста, де), правиме да пукне со двете раце, со една никако, знае и кога му подавам прст да ми подаде и он и правиме бззззз кога кје се допреме. Деновиве почна да става ствари во нешто, претходно само вадеше. Имаме книгички што се мрдаат објектите внатре, знае да стави прсте да ги движи. Кога ќе му доближам прст до уста почнува да испушта глас за да правиме брм брм брм. И толку од мајлстоунс мислам. Си блаботи по цел ден ама нема конкретни зборови. Не мафта и не плеска со рацете уште, демек не се секирам ама малку и се секирам. Во група мајки овде локално некако многу се напредни децата и гледам да не го споредувам. И така, денес ќе правиме мини фотосесија дома за годинката, веќе скрши еден реквизит, па ќе видиме што ќе испадне од тоа. А да, ве читам за кашлањето, дефинитивно им е интересно па изведуваат. Имаме една книга со звуци од животни, сега го користи истиот глас да ги "имитира", пресмешен е. Убава недела!