Мојов во корито правеше поплава, немаше веќе шанса да се бања така, го бањаме во туш кабина со мм заедно. Со туш директ. Малку се плашеше, ама се навикна. Е сега проблем е што едниот жива вода завршува, ама најчесто мм, па си продолжува да се бања, а јас го облекувам бебе. Сега додека не стои сам така, после надежно и сама ќе го бањам..
@Bubish26 влези под туш со неа,нека биде и м.т блиску ако ти е страв дане се лизне или така. Мислам дека ке и е забавно,пробај.
Мајки да прашам, по воведување на цврста храна какиве станаа само еднаш во денот и тоа мала количина некако, погусто и не многу (сега извинете вака на описов). Знам дека нема да е повеќе кашесто, ама дали е нормално? Плус цицаме, чај /сок немам дадено ниту еднаш, вода ретко и малку
Моево бебе од 3 мес. Е на Ад и досега ниеднаш не испил колку што пишува на кутијата..6 и пол месеци е скоро и пие по 5-6 пати на 24ч по 170мл..Секогаш му давам колку што сака а не колку што пишале тие на кутијата
Барам зборови за да те утешам но немам здраво од една мајка на бесно бебе Уште не испаднато без бубрези ме остави Моето е 12м нема седнато буквално на 11 прооди сега веќе трча. Не ме дирнуваат од страна коментари затоа што е е многу љубопитно, среќно и позитивно бебе.
Вистина го преживуваат денот преку ноќта Си легнавме пред еден саат и сега пред малку како што лежеше на меше, си се исправи во кревет и си седна. Ме исплаши и почнав тивко да му зборам, го легнав и почна да плаче. И сега како да спијам вака кога знам дека може пак да седне, а уште не е цврст? Ова стравот од лупање на глава ми брца во желудник.
Хахаха златно Моево не седнува, ама се врти низ креветче и дека во еден ќош од креветчето има тропалки знае на сред ноќ да си се заигра и од памет да не извади ко че стропа со тропалчето а ти знаеш спие... В креветче е и да се чукни сигирно имаш оградици нема да е јако А и ќе заплачи така да... Нема спиење раат, се на штрек е мајка
Кај моите сме, спиеме во мојот кревет и тој е од кај ѕидот. А како спална е, се шета на широко, да беше потесно немаше кај да бега. Мајка ми вика ќе го осетиш ако се размрда, па може и во право е. Се будам често од него.
Не се плаши.Мене беба ми брца прсти во очи да се разбудам,ама и не шета многу низ креветче/спална.Најчесто како ке ја легнам така ја наоѓам.Ако спие со мене на спална,тогаш ми е лепенка,не мрда,лице во лице мора да сме свртени.
Мајка ми мораше да земе креветче она транспортно за кај неа кога сме оти не е за оставање така уште од 6ти месец. Е сега, нормално е да си седнува, нормално е покасно да станува на креветчето и да си игра, па и да ја тресне главата, со падвење учат како да седнат без покасно да се повредат. Кога ќе ја земам кај нас во кревет, маж ми секогаш има страв кога спие од странава кај што нема никаква заштита, јас ја држам ама страв му е да не ја испуштам некогаш, секогаш ја осеќам кога ќе мрдне, а ако е меѓу нас и стане, го тегне на мм за уши. Така да доколку едната страна е заштитена немај гајле,прво што ќе направи е тебе ќе те замара ама креветче е најбезбедно дефинитивно.
@Jana06 И јас сакав да ти речам да си земеш едно креветче за кај мајка ти, монтажно некое, има и за 3000 убави. Ќе си седи кај неа и кога и да одиш, бебе ќе си има за спиење безбедно. Па и како игрална ќе си го користи и сега и понатаму.
Не ми дошло на памет зашто со короната ретко доаѓавме ама да ви кажам преубаво ми е, вака 10 деца ќе исчувам Па креветче сега е опција
Оооо тек је почело мојата во сред нок се буди ке седне и ке се наведне нанапред во седечка положба и ке заспие и незнам дал да се смеам ил да плачам и ке ја преместам одма се расплакува
Секој месец нови стресови Таман ќе заврши нешто, ете ти ново. Денеска се занесе на страна, падна врз играчка и се изгреба на образот. Кога видов крв ми се стемни. Добро, бар не удри јако само гребнатинка е. Два дена само околу него сум, го оставам да седи и да паѓа, само нека зацврсти да здивнам малку, додека не почнал да оди по креветот
Можеби прашањево не е за овде но сакам да побарам мислење. 7 месеци и 10 дена е малава. На бањање приметив дека долните ребра и се поиспакнати и како подвиени да се на допир Дали е можно од тоа што седи и да е така свиткана? Почна да седи по малку од пред 6 месеци некаде, сега седи сама не паѓа. Неможам да се смирам, отеков од плачење Секакви мисли ми идат во глава.
Нормална појава е кај многу деца, и не е од седење. И на мојата големата и’ беа испакнати, па ортопед ни зголеми доза на Д3 и се среди. Не паничи, однеси ја кај ортопед да ја види. Не е ништо страшно
Мајка не плачи за ова, смири се. Не е ништо страшно и кај нас и кај други членки тука бил ист случајот. Не е од седење туку од дефицит на Д витамин и омекнале ребрата и од држење во раце (најчесто) се оформуваат така нанадвор. Ортопед да ви ја препише потребната доза на Д витамин, да не ја држиш во раце свртена нанапред со раката да не ги притискаш, во количка/релаксатори да не ги врзуваш каишите преку рамена и ќе се среди полека.
Абе не за џабе реков тек је почело кај нас свекрвата е таа што се тресе ако е до неа... Не дава влакно да падне... Беба лази и свеки лази.... Да беше до неа бебево уште не ке лазеше а тек па да пробува да се исправа само нешто и брани.... Јас сум поладна.... Не дека не ме боли ме кине ако нешто нејзе ја заболи ама ако почнам да паничам беба само појако ке плаче и ке има страв да ги повторува работите... Вака ако се удри се учи и знае за следен пат
Еве ние имавме сличен проблем па по совет од Антоние пиеме поголем доза вит д3 кпнкретно 1 капка на кг телесна тежина Не велам дека треба и кај вас но место да се потресуваш закажи си термин кај некој посаглам ортопед ке прегледа бебе и ке те советува што и како понатаму
3 ден како не сака да се бања А од вода не сакаше да излезе, не знам што му стана. Пробав на разни начини да го избањам, и јас се пикнав во туш кабина и пак плачеше од петни жили. Денес се мислам во када да влезам со него, меѓу нозе да го земам. Некој слично искуство?