Под туш со мене. Јас завршувам со плакнење,маж ми ми ја подава гола и чека со крпа да ја земе пак.Не плаче мојава,обожава сега за сега,само во интерес на време сум направила вака.Интересно и беше под туш,се смееше.
Еден период нема да сака да се бања после нема да сака да прави нешто друго и така, се е период. Пробај не губиш ништо.
Мајки, од кога почнале вашите со некои фацички да изводат? Ова моево последниве дена едно фаце што прави, како демек се мрштам на моменти, па се смеам. Многу е смешен. Ко да разбира и ко да селектира познато од непознато, па на непознатото ја прави онаа фаца на собирање веѓи. Ама многу навика му стана. Да напоменам, 8 месеци е. Прават и вашите некои нови гримаси?
6ти ден како е само на цице, живци немам поќе.. бега од храна и бега. 7.800кг е 10 месеци имат, струја брза е, не знам кај се исклучвит момичево, да одморит малу,од кај олку енергија ја не знам. Тек после година дена ми велат докториве ако не јади да и давам сируп некој за апетит. Како новороденче да имам дома, секој пола саат цица. Ах цицањето.. рано сум од касање и штипење, не ако речам намерно по силно кса, татко и е инает ама ваков немам видено до сега.
Најверојатно се заби. Синко околу година цицаше месец и пол, само и само цицка. Вадеше 4ки и 3ки истовремено. Храна ни залче. Провери и крвна слика, ниско железо и хемоглобин може да тераат на нејадење. Ама поверојатни се заби.
Крвта и е супер, извади само долни кеца пред месец дена, можно е да се заби.. обично не е јадач голем ама ужасно е нервозна кога и нудам да јаде и одбива сега ни залче да касне. После долни кеца, кој идат на ред?
Кај нас после долните излегоа горите. Месец ипол нервози и нејдење додека не пробија горните кецови..
И јас вака го бањам од почеток од Laila да не се инспирираше и ти, ако ја следиш? Ама веќе е голем и знае да се распрета, па ќе мора во кадичка
Кај синко горе двојки, па кецови, скоро во исто време и доле двојки. Нема правила. 4ки и 3ки излегуваат едни па други, кај синко заедно.
Скроз уште во бременоста и' ги гледав видеата, и само ми прераскажував на маж ми што и како ќе правиме хаха. Ептен ми се свиѓа едноставноста, а ќе ти ја препорачам и книгата за индијанските племиња и начинот на одгледување на децата, која цело време ја споменува
Хелоу мајкички како сте? Како се бебушите? Многу сте се изнапишале неможам да ве прочитам сите Еден извештај за нас. Беба е 9+ Немам баш време, бебе и дадичка се активни 24/7 и мислам дека не се доволни тие часови, уште да има уште ќе лудуваат. Моја беба лазе низ цел стан, се живо ја интересира шо ќе виде сака да земе, особено патики сака многу да јаде и тоа право ги врте одоздола директно на ѓон Од поодамна викаше ба ба ба и дада сега почна мам ма ма и тат та, таткото ќе снесе некое јајце од радост тапшин тапшин и е омилена и сама си шлака со рачињата. Ја учев да прави здраво на неколку пати и ми успеваше ми подаваше раче ми правеше здраво сеа учиме колку ќе порасне да дига рачиња и мн и е смешно. Си цицаме ностоп ама многу ме гризе за брадавиците. Ручка два или теи оброка зависи кога како, исто водичка пие и така. Во главно мирничка е, не ми е проблематично бебе пу пу ама само заспивањето ни е тешко. Кога беше помала баш пишев дека се оптега како пушка се стега кенка и не може да заспие сеа пак ја фати таа фаза. Не знам за вашите бебуши ама навечер кога се буди за цицање лази низ спална или се буди и си седнува, миже и кенка. Знае и по 4-5 пати да се разбуди. Гримаси прави, знае врата како се отвара ѕвончето кога твони одма лази да виде кој е
Период е изгледа. Мојов чкрипеше интензивно кога му излегоа горе и доле кецовите, сега поретко. Читав по други теми, само не му викај да прекине и не реагирај никако, зошто ќе мисли дека е интересен па уште повеќе ќе прави. Игнорирај ако можеш. Мм се ежи само урла кога ќе зашкрипи мали
Игнор му е мајката на се изгледа хах ако кажам не, таа упорно го прави тоа, почнав да стискам заби кога ќе ме касне за брадавица оти ако и речам не, посилно каса, ако и речам не кај ТВ таа намерно таму седи, ако ја игнорирам се трга. Како го поминавте иначе вие скокот во 10ти месец, тој што е до кај 44та недела, пошо ја сум на раб на нервен слом.
Скокот да ти кажам спиеше, почна да спие од 9 до 3 прв пат во животот. Се препородив, тоа траеше недела-две. После само што заврши скокот, дечкото се врати на стара песна, будење (плус со плачки) на 2 саати и буден седење од 2 до 4. И сега скоковите ги прогласувам за умрено кај нас, вади 2ки горе и ова понашање се должи на тоа.. Иначе горе доле си е ист, не дава пресоблекување, јаде со лажги и не седи мирен ни секунда..