Зависи која грамажа јаде бебето, јас и правам 90мл или 120мл млеко како за пиење и истурам гриз одприлика варам 10минути, можеш и со инстант гриз одма да измешаш и дадеш.
Го вриеш адаптираното млеко? Јас знам тоа не се врие, инстант каши си ги правам со адаптирано на таа температура што е дозволена, а гриз или сутлијаш варам со вода па после додавам малку ад.
Со кравјо органско правам гриз. Претежно користам инстант житни прашоци кои веќе содржат ад млеко,ги мешам со вода,но сосем е во ред да се употреби 100-200 мл млеко за да се зготви млечна каша. За АД не знам,не сум купила никогаш,само знам дека не смее да се вари никако.
Барем јаде, мојава еве 9ти ден ништо.. мене скоков ме уби, не спиет ич преку ден, на вечер ми се будит нон стоп, плачка е голема, како друго бебе да имам, до вчера заспиваше супер, сега пред секое заспивање хистерија.
Да не го урочам, само зинат е во муцето. Храна не одбива, особено ако ние јадеме и му даваме. Неговата му се здосадува кога ја јаде и цело време се натегаме сака да брца во тањирот, и играчка што му давам да се лаже намерно ми ја фрла на земја па ја гледа и додека не му ја дадам не зинува, и после кога ќе му ја дадам пак ја фрла намерно и пак ја гледа, така едно 49494 пати на секое јадење, ама не се жалам, барем на крај изел. Цица 2 3 пати во 24 саати. Со спиењето и ние сме за никаде, нема ред, знае да спие пола саат попладне и да стане свеж насмеан, порано барем отприлика знаев колку му траат дремките, сега секој ден нова прича.
ponekogas mi se cini kako isto dete da imame.So spienjeto koga ke opravime so ognometi ke proslavime.
Дечки, кога ви почнаа да лазаат директно и почнаа да се исправаат или не? Мојов се фаќа за креветот, за мрежата, за перница и се исправа ама не е стабилен и понекогаш паѓа (се превртува) на тилот. Ај на кревет 2 пати, ништо, ама на под ако ми падне, страв ми е. Нели прво треба да седне, а не да се исправа. Уште нема седнљто, лази веќе една недела.
Нема редослед. Мојов на 8 месеци седна, па пролази, па се исправи на 9. Има бебиња од лазење седнуваат, се е ок. Исто оди по мебел и не е стабилен и мене ми е страв да не плесне ама позади него цело време ќе бидеш, тоа е, доста напорни се овој период..
Зборете ми за заби и скокови и крокодили за пресоблекување..... Нокта се буди како новороденче нокеска глава ме заболе а заспива добро до кај 8 и 30 е заспана и тоа сама..... Преку ден има две дремки со цицање заспива Ама забиве не да ги чкрипи, и излегуваат одеднаш 4 или 5 заби нокта се си мислам ради тоа е немирна и кенкава А за кажување НЕ мислам дека разбира и намерно се труди да го прсви тоа што не треба .... Да вади лајсни, да гребе зид, да оди таму кај што нема послано за неа на подот и е ладно, да се врти на десно кога лажицата со храна е лево да фрла играчки и чека да и ги вратиш па онда опет наново Ама све у свему мн ми е забавно и ја обожавам
И пред да турне некоја работа се врти, ме погледнува и се смее Џабе јас урлам не не не! Среќа елката не му е интересна! Туку некој бил на консултации со Dr.Goodnight?
Јас сакам да ја ангажирам. Ноќеска 2 ипол саати беше буден, многу бев нервозна. Не заслужува ваква мајка детево. Мора да го решиме проблемов..
И јас почнувам да станувам нервозна. Сето тоа е поради ненаспаност. Исто и мојот, се разбуди во 3 и до 5 не спиеше. Не ми е тешење дека забите се проблем... Еве го преку ден спие труп, и тоа скоро 2 и пол саати.