Бравоо! Good job! Ајде уште малку навика и ќе наните сите како шо личи. Моево заспа во 20 и 15. По 1 сат заплака, легнав до него, го тапнав малку, го погалив и продолжи. А се побуна 3-4 пати. Мислев дека ќе стане во меѓувреме, ама еве сѐ уште спие. Наредно ќе цица. Па потоа не. И да видиме како ќе ја биде ваа работта.
Јас решена сум и тоа дефинитивно! Па еве стана првпат по 3 часа од прееска. Сега во меѓувреме ако стане не се предавам, нема цицање. Тек во 3 часот наредно. Па сабајле. И ден два така, па ќе зголемам.
Со ќебенце тенко е, ама со пиџамки е и таман му е. Во дневна спие, топло е. Вреќа немам пробано, ама мислам дека нема да ја сака, жешко ќе му биде. Прва вечер тренирање. Се разбуди во 2 и пол. Последно цицаше во 12. Му дадов да цица во 2 и пол, од двете гради. И шо дека... Се разбуди. Се изнервирав и се вратив во спална, а со него остана татко му. Во 3 и 15 кемкаше, татко му нервозен, идааај вамуу. Ајде станав и си реков сега нема цицање. Почнав да го вртам една друга страна. Прво помалку кемкаше. По некое време почна посилно, сфати дека не добива млеко. Му ги слушнав цревцата му скркореа. Јас . Леле шо прам со детево, демек го тренирам а то гладно? Не се откажав, продолжив да тапкам по газе. Си реков ако е гладно, ќе цица после. Почна посилно да вришти. Прстето в уста ги цуцаше. На моменти и жал и упорност и стопати си реков не си лоша мајка, не прајш ништо лошо. Плачеше скоро сат или сат и пол. Со прекини, не цело време. Ме тргаше за пиџама, ми се качи одзгора, го отвараше устето. Ама го враќав странично цело време за да можам да го тапкам. Скоро два часа фати заспивањето, ама заспа па липкаше во сонот. Сега си велам, заспа дека му дојде времето или ова нешто техникава (ќе) упали? @Dikinzi , се слушаме? Да продолжувам?
Едно прашање сега ме мачи. Гуднајт вика откако ќе заспие и ќе прескокне непотребното цицање, да му се даде во сонот во времето кога треба. Не знам шо да прам. Таман заспа, јас сега да го реметам за цицање. Ако се разбуди? А и не е новороденче сега, па во сон да цица Да му се дава во точното време за да се запази доследност или да го чекам кога ќе се разбуди?
За ова редов од гуднајт не можам да ти кажам, но за тргање подој, пример кога ќе стане првиот пат, пробај да не му дадеш да цица. Не го оставај сам да плаче (освен ако не сакаш хардкор тренинг), туку заспиј го на друг начин. Рачунај ако не сакаш да го земеш, потешко ќе се смири. Работата е ако не сакаш да го слушаш како вришти, не го оставај да стане толку вознемирен до фаза цицето да му е единствениот лек.. Нишни го, гушни го додека не е свесен толку и ќе заспие.
Кај мене во спална е 16 степена, кочан е. Спие со тенки пижами и вреќичка, плус јорганче горе има над неа Ние спиеме со ќебе под нас, дебели пижами и јорган врз нас. Е сега,бидејќи веќе не бива вака, од вечер ќе ја уклучувам панелката. Ух, кај мене не плачеше толку, плус јас и давам навечер да јаде кашичка. Прво кашичка, па потоа се спремаме , пижами и се по ред, па цица. Ти му даваш кашишка навечер ?
Па многу доцна му доаѓа ручекот. Околу 5 и пол 6 попладне. Ама не јаде нешто многу, па да речам најаден е. А заспива до кај 8 сатот. Јас ќе продолжам уште некоја вечер. Ако има фајде, преубо. Ако не, ќе баталам и ќе оставам така, да цица колку сака. Не знам друго паметно. А утрово во 6 му дадов да цица, заспано беше и продолжи до 7 точно.
Можда. Сега уште малку кога ќе има три оброка, ќе видам како ќе биде. Ама сред ноќ знаеш како се лигави, кога не призаспива. Поцицај, тргни се, па полубуден останува, пак се враќа на цице и истото 20 пати. Цицај тргни се, си велам аха таман заспа, ете го пак се закачува. Навика.
Не го земам во раце, пошо таман на кревет го научив да заспива. Да не се враќам чекори назад. Го нишкам, го галам, го тапкам. Ама вчера вриштеше дека веќе беше разбуден кога почнав да го заспивам наново. А во сон плачење за цице, немам пробано како ќе де однесува.
Пробај прво со 3 оброка, и на крај цицање, па ќе видиш дали игра улога, кај мене веќе Ема имаше 3 оброка, и знаев дека изводи
Бебево ми се исцеди од пролив значи една недела има..давам пробиотик, ориз компир морков не намалува, почнав хумана за дијареа ни тоа не помага..денес ќе одиме за крвна слика..и да го прегледаат почна и да поткашлува и да кива често..изгледа го настинав..Ама веќе се изедов ќе ми падни на килажа ако продолжи вака а таман го погодивме Ад млекото и оведовме 2 оброци сега 10 чекори назат сум..
Оф бе душа Зголеми пробиотик и пробај со оризова вода дневно по минимум 100мл. Ајде веќе направете ја таа крвна слика, требаше уште одма ама бидна. Ќе се среди, не се секирај може некое сезонско вирувче фатил. Прашај ја докторката и некои витамини да ти препише, јас 2 месеци веќе babyvit му давам се надевам подобар е имунитетот. Нема да падне килажа штом си јаде убаво, само продолжи си ги двата оброци. Ајде па пиши што ќе направите. @ddevojce На 19 степени спие по боди на долги и шпикозни, без вреќичка, покриен со ќебе и накај 2-3h фрлам и јорганче тенко ама тоа дека мене ми е ладно, он се отскрива.
@Cherry333 , за колку време му намали ноќни подои? И што прави сега кога се буди, колку често? @Dikinzi , за плачењето, баш кога пребарував за гуднајт на фб, имаше искуства од други членки на соба за доење и ад. Една пишува дека и до 2 часа без прекин може да плаче бебето. Првата вечер е најтешка, а веднаш потоа има резултати - вели. Истиот метод го опишува. Со тапкање, галење без кревање од креветче и набрзо ќе почне да преспива само. Таа за син ѝ имала тренинг, кој во најлошите денови се будел на 15 минути и во раце едино спиел. Малку сум скептик за методов за намалување подои и колку тоа ќе му влијае на регулирање на сонот. Ама гуднајт вика постепено стомачето да се навикне на помалку храна навечер. Штом стручен вака вели, можда има нешто во техниката. Леее научник ќе станам!
Пробиотик дупла доза се дава за проливче. Пример Биогаја се даваат нели по 5 капки. Големава кога имала пролив, 5 сабајле и 5 навечер сум давала, по совет на педијатар. Чисто да ти кажам, можеби и знаеш, ама ако даваш препорачана доза, треба х2. Давај и банана позелена, тиква исто, и таа ја стврдува столицата. Направете секако и крвна слика. Да помине побрзо
Јас ја имав таа среќа кратко да и биде плачењето, ама затоа резултати имаше по 3-4 дена. Зависи и од инатот на детето
Требаше ама не не примаа дека еден ден имаше темп.па демек седете дома и видете како ќе е.. Му давам и јас вит.Ц а за пробиотиков не знаев и не кажаа дека треба дупла доза па си терам со 6 капки линекс @Sexybaby86