Ние спиевме со светло до 9 месеци. Некаде прочитав дека било погрешно да се спие со светло и спие со угасено. Спие со нас на спална па сеедно ми е дали има светло или нема. Доколку спие сама во соба има светло бидејќи се симнува сама од спална и доаѓа кај нас во другата соба, за да не и биде страв оставам светло. 10+сме
А со што си играат малите ваши? Возраст на 8 9 месеци. Тука сте @elimkd @Kallias2 @RAK91 @BY<3 @Panovic @Dikinzi ... Некакви сензорни активности им правите, шо знам јас, чуди вакви такви? На син ми му се здосадија игричкиве по дома, помини замини ги потчепнува и пак на панелката ќе се залепи.
какви се тие сензорни активности Имам две три пластични играчиња што се движат и пуштаат музика ама гледам дека многу се плаши, одма ги крева рачињата ко да се предава и почнува да плаче. иначе си игра уште со тропалчиња, на подлогата што му ја зедов уште кога имаше три месеци висат меки мечиња со лепенки ги одлепува, исто и со топчиња мекани, со коцки, некогаш знае и со празно шише да се изнаигра и све завршува в уста
Ништо посебно, со играчките што ги има дома со тие, пошто е малце насилно бебе, зема, мава, тропа, го фрла, па во уста. Најчесто се фаќаше за тие што не беа играчки, помада,пудро, далинско и така натаму. Сега сака да поклопува, ако има поклопче го вади го става, ако и дадам некое длабоко чиниче пластично вади става во него, истп така оние што се како прстени што се редат на едно стапче, тие ќе ги вади, па се мачи да ги мести, ама брзо се нервира. Повеќе сака да се исправа, на малото столче, сака да сс качува и да шета, нешто не е заинтересирана за играње. Е сега од пред некој ден има ново, отвара фиоки, и вади се што има
Извини, можеби не ти е смешно што така расфрла и прави бељи, ама ме изнасмеа со зборов Речи смеј се, ќе видиме тебе што те чека
Нема посебна играчка, што и да и дадам ќе го испитува, ќе го проба и ако и здосади ќе го фрли па оди на нова. Со играчките од батко и најмногу си игра, со lego и playmobil он си ги има наместено на под и она лази и оди таму оди му ги расфрла. Со мини маус си игра ја јаде, тропалки и давам ги јаде, се јаде освен јадењето
Ништо посебно од сензорни игри, се што ќе му дадат се оди во уста, знае понекогаш со тропалчињата да се заигра. Јас мислам дека е рано за сензорните активности, бар дур не направат 1 година. Иначе уште омилена играчка му е пластично шише, научи дека има гравитација и цело време го фрла.
Хахахаахахаха, смешно ми е Ама стварно е таква Боксер ја викам Дада и, толку нежна беше, уште во стомак, а ова, ако и се доближиш мава шамари, кубе, си играчки исто така ги мава со сета сила. Такво си е детето , малце нема осет Мажот ми вика, ако ме прашаш мене, она ми е баш бебе бебе, така требало да прави Јана ќе ги земеше играчкитњ полека, па ќе го врти полека, па ќе го испита, или пак ако си до неа нежно ќе те погали..како ден и ноќ се
И јас сакам немирни бебиња и деца Едвај чекам кога ќе потпорасне заедно да чкртаме и да упропастуваме ѕидови и подови
Хехе мојата уште сега лази и растура.... Лајсните од ламинатот ни ги извади (изгледа со мочка ги лепеле) кај телевизорот имаме камен тој му ја гребка бојата со играчки се игра знае и да се заигра сама ама обавезно оди кај што не треба.... Сака да се држи за стол (висок) и така фа се исправи
И да не учествуваш ти,тоа пак ќе биде така Имам еден ѕид, баш на минење е , и сите го закачуваат, уште малце ако почекам за малтарење ќе биде Баш слика ќе пратам, малце ми е срам..ама кога ќе пораснат ќе го средиме
На мојата и се здосадени играчките и сега се радува на полначите за моб... ,штом ги види како војник лази и ги пика во уста и ја интересира се што не е за неа,, мобилни, влечки, кутии од пелени... И плус тоа на толкава подлога и теписи таа цело време е легната на паркетот.
Со тави и тенџериња Се шалам. Знае да дојде во кујна и да отвори баш кај што се тавите и вади една по една. Инаку му купив сега количиња, да ги возика по дома и по ново цел ден брмчи Брм Брм. Од толку играчки игра само со глупости. Секоја играчка му е интересна 2 минутки. Поинтересна му е четката за заби, отколку некоја играчка.
Никогаш со светло не сме спиеле ние, отворена ни е вратата од спална и тоа што малце ѕирка светло од купатило колку да видам кај ми е детето.
Мојава е 10+, од 8 месеци почна да си играт со чорапчиња нејзини, ги фрлаше и ги бркаше, па почна да вади сама од корпата и тоа и беше најинтересно, па дојдоја на ред топчињата да ги брка, а најинтересен е конецот за заби тоа паковчето ама тој служи кога одиме Чао и го држи и со него заспива веќе 3 месеци. А сега почнавме со тие играчките кој се едукстивни, почнува да ме имитира и сама да пробува, бриши бриши кога ќе и речам знае дека треба да ја земи крпатс и да "чисти", учиме да храниме мечето и да подаваме ствари, тоа е тоа за сега.