Мами дајте ми совет што да направам, син ми (11+) почна да се плаши од бања. Поради ладното наместо секој ден преку 2 дена го бањавме. Минатата недела кога го избањав се беше во ред, радување, плескање, смеење. После 2 дена кога го ставив во вода кога вресна да плаче, не се смири се дур не го тргнав. Проверувавме со мм да не е жешка/ладна водата, да не е некаде удрен/изгорен и слично. Се беше во ред и ништо различно од претходно. Сега еве веќе 3 пати се бањаме со плачење. Синоќа викам ајде нема цел, нагоре нека е облечен, само нозете да ги натопиме да се отстраши што се вели. Двапати ми се залиса со плачење морав да го скубам за коса за да земе воздух. Не знам што да направам и зошто таква нагла промена во однесување, кога до вчера уживаше во вода. Секое сабајле миеме очи, носе, раце не ми прави проблем, не знам што е работата.
И се здосадија играчките, и стари и нови 5 мин ќе ги чепни и толку. Најмногу се заигрува со силиконските лајчиња за јадење и шише пластично, 1 саат да ја оставам и ќе се занимава со нив, за чудо. Кога ќе видиш џабе пари за играчки.
Истово не снајде и нас...барав чаре неколку страници поназад. Еве скоро 2 недели како не сака да се бања, а уживаше претходно.
и малиов исто. Толка подлога од али му ја нарачав, тој на паркетот на ладното, да му настинит газот. Сега ја тргнав, не ми одговара со крисмас мууд.
Онакви игри со разни предмети да вежба повеќе сетила. Пример на картон ставаш сунѓерче парче фолија, нешто рапавко малку, материјалче меко, па нешто шаренко итн. Некако ми е ко на детево да му е досадно. Затоа сакав за идеи да ве прашам или на пинтерет ќе барам, а никако не успевам да му направам сега откако се движи на големо. Пред ова му правев еднаш со цевки пикнати во дупчињата во цедилка за лимон, ги грабна ги пика во уста, грлото си ги почеша. Ааа тоа на 6 месеци јас... Малку го исфорсирав детето хахах. Сега едно шише со вода да му се клати му дадов па чат пат го мерка. Исто и шише со гел со боја и разни шљокици му наполнав, само ептен го лиже, страв ми е. И да, еднаш уметник ќе го правев со бои да мачка да ги притиска на подлога а над неа најлон ама и тоа комси-комса
Ми даде идеја! Ќе му купам едно пластично тенџерче со капак. Да не му давам од покуќниве да ми тропа цел ден, вака можда ќе учи нешто ново. И една лажичка или мешалка да буричка внатре. Од кујна, само подлошката за под тенџере му ја давам, гумена е, одлична за масирање непциња.
Уште сте со јадење "прај си мама и јади си го сама"? Мојов пројаде. Благото му е по мерак, ама и брокула со друг зеленчук си јаде. Знај дека ќе си пројаде во свое време. Без брзање
Аууу Олиии мислиш онакви црни ѕидови ко табла? Хахаха Такви може, другите не! И јас сакам потемпераментни деца, ама педантни да се. Аха сигурно, магаре и музика . Ко шо сум фрик по чистота, уф како да се чкртка валка итн итн... Му викам на маж ми - ќе почнам да запишувам датуми на лист кога сум чистела вц, кујна кога сум смукала. Нешто слично како по кафичине шо прават
Ееееј ќути, таман почна малку од малку да отвара уста, неколку дена добро идеше, еве сега 2 дена пак истата песна Веќе не се ни замарам искрено да ти кажам, јас важно нудам и секој ден правам и доручек и ручек, овошје и зеленчук, па она ако јаде јаде ако не ништо. Под јадење се подразбира да изеде 3-4 лажички максимум. За цела чинија да изеде охх ќе се изначекам изгледа
И јас сакам да знам кој е начинот. Не спиеше досега во креветчето? Стварно како да се натера да заспива тука?? Дај кажете идеи совети. И како да му е попријатно креветчето? Вака ко во некое затворче ми е, само меката ограда и душекот со бел чаршав. Мечиња перниче шуш муш никако велат. А на четвртата страна што да има?
Колкаво е бебе? Ако знае само да трга шо му смета, нема проблем од мече, тоа важи за бебиња кои не знаат да си го тргнат тоа што им е до главчето, не се поместуваат уште во спиење.
8 и пол. Трга сѐ, дури и си го поставува ќебето врз глава за да играме "каде е бебето" ЅЕее! Врти глава се поместува без гајле. Дури не е заоден да го префрлам е предизвиков.
Не, спие со нас на спална. Неколку пати полузаспан го спуштам во креветче ама за секунда е исправен и залепен на ограда...
Не, не Мислам на прописно чкртање на ѕид со боици. Низ цела куќа ќе му дозволам да чкрта, па кога ќе му помине фазата, ќе искречиме Пред некоја година ќерката на едни роднини ми црташе по ѕидовите кај нив дома торти, кукли (тоа беа чкрабаници, нормално), па цела фантазија приказни што и како е поврзано сето тоа. Ептен слатко ми беше, цела внесена да раскажува што нацртала. Кога си дојдовме дома и ги видов нашите ѕидови сите бели и недопрени од дете, му реков на мм дека еден ден кога ќе имаме дете, на нашето ќе му дозволам низ цела куќа да црта, дека и јас со него ќе чкрабам по ѕидови, ќе се забавуваме и да си планира реновирање кога ќе му помине желбата. И сега едвај чекам да дојде до таа фаза, да си ги сликам ѕидовите дека и нашите некогаш не биле бели Си поплакав сега од среќа во ниедно време
И јас го имам ова во план за во нивните соби. Ама тоа кога ќе потпораснат и ќе почнат да си спијат секоја во своја соба (или па двете заедно во една ако така сакаат ). Во двете детски има по еден голем бел ѕид спремен за шкртање и боење кога ќе дојде време, уште одамна со мм се имаме договорено
Вчера наполнивме 6 месеци. Времето лета ли лета. Како вчера да се породив и ми го донесоа синко да се запознаеме. Дури и паника ме фаќа. Си мислам, уште толку и годинка. И моето бебе ќе порасне. Туку да ве прашам како го истуркавте 5 скок ( за тие што се родени мај)? Синко го заспивам денски во раце. Спие по 30 минути. Плаче без причина. Најаден, преслечен на време. Знам дека сега забрзано се развива мозочето и дека и за него е ново, стресно. Но, ептен сум изморена. Пишете мајки некој збор за утеха.
Мајки имала ли некоја искуство со Ешерихија Коли во урина кај бебе, 7 месеци сме, по два пати качување температура до 39 ни ја најдоа бактеријава. Пиеше една доза амоксиклав ама уште е присутна
Јас не го осетив петтиот Можеби 2-3 дена нешто кенкав беше, инаку баш за време на скоков почна да заспива сам и во креветче, да спие подобро од секогаш