Не прашувајбза нервоза, неможам да се поднесам во некои моменти. Кога ќе почнат и големата да мрмка и маленкото да кенка лелеееееее нервен слом ќе добијам. Не се справувам никако.
Никој не оспорува и не постои никој што не го сака своето дете најмногу на свет и се максимално посветува и ужива во мајчинството. И неминовно е дека уморот ќе го снема, моето прашање беше друго да сподели некој доколку постои што има силни главоболки и што му предизвикува дополнителна нервоза сето тоа како се справува на кој начин со проблемот.
Мене ме боли глава кога сум дехидрирана. Пијам многу вода за неколку саати и ми поминува. Е сега, главоболката од стрес и умор е различна, ме боли и по 3 дена. Поминува кога ги спијам сите дневни дремки со него. Освен помош да побараш од блиските, не знам како на друг начин да си олесниш Те разбирам скроз.
Имам пробано два начина, ама не е за фалење : коса си корнам буквално и една модринка си направив од шо се лупнав со тупаница по нога. Ама не пробувај и ти како мене . Најубо то шо ти е мерак за да се истушиш, то напрај го. А за главоболката, ох мамии.. кафе со лимон, дремки да користш кога можеш масажи на главата, лесни масажи на телото.
Далеку од тоа, не ни мислев дека некој не си го сака своето дете.Само сакав да ти кажам дека се е во нашата глава, ние го програмираме мозокот, ако ги прифатиш работите како што се ќе ти биде многу полесно.
Можда имаш позитивен став кон нештата, ама кога си наспан поизразен е тој став. Верувај дека кога не ти дава душата да бидеш таков тоа е и нема што друго. Сѐ е тоа минливо, да, ама немање сон и тоа како ја затапува волјата, функционирањето нормално. Пред некој ден мини-депресија ме фати. Ич волја немав. Во ред и да испцуеш и да си нервозна да не потиснуваш... посилно е од мене понекогаш, не можам поинаку. Што ако си ја повторувам ко дефиниција реченицата: ќе помине ќе помине...? Кога не знам кога ќе се стабилизира; мозокот се суши од неспиење, срцето ми потскокнува на секој плач и сред ноќ сила да најдам за да го смирувам бебето. Ок, мајка сум, фала на Бога за тоа, ама секако дека не сум робот. Следниот ден од умор, не дај боже сѐ се случува. Ќе заборавиш нешто вклучено, немаш сила за играње, за низ домот раскревање... Се надеваме бебињата да имаат и мирни периоди, за кога се бурните да имаме сила да се справиме.
Затоа поддршката од сопругот во тие моменти и те како е битна. Тие мали слатки маки ( навидум) можат да направат големи проблеми покасно.
И јас имам силни главоболки. Што од нервоза, што од синуси, што од ненаспана. Голтам Вентор и Аналгин. Не ми помага. Се повеќе сум исцрпена. Само мм ми помага, т.е. учествува во родителството. Незнам и јас што да правиме и двете? Ако има некој убав совет нека пише, нека ни олесни, нека не просветли.
Јас не верувам дека бебе плаче постојано 24/7 Кога тоа дремнува дремни и ти, кога сопругот е дома нека го изнесе надвор нека го прошета ете пак време да одмориш Мајка, свекрва во посета нека го позанимаваат легни ти в соба јас лично поголем дел од денот сум сама, бебе преку ноќ се буди 2-3 пати цицнува и продолжува, преку ден е будно на секој 2,5-3 часа, за тоа време малку на подлога, малку в дубак па јадење па ќе го заспиам и јас си лежам со него. Не велам дека сум одморена далеку од тоа ама сум помирена и навикната на малку саати спиење. со бебе треба многу многуу трпение
Провери притисок да не имаш. Исто така @Jana06 арно пиша, може да имаш главоболки и од дехидрираност. Јаа така во бременост лечев главоболка, 2 чаши вода наеднаш, и се смируваше. А сега, знае да ме фанат од промена на време, од неспиеност, ама да ти кажам почнав мака да гледам и од притисокот. Ептен ми паѓа.
eve jas konecno otidiv na proverki i zelezoto i sekerot mi e mn nisko pa od toa se proizleguva i drugoto.
Притисокот ми е супер, фала му на Бога. Главоболката е од нервоза, синуси и што не сум наспана убаво.
И тоа проверив и се во ред. Закажав за уво, нос и грло, поради синусите. А, за нервоза ќе почнам со камилица и Валеријана.
Зошто не си наспана,период/скок е или хронично е веќе? Јас иначе каква спанка бев,по 10-12 саати ми требаа да сум таман,сега со 5 саати и тоа исцепкани го издржувам цел ден.Се навикнав. Порано дремнував со неа,сега само лежам покрај неа и така одмарам..си чачкам не тел или серија на Нетфликс гледам.
Уште сме 0-6м ама овде се поголемите бепчиња па да прашам. Кога научија да прават браво со рачињата, тапшин тапшин, да си играат "ѕе" со вас и некои такви работи?
Синко е во скок. Ама мислам дека е веќе хронично. Од кога се породив не сум убаво спиена. Синко да закенка, будна сум. Тоа е. Нека е жив и здрав. На смеење велам мама ќе спие кога ќе умре.
Кога плаче маленкото мм ме гледа дека нешто искри прскам на нерва ме бие ( не секогаш де) одма ме прашува дсли сакам трето му викам шо ти е криво третото ако плаче второто туку моја беба ми качи температура минатата недела беше затнана полека почна да и поминува велам добро е ќе се оправи, и денес оп и тоа одма право 38/7 аман веќе.
Леле како фати ладно и тмурно и јас сум за никаде... Предходно барем ке свртевме круг со малата бар 30 мин.... Сега тука врне веке 3 дена не е за излегување и башка ситуацијава нигде што не сме мрднати и мн сум нервозна.... И знае глава да ми пука некогаш... Пред некок ден дури имав нагони за повракање од главоболка и со парацетамол едвај ми се смири.... Инаку кога како денес сум нервозна со некоја поголема причина обично чистам.... Значи тоа толку многу ми ја вади нервозата страшно нешто .... Едноставно се истурам врз предметите