Имаше 39/9 ја носев на дежурен се е ок чиста е некоха инфекција кажа. Лошо е шо има висока темп и треска. Целата е ладна. ПЧепот не држи ни 4 часа. Ке му дојде на триипол часа најизменично парацетамол и ибу. Ми се спие ми се плаче мене, еве у спална полулегната беба гушкам до мене спие и чекам темп да падне. Тел ми е навиен да ја пратам дс не заспивам. Мале нека помине самопобрзо
Кај нас беше исто, 2 пати ми крена температура до 39.1 на клиника установија само инфекција некаква, направив сама урино култура излезе Eserihija Coli од тоа качувала температура,исто ни чепче ни сирупче не и делуваше на температурата
Шо да ви кажам треска имаше цела вечер, преку 39 ладни рациња и ногички како лист се тресеше цела вечер спиеше во мене. Три часа држе чепот само па спие мирно , и одма преку 39. Добро е шо на таа висока темп пие. Водичка по малку и цица. Последно и ставив у 4:30 ибу. Делуваше тај пат подолго и дури сега пред пола час парацет. Ај нека мине побрзо.
Веќе е 7 ипол месеци а навечер станува по неколку пати. Ве читам, гледам слични ситуации имаме сите, ненаспани, нервозни. Вчера морав ама МОРАВ да одам надвор од државата, ме немаше цел ден. Сабајле тргнав но се вратив дека плачел, цицна малку се смири и отидов. Цел ден плачел, малку време бил смирен и си играл, малку јадел (инаку си јаде кашички, пие вода) , кога стигнав дома одма друго бебе, се смее, ми се радува, срце мало. Прв пат беше без мене. И синоќа веќе преморена, вчера повраќав од главоболка, исцрпена, а он се буди, не заспива, до 4 сабајле пеевме си игравме но во 1 момент ме фати таква нервоза што се тресев нагло го дигнав во раце, пцуев, сега ми е криво. Вака сигурно ќњ биде и кога ќе тргнам на работа. Се мислам да почнам кога ќе можам да го оставам со свекрвата, јас да бидам во близина но да не ме гледа. Одбивањето од цице ќе биде многу тешко но постепено на овој начин ваљда ќе биде подобро. Од друга страна маж ми ме набедува, нејќе да и го оставаме на свекрвата да не си зела многу за право. Ама ова е човечко суштество, наше дете, никој неможе да не замени нас. Она и да премине граница (како што направи на почетокот) пак ќе ја дистанцираме на културен начин. Сепак мислам дека не е лошо да и го оставам затоа што кога ќе тргнам на работа или за други ситуации ќе ми треба. Сигурно нема на комшиката да и го оставам. Како се справувате вие, споделете искуство затоа што веќе се осеќам изгубено. По логиката на маж ми веќе осеќам вина што и кажав денес да се подружи со малиот.
Оф душа.. Од вакцина реакција или настина? Сигурно си многу насекирана. Моево пред некој ден од вакцина имаше температура над 38, не се симнуваше. Свекрвата ми даде совет што помогна: натопена газа во медицински алкохол помешан со вода (оти нежна кожа имаат и плус да не вдиши) и му ставаш на градите и на грбчето. Држи малку, тоа испарува. Неколку пати дневно повтори. Пишувај како е, дали има подобрување.
Пред десетина дена ми настина големата, беше многу затната. По два дена и маленкото се затна, па чистевме носе. Ги носев на преглед рекоа се е во ред само настинати се биле. Голема се оправи, почна и маленкото да се подобрува кога вчера качи темп и синоќа ја носев у девет на дежурен, ми беше страв да нема нешто на гради ама нема чиста е, рече некоја инфекција и само чепчиња. Подобра е денес нема висока темп дпкај 38/2 качува ама ставам чепче пак да не дигне висока. @strelkata неможам со ништо да ја мачкам ниту облоги да ставам оти на високата температура има треска, ладни и се рацете и нозете, па ја гушкам да се стопли и си спие мирно во мене. Нека ми се опорави само
Не ти ја знам ситуацијата со свекрвата.... Ама и јас си имам една мустра од свекрва за која да не должам на неколку наврати имам пишувано..... Но ако треба кога ке одиш на работа да го оставаш на неа подобро почни од сега по малку и под надзор.... За да кога нешто нема да ти се допадне да уочиш И секако дека ке има расправии стегни заби и држи се на своето
Majki.. Nova sum vo temava pred nekoja den napolnivme 6m. Pred okulu 2 nedeli bebo pocna da ne mi pie mleko epten po malce a pocna i kasickite da mi gi odbiva, e sega neznam dali do mekoto e nesto ili on ne saka da jade. Dajte nekoe iskustvo i sovet dali da smenam mleko i so koe ili sto da pravam?!?
Може да се заби, обично кога вадат заби јадат минимално. Нс менувај ништо, почекај. Терај си го редот како и досега
Како преминавате од блендирано на пасирано,парчиња, 9 заби имаме и уште блендираме, вчера му дадов моzarela за малку ќе се задавеше а испасирана беше... ?? Помагајте мајки @Cherry333 @SanelaS
Моево има година и уште не плеска со раце. А чао сега почна да покажува пред некој ден. Знам деца што од 7-8 месеци плескаат, па и порано, секое во свое време. Ако ве гледа и прати, реагира на играње, се смее, итн, нема простор за секирање.
И мојов не знае баш да џвака. Му давам парчиња нешто помеко, ама го гледам директ голта, не џвака.. Или некое поголемо парче од потврда храна ако му се најде во уста го чува, не голта. Не знам што ќе правам и јас, 6 заби има
Секое бебенце е различно, некое порано, некое покасно. Само гледај да има комуникација со тебе, кога го викаш да се врти, да се смее, кога му покажуваш нешто да се интересира и да сака да пофане. Првото викаше чао на 10 месеца, браво на 9 месеца. А викаше " не" на 11 месеца. Ова второво, почна браво да кажува нешто пред 9 месеца, чао на 9 месеца, а еве ја 10 месеца неќна направи и прави "не" со прстето и со главата ( ја мрда лево десно). Исто така ако се доближи до нешто што не треба да го фаќа, се врти, ме бара, и сама си прави не А за "ѕе", почнаа околу 8 месеца, не знам точно, кога можат сами да се покријат со ќебенцето.