Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Се смета дека поврзаноста на температурата со вадење заби е уствари мит, кога никнуваат заби не ретко доаѓа до пад на имунитетот на бебињата и во тој случај креваат температура, а ако е над 38 тоа дефинитивно не се запчиња во прашање.

    спиење на потврд душек во првите месеци е најбитно, посебно за облик на главчето, ако поцврсто си спие на помек душек на твое место би и купила.

    Иначе и моево од кога е родено има многу лесен сон, се случува да ми заспие на града и да се подразбуди кога ќе ми кркорат цревата. Му пуштам некогаш бели звуци така поцврсто спие
     
    На crazylady и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  2. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    772
    Браво за тебе.
    Јас на почеток го дозволив тоа, бев некако изгубена, хормони до плафон.. Почнавме да се караме со маж ми. Откога си отиде одма си се осетив поспособна, полна со самодоверба, си се поврзав со бебуш син на мајка не се дели од мене :inlove: и поставивме граница, маж ми уште цврсто си стои на тоа и не и дозволува блискост. А свекорот има осет па и кажуваше да не ни досаѓа.
    Разбирам дека сакала да ми помогне, верувам дека немала лоша намера ама многу ни сметаше тој претеризам. Не сум љубоморна, кога доаѓаат и дозволувам слободно да си игра со него, и јас сум растела со баба знам како е.. за тоа време јас одмарам или си завршувам работи по дома.
    Но за второ бебе ни свекрва ни мајка ни шајка :D сама ќе си се справувам, само Господ да ми даде сила :muscle:
     
    На babyboy1, eta, Chuchanov и 3 други им се допаѓа ова.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    7.013
    za nekade 18 godini ke vrzeme nekoj saat
     
    На elenaklasik, elimkd и Cherry333 им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Мене ме фаќа за косата позади уши со двете раце и како што викаш ме лигави по лицето. И јас така си викам се чеша, а пред некој ден го слушам мм го држи и му вика 'Кога ќе ме бацуваш и мене како мајка ти'. Си викам да беее, може ме бацува детето :D Како и да е, преубаво е чувството :)
     
    На Lady Leona, elenaklasik и SanelaS им се допаѓа ова.
  5. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Можеби е од запчињата, ако е настинка или грип ќе покажува и дента темп.

    @dunika фала шо не мислиш. Немав време да се окл вчера. Моја беба е супер денес. Вчера бевме на доктор и уште непрегледена ми вели сигурно е некоја инфекција штом у петокот не ви дале ништо и само темперстура има. Вика може да трае од 3-5 дена и до темп до 41 :shake: и можно е после од коќе помине темп да добие осип по телото. тоа викам е многу, има ли пролив, викам денес многу водно и плус зелено. Вика епа тоа е ама ќе ја прегледам. Се е во ред сма грлото црвено е. Да инфект е вика. Викам ај земи и крв. Ме гледа и вика јас сум еднаш годишно фин и понекогаш ги слушам мајките. |( Викам се у реду ти си фин ама понекогаш имаме конфликти и знам ти ди доктор и јас сам мајка, мсјките знаат понекогаш од доктор повеќе :?: викам да ние идеме тука на преглед ама поарно ми е да те сретнам на улица отколко тука :rofl: Ништо чепчиња само крвна слика иреду само две вредности намалени поради темп. Вчера ми качи уште еднаш 39/8 и потоа се намалуваше. Денес до 38 и веќе нема. И ич да нема темп веќе. Некае подалеку од сите. Има само осип по телото како што кажа. Фала богу добра ми е беба.
     
    На strelkata, mal.ecka, lavinija28 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Од што може да се овие?
    Прртходно имашр две исто вака кај градите, ама за една вечер му исчезнаа.
    Сега на лиценцето има...
    Вчера пред спиење немаше..
     

    Прикачени фајлови:

  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Тие брунчиња вака може да се оод жешкото, ако е претоплено бебето, многуоблечено или топла присторија. Или уште се чистат па тие брунчиња им излеват
     
  8. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски

    Фала му на Бога, конечно :hug:
     
  9. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Мами јас тука да си прашам дали некоја со 10+++почнала да дава белка?? Како се воведува? Како жолчката секој ден 8мина па 4тврт па пола итн или другачие??? И дали на вашите малечки им давате нешто од дома месено???
    Се имам раздомакинето нешто правев кифли па малава со очи пие тоа што "не треба" да јаде
    И дадов со цел страв пошто нели има белки млеко.... Ме интересирапе како правите вие.... Дали се потресувам за џабе или??? Мислам секако не давам на беба кифла за да се најаде ама ете мерак ми е јас сум замесила и она да проба
    Исто ме интересира и АБЦ крем сир дали дава некоја
    Беба тарана со абц ми јаде исто и палента со 2 лажички абц маф ја прави Ама и тоа со страв и го давам
     
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Белка после годинка по правило се дава. На големата јас и’ дадов после година, исто со кифличка, не ја воведував посебно. Ми спомна тогаш педијатарот да ја намачкам на обравчето со белка (жива) да видам дали ќе пројави реакција пред да дадам, ама не го направив тоа, едноставно дадов кифличка и сметав за воведено. Оттогаш почнав и месено да давам, се’ што правев (со млеко, сирење, јајца).
    АБЦ има сол, и тоа прилично, така што и тоа е за после годинка. Не дека е кардинална грешка што си дала, ама јас би почекала уште месец два, ете :) Ставај и’ урда несолена или павлака наместо кремсир :)
     
  11. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    454
    Пол:
    Женски
    Кога почнаа да лазат вашите бебушки?
     
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Давам се, ако нема реакција зошто да не даваш?
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Моја на 6 војнички лазеше ама на 7 и пол почна право лазење, тогаш почна и да седи сама.
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    26.210
    Пол:
    Женски
    Гледам ептен се водите според правила, само се прашувам зошто во странство нас не ни "забрануваат" ништо туку од 5 месеци ни викаат млеко од тетрапак да пие.. ? Секако секоја мајка за своето бебе/дете одлучува ама според мене многу се потресувате и до датум се водите кога и како да се дава, тоа е само мое мислење. Јас вистина имам мака со тоа што бебе не ми е голем јадач ама и давам да проба, посебно проја која ја обожава.
     
    На Dikinzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не можам да го натерам да престане со гризење. Почнав сериозно да размислувам за одбивање. Не успева ништо што ми пишавте, пробав да го тргнам веднаш штом ќе гризне и наредно доење пак исто. Му викнав остро Не! и некогаш ми се смее на тоа, некогаш плаче и пак продолжува по старо. Порано само ќе гризнеше и држи, а сега гриза и влече јако. Премногу ме боли. Многу ми е жал сакам да цица ама кога доаѓа време за цицање ми се плаче и згрчена го дојам. Забите уште не се излезени, се мачи 2 месеци, се лигави, става се во уста. Знам дека не е негова вина и не разбира ама не знам што да правам :sweat:
     
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Не се водам јас по строги правила, две деца имам и доволно знам и сум информирана за последиците што одредена храна може да ги има кај мало бебе. Јајцето е една од најалергените намирници (сигурно знаеш), а за сол кажи ми еден доктор што препорачува рано да се дава кај бебе помало од годинка и дека е ок (исто како и шеќер). Ограничувања слепо не следам, давам тоа што сметам дека треба да се даде, но секако дека нема СЕ’ да давам како што викаш ти. Ако не па и чоколадо да и’ дадам сега на малата, што има врска што има 9 месеци? Никој не рече да се следат строги правила, ама здрав разум сите имаме во однос што смее и не смее да се даде на бебе. Солта и шеќерот се строго НЕ на пример, тоа и врапчињата го знаат.
    Пишав дека не е страшно тоа што дала, сум давала и јас одредени намирници порано или покасно, зависи од тоа како сум мислела или сметала дека треба. Но по правило (под ова мислам на СЗО, којшто е стандард при бебешка исхрана без разлика дали живееме во МК кај што сме заостанати или во Австрија каде што се’ е посовремено, па и бебешката исхрана, според тебе), има намирници кои се даваат после одредена возраст (јагоди, мед, јатки, печурки итн). Не треба да се наведуваат мајките дека ете не е ништо страшно ако даде и дека ти даваш се’. Секој сам одлучува, тоа е факт, но сепак има некои генерални правила (насоки) што треба да се следат, пред се за здравјето на детето.
     
    Последна измена: 9 декември 2020
    На BY<3, BabyT*, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Мислам дека температурата е била од запчињата. Доле боцкат двете двојки. Уф ако така вади заби со темп... сега ќе имаме доле 4 и горе 4.

    Моја беба почна да лази пред 8ми месец, вистински да лази. До тогаш се влечеше и пробуваше.
    Белка не сум дала, не брзам јас со намирниците. Жолчка дадов крај на 8, а телњшко сега у деветиот.

    јас си правам како шо мене ми одговара и како мислам дека е правилно и донро за моето бебе. Книги тетратки апликации итн не ми требат.
    Некоја новопечена мама ако незнае како што добро е да има пример ама баш по книги да се водат не би препорачала. Некни дадов мандарина да си смука. Јапонска јаболка дадов исто. Низ тие групите прочитав јужно овошје била. Еми банана шо е?
     
    На mal.ecka и lavinija28 им се допаѓа ова.
  18. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Мајки, како поминавте со трета доза рота и тие пропратните вакцини со неа? @0ли мислам ја ставивте вие?
     
  19. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.724
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Во врска со давање, недавање намирници, ова ми е прво бебе, но и јас не се стегам толку и не барам сѐ во апликации и табели. Доста работи сум му ги дала тогаш кога сум мислела дека треба. Овошни каши купечки јаде со сѐ, мандарини исто не му воведував, така си ги шмука. Тетрапак, белка, мед немам дадено (шеќер и сол исто) , но класично воведување со 3 дена по малце немам направено откако му воведував првенствено намирници на 5 месеци. Не му давам којзнае колку количински прв пат намирници, ама не одам толку по тоа воведување.
     
    На crazylady, ddevojce и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ги прими шестовалентна, пневмокока и рота. Немаше температура, немаше промена во какањето, само утредента утрото по вакцината беше малку како омалаксан, но кратко траеше (саат-два).
    Денес е шести ден, супер си е. Само не воведував нови намирници деновиве, од денес продолжив.