Дали треба да се загрижам што бебчево (за 1 недела ќе полни 8 месеци) уште не се обрнува од стомак на грб и обратно? Не лази, нејќе ни на стомак да лежи повеќе од 1-2мин. И за дубалце да прашам, по колку време ги оставате, јас 5мин еднаш на ден од што ми е шубе. Претка, се бутка по малку.
Јас дубак не користев по препорака од ортопед..... А за загрижување незнам и мојата доцна почна да се врти од меше на грб и се секирав па еве ја сега после 20 дена од кога прв пат се исправи сака да тргне да оди.... Секое дете различно се развива Мотивирај бебе со играчки но никако не форсирај
Кратко е во дубак, само кога мора да се заврши нешто (10-15 минути дневно) , ама колку бељи прави кога е во него, ни таму веќе не е сигурен. А седи бебето? На ортопед сте биле неодамна?
Мислам дека не е ама убаво би било ако не почне да се тркала/лази или да се исправа да го однесеш на ортопед за еден месец.
Сега за неколку дена сме закажани на ортопед па ќе видиме. Со нозете многу мрда, прета ама како да е мрзеливо малку. Се надевам дека се е ок
Може е помрзливо. Мене ми препорача ортопедот да го лажам со играчки за да успее да се преврти на почетокот. А твоево бебе никогаш се нема превртено или едноставно не му е интересно да се превртува па си лежи така лабаво . Моево периодот кога почна да се превртува не можев да го соберам на подлога, се ролаше низ цела соба без престан па после престана толку да се превртува фала богу. Ќе ти каже ортопедот најубаво, секое бебе си е различно. Моево до 8 месеци па не седеше, беше како шпагетче, се превртуваше нанапред. Различно и не по ист редослед се развиваат.
Синчето е 6ипол месеци (5ипол корегирано) ама исто не се врти од грб на меше и обратно. Јас со играчка еднаш во денот го вежбам на двете страни, му помагам со колкчињата го подзавртувам, а потоа сам го врти горниот дел за да ја дофати играчката. Така гледав на апликација не знам точно на која имам спуштено две Kinedu и Babysparks, од двете гледам по некоја вежба бидејќи за цела програма се плаќа, а има и на youtube вежби. До 4 месеци не ни сакаше на меше дека не можеше да го држи баш главчето, 5тиов и 6ти месец е интересен се потпира на рачиња и разгледува лево десно , посегнува и си фаќа играчиња и го крева газето како први знаци за лазење. Инаку денес ме израдува прв пат го отвараше устето со мерак за ручек т.е. за зеленчукова каша. Компирче, тиквица, морковче и малку кромидче за вкус на пареа.
Ќе го легнам на стомак, прета прета па ќе си прилегне. И следи кенкање да го дигнам, ич нејќе На грб кога го ставам некогаш се исправа нагоре за да си седне
Педијатарот треба да одреди, може да има индикации за да се почне порано или може да нема потреба рано. Јас од 5 почнав со пробување по некоја лажичка, а оброк воведов на 6 месеци.
Треба да ти е шубе, штом не се врти на грб/стомак нема развиено мускулатура, и така ставање во дубак не.Цела тежина оди на рбетот. Прво што треба е да го оставаш на меше сакал/неќел и да плаче тоа е за негово добро. До 8м лазење не мора ама тоа вртење е почетна 'вежба' и касне со тоа. Исто консултирај се за други вежби со педијатар или ортопед.
Нека покенка малку, со кенкањето повеќе прета и вежба. И јас мислам да не го креваш веднаш. Штом кенка, се буни бидејќи му е напорно, но секој ден сè поцврст ќе станува.
Дефинитивно, кај мојов е навика. Вчера стана 5 6 пати. И овие вечери е така. Не, јас треба да му го продолжам сонот сигурно. Вака ни за него ни за мене не одговара.
Нека плачат малку/повеќе, а бе нека вриштат, ама не се трпи. Ги читав коментарите на објавата на инста, од тоа зошто да не се утешуваат бебињата, што е толку штетна таа навика, до тоа дека навистина по 8 месеци не мора да се храни. Утеха да, ама не на секој час и пол два. И тоа кога гледам дека му се спие, а патем му се скршил сонот и јас како го тешам со цицање? Никако. Тој некогаш не продолжува да спие онака глатко, туку пак има бунки плачки и морам посилно да го тапнам и да призаспие. И некои пишуваат дека ќе фали гушкањето навечер, потоа кога креветот ќе е празен... ок, и денски го гушкам, а навечер сакаме да спиеме. Ако не па, цела вечер секоја вечер да се гушкаме и да не спиеме и скраја далеку да се поболиме. Имунитет се ствара и преку сон и се губи без сон. А нервоза накострешеност да не правам муабет. А и на денските дремки исто така влијае ноќното итн. Се нервирам кога гледам вакви коментари-што има лошо во будењето за утеха/од навика, ко да правам лошо се осеќам. Демек сега мајка сум, па да шетам ко зомби? Јас сум за некаква метода која ќе му помогне да спие подобро. Да не се будеше и да спиеше по цицање подолго или пак да не се нервираше по цицање, ќе продолжев, ама вака... Еднаш до двапати ете можам, имам кажано, повеќе од тоа што фајде...