Здраво девојки. Еве да чкртнам и јас нешто. Ве читам и повеќе од редовно ама а се фатам да пишам се нешто се дешава и така не ни пишувам. Ама оддамна не сум пишала и викам е ред е да пишам нешто и јас веќе Ние сме добри. Беба направи 8 и пол месеци. Веќе неколку денови почна лека полека да јаде, читај, све со залажување е, што веќе не изигравам дома за да јаде и јас и брат и ама барем отвара уста и јаде, наутро овошна каша, 2-3 лажички максимум јаде и после толку, запечатува уста и мама ја лапка после. За ручек, кашата ја јадеме на 3 пати, ќе јаде 2-3 лажички и толку не сака веќе, ок. Ја оставам. После некој саат, два пак ја понудам, ќе апне пак 2-3 лаж и попладне пак и толку после, ако успее да ја изеде цела до вечер, супер, ако не ја фрлам. Ама воглавном, од тоа што уста не отвараше, сега сум презадоволна па и цел ден да ја јаде, не ми е тешко воопшто., што да правиме, подобро нешто отколку ништо па колку е толку е. И Како пиленце некое ручка, цица ноон стоп и ден и ноќ, ноќта се буди на секој саат, два, цица и продолжува и се така до сабајле. Со 3-4-5 саати сон сум дневно и тоа расцепкани, врат, рака, половина веќе 8 месеци не ги осеќам, ме болат ненормално, си правам вежби дома колку можам и не ме мрзи, ама ништо, ќе помине, не се жалам, има и полошо. Од јадење и давам СЕ буквално и мандарина и портокал и лимон од цитрусни, од старт така почнав да и давам се оти почнавме со blw методот и нудев се што јадеме и ние, до сега фала богу немаме алергија на ништо. Лази насекаде по цел стан, се дига на коленици па се клати и се смее, како да игра Отвара врати, вади се и фрла, расфрла играчки на брат и. И така. Добра е, ретко да и е досадно, ќе плаче или ќенка кога и се спие или кога и се јаде, инаку си наоѓа занимација сама До сега одеше кај сите, се смееше на сите и немавме проблем за тоа, арно ама, веќе 1 недела можеби, почна мене да ме бара ако ме нема, ако е заиграна со брат и или во татко и е и ме виде мене почне да плаче по мене, да се радува и да иде по мене и гледам ќе биде лепенка и она по мене, кукла мамина И тоа за сега, не знам дали опфатив се во кратки црти ама ќе пишам пак. Ве поздравувам. Имајте убава и мирна вечер
Два дена малиов еднаш на ден кака брбушки, а двапати како пластелин густо. Претпоставувам дека е така бидејќи му воведов месо, дали и кај некој друг имало такво нешто? Што да правам? Давам овошје, мешам зеленчук што протерува и ете така е два дена. Денес дури и количински ептен малку имаше кака, не како другите денови. @babyboy1 Ти мислам порано пиша дека топчиња кака, што бидна, се регулираше после тоа и како?
Кај мојот е така, педијатарот кажа дека е заради тоа што не пие доволно вода. @elenaklasik ми ги прочита мислите и јас ќе ја тагнев да ја прашам. Се изгуби девојчето.
Кај моето има понекогаш топчиња и се мачи да се искака, обично од житарки. Му давам круша или кајсија од сабајле и после неколку саати се олеснува.
Треба течности, да, но син ми и денес не пие вода ама кака 2 до 3 пати дневно. Не знам што би превземале освен, нели форсирање течности, компот од сува слива, крушка и избегнување храна што стега. И мојов беше таков кога почнавме со дохрана, додека му се навикне организмот скроз. Какаше еднаш во 4 дена со плачење. Откако му воведов 3 оброци, а во исто време прекинав да му давам пробиотик (не знам дали ова имаше удел), се среди со какањето. Јас мислев дека ќе има синче мака и понатаму (не знам на кого до душа, ние сме со брз метаболизам), ама период е сигурно, ќе се стават во ред понатаму.
Кај нас се регулираше ко почнав да додавам повеќе маслиново во кашите и од бебе што какаше по еднаш на ден топчиња почна да кака по 6-7 пати сенф боја течно баш како новороденче..и еве уште така кака.. Иначе и јас за доручек секој ден имав слива,круша,банана зрела ама пак какаше топчиња..почнав и сок од јаболко да му цедам за да кака полесно, ама и тоа не помагаше се додека не зголемив маслиново масло..е од тогаш наваму..
@0ли и мојата имаше такви каки. Не е страшно,од преодот на количински повеќе цврста исхрана е. Вметни овошки кои протеруваат деновиве,крушка,слива,кајсија,печено јаболко,намали житарици(врзуваат вода),давај просо само,богато е со влакна. Ке се среди,не грижи се.
7+ е. Следниот скок е за 2 недели, забите 2 месеци искачаат освен ако има регресија во спиење. Скапана сум. Обично има 3 дневни дремки од вкупно 4 саати, а вчера спиеше 3 пати по пола саат. Вечерта заспа во 20.30, во 22.30 се разбуди и цела ноќ скокаше по мене, се фаќа за мене и се исправа во кревет, лази. Станавме и си игравме и јас сабајле си легнав не можев веќе, а татко му го заспал дури во 6.30 и еве го во 08.30 на нога. Не знам како не е уморен, ние двајцата во несвест паѓаме, а тој си игра. Сабајле се разбудил и си отишол на крај од спалната, не знам која виша сила ме разбуди да го фатам. Се надевам ќе заспие сега, да дремнам малку
Заврши скокот маж ми е дома па ќе ја извадиме на прва прошетка во Дојран гроата е немаме никаде ја носено од оваа короната а бебе е 6 месеци
Фала ви на сите за одговорите. Се надевам дека ќе му се регулира. Тој си кака трипати на ден, не е дека ич не кака, но се загрижив што е тврдо. Дали е океј да дадам да се напие од водата во која се вареа сливи и јаболко? Водата е од таа што пие ад и овошјето е непрскано.
Da znam Svari slivi, krusa ili jabolko i vodickata sto se varela daj da ja pie kako sokce nas toa ni pomaga koa nemozeme da kakame
Сварив сливи и јаболко за кашата за доручек и не знаев дали може да дадам од водата, но за секој случај ги варев во вода од шише. Досега не сум дала никогаш, па си реков да прашам. Круши имам пастеризирани, па претпоставувам дека може и од таа вода.
Тука сум. Што ќе пишам.. не ми се пишува.. Добро е бебето, наполни 6 месеци. Спие, се буди за гушкање и си го земам до мене оти сум уморна не можам да го лулам. И така тераме некако. Пред една недела го доби првото забче. Кај мене уште си владее депресијата. Ден за ден гледам да минува времето. Вие како сте?
Jas probav izlupen i na polovina isecen stoese na masata kaj sto spieme i nema vrska. Mislam nas ne ni pomogna.
Истото и кај нас се јави не сакам да замислам колку му е тешко на мешето, како камчиња кака... денес така полајт ќе добие, и поретка кашичката, па се надевам ќе помогне
Исецкан на ситни парчиња, и во чорап или тетра замотан, обеси го на креветчето (или каде и да спие бебе) Така се ослободуваат најубаво етеричните масла од кромидот Е сега не прави чуда ама колку толку помага
И мојата откако почна да ручка, кака тврдо, јас и помагам некој пат ивги дигам ножињата да се искака. Еднаш на ден кака, понекогаш и преку еден ден. Инаку да прашам друго, кога почнуваат да се исправаат да стојат на нозе? Мохата е 8 и пол месеци и уште не се исправа да стои, на коленца стои и се фаќа за маса, за гарнитура..