Да не ве цитирам сите посебно. Околу исправањето и стоењето, секое дете индивидуално. Нема правила, едно ќе се исправи на 7, друго на 10 месеци. И моите две се тотално различни во тој поглед. Поголемата на 7 месеци веќе исправена се држеше и стоеше фатена за маса, гарнитура итн. Малава сега е 9+ и се исправа на колена. Пробува да застане скроз на нозе, ама уште не може. И тоа е во ред. Скоро баш на ортопед бевме и рече дека нема простор за грижа апсолутно никаков, се’ во свое време. Големата на пример па уште не седеше стабилно, а се исправаше уште на 7, додека малава седи сама стабилно од 7 месеци, па уште цела не се исправила да стои Така да џабе споредби, си знаат бебињата кога се спремни
Ич нема потреба да се плашиш шом сам инстистира. Јана се исправи на нозе, неколку дена пред да направи 9 месеца. Ема се исправи на нозе уште на 7 месеца Шом е спремен нека стои Се согласувам , истото мислење го делам
Тие 60 мл треба да бидат внесени веднаш по оброкот? Ние почнавме пред некој ден со водичка, и едвај по неколку лажички пие. Инаку и ние се уште имаме проблем со опстипација, по една недела нема столица и таква е како пластелин од кога почнавме со храна.. @Butterfly1107 и јас сум во потрага по сливи (по можност органски), ама не наоѓам... затоа му давам готова кашичка
Вчера наполна 9 месеци... И си ја доби првата покачена температура. До 38 со 1, 2 се движеше. Двапати му ставив чепче, се спушти. Денес одма на доктор, провери ушиња гради грло. Ушињата малку црвени ништо страшно, и грлцето исто. Направивме веднаш крвна слика со црп. Очекувам црп-то да е вивнато, а тоа покажува <6 како што е во реф. вредности. Јас Зборов ми е, дали е можно да му никнуваат горните заби? Непцето е потечено малку, како плочки над непцето, додуша не знам да познаам како треба да изгледа. Мноогу е раздразлив, малку спие, кенка цело време. Дремкиве растур му се. Ноќе попара ме направи, ме исцеди од цицање. Маж ми вели ко сушен зеленчук те направи Леле колку кемкааа, малку ќе се потчукне и плачи рика. Дали може да крене температура до 38+2 од заби и дури да му се зацрвенети грлото и ушињата од забите? Види фото подолу
Јас тие што ги купувам за нас рефусни за овесна каша од нив и ставам и неа... Е сега тука кај што земам стално имаат тазе (не се тврди ич) ... Секако за неа ги варам
Спремни се горните два кеца а може да влегло некое вирувче дека се отвориле веќе местенцата, па оттаму температура Дали може грло и ушиња од тоа да се воспалат не знам, поискусните нека кажат
Врска немам, јас се трудам да ги испие, лека полека ја пие. Претпоставувам дека жеден е и треба да му се згасне жед. Врска немам да ти кажам право Непцата и на моево му е премногу надуени, цели заби му се оцртани.
Индивидуално е. 5 и пол почна да лази, а веќе со 6 почна да се фаќа за предмети и да се исправа, па да оди лево десно држејќи се. Цело време клекни стани. Сега недела пред да наполни 9 веќе почна и да се пушта прави и чекорче. Девојчето што се породи исти ден со мене, бебе сега почнува да лази. Не се сити исти. Само да се живи и здрави. @elenaklasik седат малку како отечени иако не може убаво да се види. Се лигави многу? Ставаш некој гел?
@RAK91 од почеток не се лигави нешто многу, сега има лиги ама минимално. Гел вчера ставив ама без ефект. @Sexybaby86 знам ти еднаш велеше при растење на запче и голема болка, спомнуваше далерон да се даде. Како беше? Помагајте мамиси, ептен е кенкав малиов, гревче е, очињата му се смалени, премалено е целото. Што да ставам? За колку време пробиваат вака кога е ситуацијава? Ѝ велам на матичната преска, видете му ги запчињата, како набабрени се, одговара ам запчиња ко запчиња, ко ќе им дојде ред ќе никнат Ми даде бруфен да му давам два пати на ден по пола лажичка, а исто и електролити а нема пролив. Немаше кога да ја прашам, сѐ на брзање
Дентинокс гелче помага колку толку, исто и јас една ноќ кога му беше неиздржливо на бебе му ги намачкав непцата со сируп парацетамол Штом ќе даваш бруфен, ќе помогне, и тој е за болка
Да мила, Далеронот е и за болка. Сум давала на поголемава кога ептен ја болело и не можела да спие од заби (иако ретко). Дозата е иста како за тт, според килажа оди. Ако си сигурна дека е таков од запчињата, дај му. Бруфен јас не би, тој е доста појак, иако и тој е против болка (и тт). Би одела со Далерон. Побрзо да поминува
И моево крена температура кога ги вадеше горните кецови. Кога ке потпукне непцето ќе и олесни, барем кај нас така беше. Гел Дентинокс мачкав и сируп Еферглан давав. Со лесно
Аман не чепкај вакви рани Ова ова бре треба да се измисли нова олимписка дисциплина - во маратон со домот. И ќе го тераш маратонов одредено време, а бе првак ќе станеш, па ќе закачиш грип/корона, па на бебе заби му растат итн итн и ќе дојдеш на последно местоо, ќе те претрка домка.
Набабрени се убаво,само нз кога ке напукнат,се надевам побрзо. Мојава ја мачат 2ки горе,но почесто цица,до сега ги извади сите прилично лесно. Давај му глодалки што се чуваат во фрижидер,убаво ке му дојде,или тетра натопена во вода.
Не верувам во тоа учење за дистанца, мојава е уште залепена до мене, ме тегне за ногавици, а седнам ја ете ја одма иде, а одам во друга соба со плачење иде.. сабајле мора да ја гушкам за да се опушти, а вечер мора да ме гушне за да заспие. Иста сум била и јас вели мајка ми, мислам дека е до детето, не до скокот.