Добра вечер женски Јас стално ве читам, ама немам време нешто за да одговорам. Сега начекав слободно, и да ви кажам дека Ема прооде Госпоѓата уште не знае од земја да стане и да тргне, мора да се фане за маса или ѕид , да се исправи и да тргне, ама ќе биде и тоа Имајте убава вечер
Лелеее Лесни чекорчиња на Ема Колку месеци е? Знам и она почна да се исправа на 7. Мојот ми ја тресе душата, денеска почна да оди покрај гарнитурата, го гледам малку на прсти, малку на криво гази
10 и пол месеца точно Колку порано се исправаат толку по нестабилни се, ама со тек на време ојачуваат Уште колку ќе бидеш на сец само да знаеш Ама ајде, со лесно нека е само
Ноќе е бог да чува, пак се буди како новороденче и плаче ако одма во моментот не му дадам да цица. Преку ден не плаче ама ако му се изгубам од видик, крај. Додека спремам оброци кенка по мене и кога го зимам ме влече за коса и ме лиже и гриза по цело лице. Тогаш веќе во следен саат не ме пушта, мора да сум до него. Кај вас како е?
Исто. Баш така се понаша и моево. Преку ден се издржува, 2-3пати дремнува, јаде, си играме, ама навечер е лудило на секој саат будење и плачење додека не му дадам цице.
Како што заспиваше околу 20.30ч со многу малку нишкање почна сон да не го фаќа до 23ч абе активно дете, светла изгасени не му зборуваме ништо не бре не заспива никако, си лази, па плаче, па се смее....
И Нина наполна пред 3 дена 11 месеци, денес бевме на контрола ми рекоа вади 4 заби наеднаш.. не јаде ништо, шо викаш раскенкана е на максимум, не дава да се оддалечам 2 чекори од неа, одма пискотници, само во раце е ако јас не сум долу седната со неа, до пред некој ден цел стан сама го шеташе, овие 2-3 дена ме полуде. Таман ќе помислам помина скокот и мирна е, пак се однопаку.
Денес малку помирна ама дремките растур од две дремки по 1 до 1 ипол час симнавме на 2 по 40 мин..... Изгледа веке треба и премин од 2 кон 1 дремка да имаме Ама ем се жалам ем има мн нови работи кај мачкава моја секој ден се поинтересна е
И ние имавме обавезно 2 дремки по саат и пол, сега една, едвај ја заспивам по 2пат, некогаш ми успева, некогаш од 1 и пол до 8 е будна, трие очи, и се спие и не попушта, ја носам во соба и почнува со плачење за да се вратиме.
Лесни чекорчиња @Dikinzi и јас чекам дА прооди. Стои во место без да се држи и прави чекорчиња. Кога ми порасна бебе
И јас сум со истите емоции кога ми порасна бебе.....и неспани ноќи и премореност ,и нервирање....тоа си порасна...ја гушкам сиилно и и зборам ...бебенце да осетам ќе станиш девојка уште малку. А таа 6 месеци
Лесни чекорчиња. Ама да знаеш не е проодена според дефиниција на ортопед. Синко на 11 почна да оди, ама проодување да стане сам од земја и да почне да оди околу година. Наредниот период биди повеќе претпазлива од обично, ако падне може да се исплаши и да стагнира.
Кога сме кај проодувањето, јас бебево ама ич не го разбирам По препорака на ортопед никогаш не сум го форсирала бебе ниту за лазење ниту за станување, а паткање ниту ми паднало на памет. 9++ е, никако не сака да лази, ќе седи ќе игра на меше ама никако да почне да лази, го мотивирам со секакви видови на играчки ама џабе е. Случајно пред 2 дена го имав оставено на земја блиску до креветот и гледам чоечево мало цело исправен се држи за креветот и целиот пресреќен дека е станат. Прашањето ми е, дали е во ред вака да станува сам а притоа да кенка бидејќи не знае како да се спушти и чека помош од мене?