Мојов последниве неколку вечери одвај го заспивам. Обично цица и зспива и право во креветче, а сега цица и се нервира нешто (јас мислејќи да не немам доволно млеко пробав и ад да дадам-не го пие). Се надевам не е гладен, а како го нишам и само си јачи нешто, си вика како сам да се заспива )) Сега ене го со татко му се пробуваат да заспие.
@0ли сакам да пишам и јас ама немам време ич, кај мајка ми ко бев значи за се имав време сега дома мислам едвај телефон в раце земам
Ами цуцлата в уста и го нишка, а малиов сам си прави нешто како : а,а,а,а како да си пее и како да се успива И успешна беше мисијата Исто кога се сами, малиов седи во релаксатор и мм до него, се држат за раце, мм ги нишка релаксаторот ,тв е со намален звук и малиов одма заспива и така предремува Ама ова е кога веќе му е дојдена некоја дремка
Нема совет, ако е навикнат со тебе нормално дека ќе плаче кај друг (вклучувајќи го татко му). Сега е касно, му викам на мојов си ја нареди ти си лабави навечер, а го осети детево одма сирена пушта. Преку ден сите го успиваат, мајка ми, свекрва ми, баба ми, маж, ама навечер нема шанса со друг. Да не помириса друг и да е заспан одма плаче
Да пробаш со одбегнување на подои? Како цица? Седи повеќе, се тегне или активно цица па ја држи во уста? Колку рика како ако не му дадеш да цица? Ти велам пробај со одбегнување на подои и доење на одредено време. Почнуваш со 3 часа тераш една вечер, па следната или понатака зголемуваш. Мислам дека на скоро година дете не му се потребни ниту еден подој. Се буди поради навиката и незнањето да сврзе. Треба да го насочиш во тоа, мозокот да добие сигнал да спие и желудникот да ја намали количината на млеко. Ако ептен е залепен за цицка, можно е да плаче повеќе. Ама мислам со тренинг ваков, ќе имаш ефект. Ако си за викенд слободна, почни од петок, имаш и сабота и недела или од четврток почни поарно. Три дена да се фати тренингот дури си дома.. Ниту моево не заспива со татко му. Јас со тапкање по газе го заспивам легнат. А за јадењето, да ја прашаш мајкатаката на инстаграм како да почнеш со покрупни парчиња. Сигурно му имаш понудено, оставено на послужавник... Ништо, само трпение да пројаде сам. Или мешано блендирано со покрупно. Сецкано за да фати во рачето и да го пикне во уста. Тоа е со подоите, кога не знаат сами да се контролираат, ние треба да му ги одредиме подоите навечер. Нека плаче вечер две три, кога имаш цел поинаку е. А вака ко до недоглед цицање, многу ми е глупо и непотребно според мене.
Еј ако ми го научиш, имаш од мене викенд за тројца во Охрид па четворица да се вратите дома Го ставам во креветче, повремено да го запознае, се кези се држи. Ноќе уште да преспива, преубо ќе е. Ајде ваљда вечер две ќе се плачките и дури стекне навика.
Проја, мафини и правам здрави, топчиња од карфиол, омлет, банана си ја глода сама.. мора да го учиш по малце на поцврста. Ако сака зеленчук варен, стави му во хранилката да си "игра" со нив, па ќе стави и во уста нешто, нешто долу ќе е, нешто на глава, и така, битно за почеток да е меко за да може да почне да џвака, техниката брзо ќе ја научи само без плашење. Иначе 11ти мене ми е тежок само затоа што сака да е нон стоп в раце, на скут, не ми дава 2 чекори да направам, со неа се правам низ дома во раце, свекрва ми ми вели преполовена си за една недела.. со спиење сме добри.
Тогаш земи и’ број,јавувај и се И мене ме смееш иначе Беба од вчера прави браво со рачињата,на мама магистерка паметна Ама затоа ја мрзи да лази или да го крене газето,строго наназад се влечка низ цел стан. @Bubish26 омлетот на путер или масло го правиш? Ке барам рецепт и за мафини сега,сака лебче мојава,бар меки и вкусни се мафините.
Vkusni se, i gi pram so integralno brasno i so jabolko, a ednite se bez brasno samo so banana. Omlet i pram na maslo, doktorkava moja dozvoluva, nekogas i na maslonovo, sol mnogu malu poso i toa mi dozvoluva. I zasladuvam so Agavin sirup ili so madzun. Nigde ne mozam da najdam kokosovo brasno.. inace ima preubavi recepti so kokosovo. I pram i proteinski palacinki, pred da napravam za nas so protein, istavam za nea dve kutljaci od smesata, pa stavam za nas dopolnitelno, meki se i lesno se dzvakaat.
Мене овие ми се моткаат низ глава овие дена, чекам менс или не чекам не знам сонувам кај што сум трудна, ја замислувам Нина година и пол со сестричка бебе.. леле стварно, хаос е 100%.
Јас мислам дека мајка што првото бебе не и спиело не се одлучува лесно за второ. Ма на памет не ми паѓа за сега. Нека поминат уште 1-2-3 години па ќе видиме. Еднаш во годинава се сомневав дека може да сум трудна, се споулавев додека не добијам
Мене овие мисли ми се вртат сега за трето Мажот ми сака..јас не сум спремна дефинитивно. Шо ли мислев кога ме лажеше Ајде ми велеше..на една мака и двете, па и набрзо туф туф, другарчиња ќе си бидат. Ааааааааааааааааааааа
Се ис’оср’вме веќе сите со по едно бебенце само кукаме Ам како не изгледале нас со братчиња сестричиња, години уназад со по 4,5 дечиња
Вчера го размислував ова и мислам дека одговорот е со свекрви, золви, јатрви Конкретно мојата свекрва живеела со свекрвата и јатрвата и сите 3 не работеле. Една ручек ќе направи, друга ќе пази деца, трета ќе исчисти и сите обврски завршени
Јас имам две што не спијат,кај едното таму и другото2 год.се разлика. Бар за некоја година ќе почнат да преспиваат цела ноќ па за тоа раат ќе бидам. Засега е лудило И +скоро сама сум по цел ден