Здраво мајки, ме немаше долго време, сами со дете сега бара и повеќе внимание.. Сакав да прашам за искуство, бебето ми е 9 месеци, не лази, кога го ставам да стои до нешто се држи кратко и се пушта како демек знае да стои сам. Кога седи се подига по малце на колена само. Знам дека сите деца се различни и секое различно напредува ама еве дали има нешто загрижувачко? Го ставам во дубалце оди секако.
Да се надоврзам за забите на 6ипол месеци му излегоа долните едно по друго и еве веќе 9.месеци има сеуште нема друго забче. Дали има некој со вакво искуство? Според табела од 8 до 12 треба да никне, ама со оглед на тоа што на 6ипол имавме запчиња се загрижив..
Некој деца не лазат, директ проодуваат. Иначе за забите, на Нина првото на 9 и излезе, 11 и пол е сега нема други запчиња. Ништо страшно.
Имав репертоар и јас, па ми здосади и почнав на телефон да пуштам и да пеам: me gustas tu-manu chao, сега најбрзо заспива со nothing else matters, i dont wanna miss a thing, од red hot chilli peppers, nickelback итн што ми текне тоа.
Имав репертоар и јас, па ми здосади и почнав на телефон да пуштам и да пеам: me gustas tu-manu chao, сега најбрзо заспива со nothing else matters, i dont wanna miss a thing, од red hot chilli peppers, nickelback.............
Еве ме, нервозна, на скала од 1-10 јас сум 80 да си се олеснам тука. Навечер многууу тешко Заспива. Ќе прета ќе рита, ќе се буди на секој 20 мин. Ќе цица и оп сврзала 1 или максимум два саата. И еве ја после пак на 20 мин. Неколку вечери заспива у еден или два. И пореметив ред. Еднаш на госте до 12, и наредно гости кај нас до 1 и нормално. Ќе си заспиеше у девет и се буди од галама. Ни гости сакам повеќе ни гостинка да бидам. како се кај вас бебушите, спијат ли? Многу се пишеле назад, нема шанси да ве препрочитам.
Цица како новороденче. Има три оброка, некогаш и два. Деновиве спиеме до 11-12 и има два, аконсефи до каснно 3. Сигурно повеќе од 5-6 пати. 10+ е беба
Е затоа и мене не ми се оди, барем дури не се одбие скроз од цицање ,па тогаш да седам повеќе на гости, вака трчам дома да ја легнам на време.
Се лутеле лугево или не јас сеуште си терам како му е распоредотна моето бебе.... Ако сака некој да дојде го организирам во период кога малата е будна ако сака да седи после 19 нека седи ама ние две се прибираме во спална.... Ме поштуваат по дома а надвор дал зборат нешто баш ме заболе мене битно во 19 ми почнува ритуал за спиење бебе задоволно мирна куќа
И јас не се замарам, кога му се спие на детето одам си го заспивам. Ретко ни доаѓаат луѓе. Свекрвата си тера пп свое, сто пати и е кажано да доаѓаат порано, она ќе си се наспие од работа и ете ја во 8h, епа извини. За викенд дојдоа рано ама од врата и кажав тишина малото спие, она напротив гласно збореше, детево се разбуди, цело време беше кенкаво и после почнав да си го заспивам а они пут под ноге. И НЕ НЕ И НЕ РАЗБИРААТ ЛУЃЕВО дека си има правила во куќа со бебе.
Денес ми се јави патронажната сестра да праша за бебето... И спомнав дека лази и почнува полека да се исправува... Се уште е на колената ама сигурно тоа следува. Е сега муабетот што ми го направи таа ми е збунувачки, ми рече штом почни со исправување јас да почнам да и ставам на нозете некои бебешки чевлиња за да застанела на стапалото. Јас колку што знам дека ништо не треба да се става освен сега во зима чорапи бидејќи е ладно. Некој совет или искуство?
И јас мислам да не ставаш ништо, ортопед ќе си каже како треба. Додека да прооди мислам треба да си гази само босо или со чорапчиња..
Оф колку глупи коментари се изнаслушав.... И никако не можам да отрпнам... И тоа баш од тие што треба да ти се најблиски Аман од 7 ипол ли ке спие и пред кокошките.... Не бе си викам ке чека бебево НОВА ГОДИНА
М а какви чевличиња баби мутави.... Кај сме мајки збунети упте фалат они со нивното не знаење.... Да отидеш со тие нејзини чевличиња кај Антоније (ортопед) по глава со нив ке те удри Секој носот во тугата работа си го меша кај нас
Блиски далечни другари роднини... Секој кој не разбира дека бебето се спрема за спиење, па вака би рекла дека е за проверка дали е во ред во глата Пак уште блиски да не разбираат? А шо треба да прави бебе од неколку месеци? Да застане можда да се слика со нив?? Или пак со тие коментари ах ах арно де, и да не го легнете навреме, не бидете толку строги, па уште се смешкаат за рутината... Шо ќе се објаснувате со нив, баталете и терајте по ваш ред. Рутината е комуникација со бебето, тоа не знае поинаку. Да е дете, ќе се разбереш со збор, а вака како да го натераш да заспие, ако не му тераш ред... Ех значи колку напорни луѓе постојат. Дали им е досадно во животов или некоја друга беља ги снашла, кој да каже...
Јас напротив, откако почна да се исправа го соблекувам бос. Ќе застане на стапалото како и да е, како инаку би стоела Јас не би послушала ваков совет, слушај си ортопед, во обувки може само да го искриви стапалото.