Најдобро е босо, иако е зима. Кај мене малата кога ќе стане од спиење некогаш и саат време чорапи не и облекувам Ништо страшно немаш гајле
@Dikinzi ми е страв боса да ја оставам... Цело време е или на паркет или на плочки, а и дома не држам висока темп.
Некако ептен изразена ни е сивата фаза 29/30 недела... одеднаш почна да не си заспива ко досега туку останува буден до 2ч плус. За заспивање само мама... Не очекував, дека не е скок Било кај некој вака?
За 11 и пол месеци 2 пати сме излезени со маж ми после 8 саатот, 1 се погоди топ уживавме на вечера додека она до минутата заспа во исто врмее, деугиот пат низ нос ни го истаде и си ојдовме одма. Јас нит гости примам после 7 саатот, а ако имаме велам да си одат, ни па одам негде. Иначе по ова што слушам како некој бебиња нон стоп им заспваат во 11-12 и стамуваат после и 2 саати плачат, играат среде ноќ.. јас имам мирно бебе кое си спие од 12-13 саати со по минута цицање во сон ама зато дење е најбесното чоече шо постојт.
Боса е мојава нон стоп на плочки и на паркет, мада Нина ми е научена гола и боса да е. Дома не грееме, 22 степени е.
Уф велиш се споиле, па доста долго траело тогаш Се надевам ќе успеам да му ја вратам навиката за вечерното заспивање барем
Тие се едни пријатели само шо си живееме со нив. Или тетка ни. За божик имаше ослободено тука мерки немаше полициски час и можеше само една фамилија да дојде и дојдоа пријателите, а тегками беа у недела и мораа да си одат до 8 оти пак почна полицискиот час. Одвреме навреме се гледаме со нив. Ама ете за Германскиот божиќ ајде та ајде мм едно па друго пиво, да земеш од глава да му го треснеш. 00 сато не најде, дур се средиме дома у 2 заспаа децата. Арно беба е мирна не прави проблеми пу пу. Си заспа она како шо е редот пред 21 часот си поспија малку, ама стана од гужвата, па не цицаше и не продолжи да спие. После два дена па они дојдоа кај нас седеа до 1 и исти случај иако дома беба дремна малку и стана. Се испокарав едно убаво со мм, преку глава ми дојде од госте и од се. Ниту одам ниту сакам да ми дојде некој повеќе. Насабајле ко ќе стане е боса малку, а потоа на ќорапчиња со гумички да не се лизга. Еве вечерва заспа у 20 и дома беше мир и тишина додека у 22 часот не им текна на моиве да играат и да се борат у спална и ја разбудија беба пак стопати им реков тишина ќе цица и ќе продолжи нее, тогаш им се моча им се пие иѓ се игран и ај беба се расони, и дури сега заспа у 23:30 Големата исто нејке да спие од распустот сега се е пореметено, абе шо да ви расправам, никаков ред немаме дома. Ни на јадење ни на ручек ни на спиење. Па и домашно треба да пишеме да учеме да вежбаме. На тоа не му се пише, бебе сака да игра доаѓа по мене, мм се погоди на одмор две недели, абе ќе пукнам веќе поарно на школо да одат и мм на работа отколку сите дома по цеееееел ден. Па маабет нема шо да си правиш, ќе се караш само луда Куќа
Леле мајка ми вака цел живот кога бевме на распуст секој ден истото го повторуваше 'Аман, кога ќе ви заврши распустот да тргнете на школо'. Не ми беше јасно што и е на жената Веројатно сите доаѓаме до тој степен некогаш. Ова за гости стварно проблем е, среќа коронава малку не сопре, инаку којзнае како ќе се справував. После 20h секако не примам никој ама неколку пати блиски особи што ми дошле преку ден ептен се пореметија дневните дремки на малиот, среќа брзо се враќа во нормала. Имаме еден пар ептен блиски сме сакав со нив за Нова година да си седнеме кај нас ама кога размислив како ќе биде за спиење, не можам да им речам шепотете... Плус скокот е ужасен и одлучивме сами да си бидеме, веројатно ќе испиеме некое вино и ќе си легнеме.
И ние сами за нова година, ама не ради што ќе се ремети спиењето, кај нас спалната е далеку па не се слуша. Него, мене ме мрзи да мијам садеви чинии, и да чистам Искрено, повеќе ми се лежи во пижами, одошто да правам ќефови. Исто така нс ми се ни оди некаде, дома ми се седи. Иначе малата има температура. Во саботата правевме крштенка, беа само кумовите и во црква и дома. Понеделнккот дојдоа свекрвами на вечера, а вчера моите. Од вчера е кенкава и има температура. Дали е од забите не знам, оти 3 ги вади горе.
Јас па примам гости кога сакаат тогаш не ми менува воопшто, малиов си заспива најкасно до 20ч. Го носам в спална го оставам в креветче и си седам со гостите..Не е далеку спалната ама и да е галама нема гајле си спие.. А ако ние одиме на гости одиме порано или го оставам дома со баба па си поседуваме раат...
На Нина горе кај десниоткец непцето и е ептен потечено, гризи се живо и диво, мене месо мислев ќе ми одкини.. може да се забите или па од крштевката ако било ладничко и дур сте ја облекле да измерзнала. Јас крштевка решив да правиме кога ќе подразбира малу (2-3 годинки ко ќе има). Си ја замислов во нежно фустанче, венче со цвеќиња,кај што стој возбудено и чека да ја прими верата како право ангелче, тогаш само на главчето потопуваат со вода, а жал ми е кога плачат и уплав добиваат после.. како поминавте вие?
Не верувам да е од тоа 5мин дали беше гола, кој го знае од шо е , да ти кажам, двете единици доле ги извади без мака, исто така и едната единица горе, сега двојките се ептен набабрени од кои едната двојка веќе треба да пробие, и Јана ми се мачеше многу со двојките, и горе и доле. , еве исто и Ема сега. Со единиците немаше гајле. Тадури Јана сите лесно ги извади, со се петките, само двојките ја мачеа најмногу. Викаат тројките биле најлоши,еве кај мене со двојкиве се мачат. Им паѓа имунитетот кога вадат заби, а се гушкаа со кумчето, она е 3 години, може некое вирувче собрала од кај неа Не ми смета, треба да билда имунитет секако. Само што она и онака беше малце напорна, и се лепеше за мене, сега можеш да замислиш како е
@Dikinzi сигурno е од запчињата, како е сега. Колку има темперетура?? туку да ве прашам кои бр на обувки носат вашите бебиња 10,11 месеци?
Добра е, да не ја подречам, тадури и излеговме на шетња. Еве ја си игра, весела е. Можно е да е од забите. Јаа облекувам од оние бебешкине патичиња, не планирам да ја пуштам уште некое време на земја да оди. А кога ќе ја оуштам надвор да шета имам чизмички 19 број. Тем. имаше 38.3 најмногу.
Хелооу... И ние официјално стигнавме за овдеее . Вчера полнивме шест месеци, не ми се верува колку брзо летна времето . Сакам да ми кажете како го воведовте Аптимил 2. Др. Фидановски ни рече постепено, зошто вкусот бил многу по различен од Аптимил 1. Мислам дека @0ли имаше објаснето, но не можам да најдам.
Јас давав постепено и супер помина така. Прво една недела давав 3 лажички кец и 1 лажиче двојка. Па една недела 2 со 2, па 1 кец со 3 двојка и на крај само двојка. Можеби може и побрзо да се зголемува двојката, на 3-4-5 дена, но јас ептен постепено сакав. Добредојдовте со кукличката тука