Женски, на сите ви посакувам да имате среќна, весела, безгрижна и бериќетна нова година. Бест вишес фром Дикинзи
Пред 4 дена бебе почна да прави чекорчиња Прави 4-5 чекори па ќе падне. Потоа сам се исправа и пак прави чекори. Ни 10 месеци нема. Си поплакав од среќа, кога ми порасна Среќна нова мајки! Живи, здрави и среќни со вашите бебушковци
Лесни нека му се чекорчињата и на убави места да го носат Моја дуда патичиња и облакам за шетање со количка и ги трчаме по патот ги фрла со цел мерак Инаку не ми се верува уште малце си одиме од темава моја беба на 16ти има роденден пролета годината Мои виртуелни пријателки мами нека ни е Срекна Новата да сме сите здрави и живи и догодина да се радуваме на уште бебенца
Среќна Нова мајкички Мама се нашминка и се среди новогодишно , па бебе очиња онолкави само ме гледаше, разгледуваше, па се чудеше, мама е ова или не, првпат ме гледа таква Душа моја најдрага
Лелее не збори, јас прв пат се средив, ја пуштив косата, се испеглав, као да се сликам, кога почна да плаче, да вришти, толку никогаш нема плачено. Мажот ми вика добро си тераше со Златан Ибрахимовиќ стајлинг, оди фати таа коса . Па откога ја фатив косата, се смири, друго бебе како да беше . Па дека прв пат телевизија пуштивме пред неа, се здроби од смеење и радување . На сите нека ни е среќна и бериќетна новата година, пред се да сме живи и здрави, другото ќе си дојде
Не ни експериментирам со пуштање коса Си ја дочекавме новата година со дете во раце, нема поубава година за мене од 2020 Среќни празници, сè најубаво!
Ние не успеавме една саглам слика да направиме . Таа цело време гледаше и ми ја фаќаше испегланата, средена коса, нешто ново и необично за неа .
Среќна '21ва! Да имаме здравје, љубов, к'смет и бериќет, сите да си сме на број, а годинава и со уште едно бебе да се усреќиме! На здравје за убави моменти!
Среќна нова 2021 мајкички живи и здрави и бериќетни цела фамилија да сте. Ние поминавме дома супер. се дотеравме сите кошули мошули фустснчиња како за слика де. Супер поминавме.
Новава година ја прославивме шо ја прославивме...туку да се навратиме на старите прашања Колку најмногу може еден скок да го ремети спиењето? Конкретно за 7ми скок прашувам.
Среќна Нова година мајки и бебуши родени во оваа чудна 2020! Сите велат да ја заборавиме годината која измина, но за сите нас ќе биде посебна и незаборавна!
Среќна нова мами! Здравје,среќа,љубов и само убавини во новава Јас дома си имав најсладок Дедо Мразко кој ни ги грееше срцата и не' смееше цела ноќ
Да, моево исто така спие. Се чудев како му е така пријатно, ќе се буди побрзо, ама не, поспива повеќе и така.
Даа и јас се чудам како може да му е удобно така. Туку не спие долго се буди на секој саат. Не знам дали е во ред бебе 11м од кога е родено да нема сврзано барем 3 часа сон, освен неколку пати само. На повеќе доктори сме биле сите викаат се е во ред супер е а ние како зомбиња со мм. Има ли некој друг како нас?