@Babyiscomming види мајка, Австрија обично млеко не забрануваат, уствари им беше чудно што немав даено. После разговор со др. јас почнав да и давам, чисто млеко не пошо си цицат ама каши и давам со такво млеко. Во МК ќе то речат да не дават. На тебе е крај краева дали сакаш да дадеш или не.
Јас давам кашички со кравјо млеко. За тоа не берам гајле, не е секој ден, а и искрено да е секој ден ич не ми смета.А ако треба да давам веќе од шише, тоа ќе биде Ад, кравјо не. Јана пиеше Хипп до годинаи некој месец, и веќе ми беше ептен скапо за само сабајле и навечер, и не сакав да давам кравјо,иако имаше година дена, оа се одлучив за Babylove од Дм, и не згрешив, млекото е супер. На Ад беше до година и пол.И го прекратив оти сама веќе не пиеше. А за среќа и кравјо млеко не сака да го пие, освен у кашичка. Интересен факт: Јана нејќе ни чоколадно млеко
Јас не пијам млеко воопшто, мене ми се гади и тоа од година дена кога сум имала. На Нина и ставам директ од фриждер, ако мора да се топли тоа маж ми оти ја во моментот ќе повратам ако помирисам.
Ај леле колку сме слаткиии Пу,машала) Нокти сечев на спиење а сега во последно време седнат кај мене во скут, во релаксатор или во хранилката и броиме прстиња - колку сме исекле а колку остануваат
Да се префрлам и јас во оваа тема сега сме 6м и една недела Го најдовме и првото забче, инаку денеска подкашлува и затнат и е носот. Прскам аква марис и со пумпица истргувам, но некако како повнатре да и е секретот. Моментално спие и се слуша како подрчнува од него и ја нервира и се подразбудува... Страв ми е со вирусот да одам на доктор, а можно било и од забите вака да биди читав
Ај кажете дали чкрипаат со забите вашите бебиња? Знам на @RAK91 бебето чкрипеше, кажуваше еднаш, така? Треба да реагирам, да не ги оштети некако?
Фалаа јас имам многу активно, неморно, жилаво, тврдогаво ѕверче. До пред два месеци бар на сечење нокти седеше мирна, сега прета, мава, ми е страв да не ја пресечам, а од деуга страна ако и се скрши неубо оф оф туф туф ќе е..
ne ostavi go i pravi se deka ne zabelezuvas oti ako vikas ke prodolzi da pravi, a inaku faza e i za nekoe vreme ke prestane.
Мајки ова со секретот вечерва е полошо.. Неможи да спие.. Заспива и де разбудува од што е преполна со секрет.. Прскам аква марис два пати вечерва веќе неможе повеќе и тргам цело време со пумпица.. Кажете што можам друго да направам да и олесни па да си спие, се мачи вака. Утре секако ќе одам на доктор.
Синомарин е појако од аква марис, земи такво. 3 пати на ден можеш, давај ц витамин и ако сакаш блокмакс. Тоа е се истото ќе ти го кажат ама нека си ја прегледаат. Секретот е проѕирен или има боја? Не ја претоплувај многу собата кај што спие, ако се греете со парно или печка, обавезно ставај ѓезве со вода или влажна крпа, за да не се суши воздухот.
Стави го на повисока перница да спие. Така ми кажа педијатар кога моето беше затнато. Синомарин ампула во носе. И од тие лепенките спиранто многу ни помогнаа.
Чкрипеше едно време, па прекина. Еве го сега два дена по ред чкрипи ама не му реагирам зошто намерно ќе прави. Мислам и заби вади пак, чкрипи два дена упорно.
Во скут спиеме.. Многу е затната фрчи едвај диши, се плашам до сабајле да не и слези на плуќа. Пробав и со кромид и до повисока перница не помага. Плачи од време на време не може да диши.. Значи вчера дента супер си беше, вечерва кога и се насобра не ми е јасно
Земи физиолошки раствор од пола кило или кило и 2 шприца, 5 мл полни и во едната ноздра наеднаш шприцај, ќе излезе од другата се што има, па после во другата ноздра и обратно. Ќе видиш што се ќе излезе, да се чудиш. Тоа чистење на носето спречува да се спушти на плуќа. Колку пати е потребно толку и го чисти, штом видиш дека не може да дише ставај и вака како што ти кажувам 3 деца така израснав со тој метод на чистење на нос кога се биле затнати. Колкаво ти е бебчето? Ќе помини. Не се секирај.