Те верувам дека се нервираш и плашиш ама на проѕирен ж секрет ништо немат да ти дадат плус од тоа што напишав. Само продолжи со прскање, влечење и ќе помине. Сум имала еднаш таква мака и дури ми рекоа за оваа не се иде на доктор оти нема шо да и прајме..
Леле јас на доктор видов така и вадеа на малава.. брееј што излезе вистина ама не знам оти ми рече не мој сама вака да пропуваш. И од пусти страв ја со влечење.
@Kallias2 мора да е легнато или исправено? Пошо како што кажав Нина беше месец дена кога и правеа така и докторот наеднаш ја вртеше од легната ма грбче, на стомак со главата на долу. Сега е скоро годинка, летото ми беше затната и влечев и дефинитивно трауми добивме сите дома од тоа врискање, бегање, стегање, па чисто информативно прашувам ако некогаш ми затреба.
Тука во Гр само така препорачуваат чистење на носе и навистина е ефикасно колку страшно да делува само така ќе излезе се што има внатре, а нели не можат да дуваат малите сеуште.
Јас малата сега летово кога ми беше малку затната, ја држев над лавабо во купатило, надолу со главата и директно таму и ставав и излаваше едно чудо лигави бели мрсули, не беа ни жолти ни зелени ама излаваа се што и сметаше и не можеше да дише се излаваше. Кога се бебиња, се става легнато настрана. А кога се малку поголеми исправени со главата надолу.
Мајки, какво е вашето искуство со separation anxiety (анксиозност заради довојување - не знам како го викаме кај нас, од интернет дознавам за феноменот )? Пишува дека се јавува во овој период. Како се манифестира кај вашите бебиња?
Пошо сум јас 24/7 со малава од кога е родена, 3 пати е бидена без мене на саат време. Првиот хорор доживеал маж ми, вторите беа во игротека со дечиња и се занимавала, при крај негде ја фатило криза. Е сега, она е со тати многуу поврзана и гледам дека е се полесно ама со баба нема шанса. Ние имаме моментално проблем кога маж ми оди на работа, ако е станата и наеднаш го снемува, седи пред влезната врата, гребит и плачит. Кога ќе дојде од на работа, сака со него да си игра ама пак ја да и суѓ на видик самоо кај него да седи, тој да ја држи. Мислам дека и е страв ако стане и отиде во друга соба, мисли дека ќе го снема пак да подолгп време.
Луѓе дали откако почнаа вашите бебиња да седат,лазат, и стојат почнаа да експериментираат и со цицањето? Сега навечер кога го цицам ми се качува одозгора и така сака да спие, ете 3 вечери по ред. Јас го спуштав полека, го тапкав, ама плаче и ми се качува...или лежи на меше и така ја џвака градата. Ама и во двата случаи ми ја гмечи градата и голта воздух. Преку ден исто пробуваше, ама не успеа да заспие и некако го ставав странично.
Зедов таков во инхалаторот такво ставам, на доктор ништо освен спреј не ни дадоа а вечерва и темп малце покачи 37.5...не знам веќе што да правам фрчи цела неможе аспие Инаку 6 месеци е
Ако и во инхалатор е добро што си ставила ама ако фрчи од секретот ти предлагам да и го чистиш како што ти кажав. Мојата летоска ни 4 месеци не беше секој ден и ставав едно 2 недели сигурно, оти ми беше затната исто како тебе фрчеше, кашлаше, а ништо на гради, чисто се. Само тоа помага верувај, убаво чистење, за да спие мирно. Спреј не врши работа ако е полно носето, треба да се исчисти убаво да излезе секретот што и се собира и не и дава да дише, исто како да си го издува сама носето кога и е полно ама оти е малечко ти и помагаш на овој начин.
Страв ми е некако на тој начин не знам како би било. Утре можеби ќе пробам и така ако не е подобра. Вечерва еве заспа спие 2 саати, еднаш стана се поддави со секрет ја занишкав и пак продолжи. Подобра е барем засега, дадов и парацетамол прееска. Многу мачно со носево затнато.. Викав грчевите да поминат после ќе уживам, ама ете ти
Мхм, ќе уживаш да .. Нема веќе уживање до крајот на животот И ја едно време си велев да пораснат и ќе уживам, арно ама не е така, ќе станат тинејџери, па ќе ги мислиш кај се шо се, едино раат кога ќе се омажат/оженат, и ќе бидат добро ситуирани
Дај боже да си дочекаме Маките ќе ги заборавиме, така вика мајка ми со мене таа многу се намачила како бебе, па само убавите работи си ги памти
Mami izvinetr ako prasanjevo nne e za tuka no neznam kade da prasam .moze li da mi kazete ako ste gi dupnale usinjata od koja zlatara ste bile zadovolni i dali mozebi znaete kade dupnuvaat dvete usinja odednas. Fala mn
Да, исто. Хахаха Нешто и пред спиење рутината сака да ја прескокне, ама не му давам цице, малку го оставам да кенка.