Ќе пукнам деновиве, не можам да издржам, при крај сум да добијам нервен слом, многу ми е тешко. Ема само писка луѓе да не ви се верува како, овие денови е хаос. ВТФ шо се деси, 10 дена веќе пукам ! Се лепи само за мене, и во раце писка, кенка , ништо не и е погодено, да ја шетам низ стан така може, ама шом седнам на кревет или доле на под,одма писка. Една минута ќе се заигра и еве ја со раце раширени трча накај мене и плаче. За јадење јаде, ама не обилно,вади 3 заби горе. Двојката една е салам отечена, аман више ајде нека пробие душа ми излезе. Ако вака вади заби..ја наебав !
И Нина беше еден период така, дури не сакаше сама да спие на вечер и јас во 8 легнував со неа. Вриев во себе, не можев јадење да напрам ни за неа, не сакаше да седи ни до мене, мораше в скут. Сега е подобро мада пак ако сум јас во кујна она иде и ме тегне за ногавици да ја кренам, не може долу да седи и да си игра, ако сум ја до неа. За јадењето сум при крај со нерви, не знам кој крај да го фатам. Госпоѓицата мислит дек ако јаде 2 дена,наредни 7 мора да е на диета..
@Dikinzi во скафандер двете и надвор.И мојава спискува по мене,па сака да седам до неа нон стоп,готвам држејќи ја во рака деновиве. Максимум 5-10 мин се заигрува,после цика и се треска да ја кренам.Само свеж воздух и годи,може два саати да не мрдне пд количка. Јас мислев кај тебе е полесно,од аспект дека има дада дома,па да си играат заедно. Двојки горе со цицање по цела вечер вадеше.Без плачки и слично,ама на пола саат на цицка,или ич не пушташе..Се искривив мислам.
И ние сме веќе пола месец (можи и подолго) во некој чуден период Срцушов мој наполни 8 месеци пред 4 дена. Навечер заспива подоцна,околу 11.30/12.00. Пред тоа си легнува околу 9 ама 15-30 минути и станува господинов, си иди до крајот на креветчето, ја поткрева главата и гледа кон вратата и наспан чека некој да го крени! Од умот ме вади оти некогаш си иди на спална (споени се со креветчето) и лази сосема до работ, ако не го видиме готово, паднат е. После кога веќе конечно заспива спие некое време и почнува само на стомак да се превртува и кемка, ја бара цуцлата, се крева во сон-абе лудница. Цица можеби 3 пати (како на 2 часа). Пробав со ноќни кашички мислејќи дека е гладен, ама пак исто прави. За жешко, мислам дека не му е. И така си сум малку ненаспана, што од цицање, што од ставање на цуцлата или од превртување од стомак на грб. Ама пак деновиве како е развикан Ма ма маа ма ма маа ептен ми е сладок. Само забележувам посебно вика кога сака да го крениме или да му обрниме внимание или пак кога си лази на подлога и секој ден се' повеќе вежбаМм ми е смешен, кога му кажав дека вика Ма-ма прво онака демек wow ,и кога го слушна по некое време му вели "ајде сета та-та, та-та" Му се смеам, ееее ќе почекаш за та-та малку. Хахаха, не ,шала настрана, од што многу си правеше М-М-М -М и така му се пушти и тоа МаМа. Сега не знам дали да го сметам како некој прв збор или така само некои бебешки гласови се
Ох леле, не знам веќе што да мислам. Со Јана не беше вака, чудно ми е. А за шетање ич не е изводливо. Живееме на 5 ти спрат без лифт, за симнување ќе се симнам, ама за шетање како ? Еве Ема да ја ставам во количка Јана по некое време ќе се умори и ќе сака во количка. А и сака да трча , 2 и пол години е. Или пак Ема да ја ставам во кенгур, Јана во количка , пак ќе сака да стане да потрча, и шо ќе правам тогаш И количка ќе буткам, Ема ќе ми е тешка и по Јана ќе трчам Едино да ја викнам другарка ми, она не оди на работа слободна е, ама она сигурно нема да трча по моите деца. На гости кога иде не си игра со нив, чека кафе да и сварам и да си правиме муабет. Јана ја задева да си игра со неа, она" мхм "и вика Ајде, ќе издржам уште некој месец, здравје боже само , планирам од Мај во градинка да тргнат.
Од кога почнавте да им облекувате чевли за проодување? Мојов само на под е а ноџињата ладни пробувам за надвор чизмички да му облечам ама не ја пушта ногата ги собира прстите и одма ги соблекува..
Цел месец е вака. Ми се качува и врз мене цица, па се буди и седнува а главата врз мене и така спие, а најмногу од се ме плаши кога се будам, а тој исправен стои кај главата моја. Преку ден не прави проблеми, а и ретко цица. @lavinija28 Истото го поминавме, 6тиот скок е. Кај нас почна 10 дена порано и траеше 2 недели, сега сме кај громчето ама смирен е. Исто викаше мама по 100 пати на ден, а сега поретко само кога сака да го земам. Спиењето беше најголем проблем, сега си спие ама цела ноќ е со цицката во уста. Јас сакам да ве прашам дали е нормално малиот толку да е приврзан за мене и како да го научам да биде посамостоен? Ако не сум дома, не прави проблем било кој да го чува, мирен е, јаде, си заспива. Моментот кога се враќам се претвара во друго дете лигаво, кенкаво, само кај мене во раце сака, не смеам 2 метри да се оддалечам, си игра само ако седам до него. Зошто е толку лигав со мене, а со татко му гајле нема?
@Jana06 епа мајка си Нема врска што е бебе,децата секогаш се лигават покрај мајките. Еве и јас на 30+,кога сум кај мама сакам да ме размазува Чим седи со други е не плаче по тебе не би рекла дека е ектремно приврзан.Ако одиш на работа,нормално е кога ке се вратиш да ти е лепенка.Викаат дека машките биле за нијанса по приврзани со мајките. Мојава кога си иде татко и од работа,ако не ја земе одма го крева станот во вис,а мора да се измие па го следиме до купатило и чека на врата со пружани раце.
Уште не одам на работа, а многу сакам да почнам зашто полудев веќе дома. Од друга страна, се плашам толку мал да го пуштам во градинка, плус цица уште и се канам секоја недела да го одбивам ама нешто не ми дава Пресреќна сум што седи со други луѓе, не прави проблем дури и љубоморна сум кога ми праќаат видеа како си игра сам, како се смее зашто со мене повеќе е кенкање. Понекогаш си мислам до мене е, не знам да го заиграм, нешто погрешно правам Знам дека не е така зашто како и повеќето мајки правам нереални напори се да биде совршено, да биде среќен и задоволен ама некогаш кога не се смирува си плачам со него и се преиспитувам. И трката да бидеш совршена мајка и сопруга уморува. Сакам и да се грижам за него 24/7, дома да е се под конец и на мм да му помагам со работата. Е, не може. Магаре да си, ќе паднеш. Ептен попуштив психички, едвај се држам. Имам за жалење ама ајде друг пат, во некоја друга тема.
@Jana06 нема зошто да се грижиш. Те разбирам за вложувањето не реални напори,како и обидот се да ти е тип-топ,ги правам и посакувам и јас,но немој да тежнееш кон совршенство,или да се сомневаш дека не си добра мајка. Најдобра што можеш да бидеш си,и тоа е повеќе од доволно. За во градинка не се плаши,би требало брзо да се навикне,а и нема зошто да го одбиваш,ке си цица кога си дома. Плус,ке биде поуморен па нема да се буди навечер за цицање.Пробај,ако не бива тогаш одбиј го. И без грижи
dodeka ne proodi na deteto ne mu treba nikakvi obuvki moze da kupis corapcinja so gumicka odozdola samo.
Леле, спие седејќи ))) А велиш заспива со други, а како? Со нишкање, тапкање, сам? Ние сме со цице-заспивање и дење и ноќе. Сакав барем првата дремка да ја заспива без мене, маж ми е дома, ама еднаш дали му успеа и веќе не. Тогаш го нишкаше и му пееше нешто
Последниве денови многу се нафрла на обравчињата. На друго место нема за да е алергија. Си велам дека е од што лази, од лигавење а и често се фаќа за лице (се трие или со ноктињата се греби иако му се исечени).
И со мене и со други заспива строго во раце, кичмата ми откажа. Вака си го научив од грчевите, сам има заспиено дали 7-8 пати кога бил ептен уморен. На цицка не заспива, господинот гледа да си се нацица, си седнува и чека да го земам да го нишкам
Мајки од вторникот навечер ќеркичката има температура. Преку ден помалку наврчер качува повеќе,синоќа качи 39.4 и ставам чепче Кенкава е незнам дали ќе вади запчиња па можеби затоа е таква. Некоја да сподели искуство што друго да и давам за тт Секако ако продолжи да качува повеќе ќе ја однесам на дежурен,сега дома се трудам да ја намалуваме темературата,не сакам да ја носам на дежуран дека одат секакви а и таму тестираат за корона. А во понеделник обавезно ќе ја носам да ја прегледа педијатар.
Јас да не го пишував ова? Исто вака се понаша преку ден, како лепенка е. Само кенка по мене, не смеам да се мрднам без него, таман работа да сме разделени повеќе од 1цм Навечер си спие подобро. Еднаш се буди во 3, па следно во 6 и така до 8. Ама вади втора двојка долу, може ради тоа. Ама убав совет ти дадоја погоре. Кој е така, го пикам во количка и 2 саати шетаме. Ама тотално ме исцрпе, не личам на човек.
Прати ја и најиџменично парацетамол и ибупрофен со размак на саати, минимум 3 А јас шо да кажам за нас, ајо сте прочитале синоќа у темата за итни прашања. Вчера дадов лосос риба, за подоцна да и биде тешко и вечерта двапати обилно да поврати, на дежурен рекоа да ја пратам, не е алергија на риба, не е тровање, ние јадевме,?туку организмот не поднесува. Можно било и некоја инфекција да е. Да ја пратам да не качи температура.? Сабајлево у 10 39/1 парацетамол. Сега почна да добива рреска, и качи 39/4. Дур добијам педијатар нервен слом добив. Рекоа да и дадам ибу чеп и у триипол да ја носсам. Ќе пукнам знсчи . Ако и е нешто од рибата жива ќе се изедам. Џџццц при крај со нервите сум верувајте дома лудница садови, трпезата од синоќа стои јоргани ќебиња руби се што исповраќа у купатило лежи треба да се пере. Ни јадена ни пиена ни измиена. Држам бебе да заспие и ви пишам малку да се олеснам.