Мојата пред 2 недели беше мнооогу кенкава, имаше еден ден Т до 37.5 и вечерта ми качи 38.2. Ја носев на лекар и направија крвна слика од вена тука земаат не од прст, тест ковид, мокрача, ја преслушаа, се чисто, крвта топ, црп мирно, мокрача чиста, ковид негативен. И дадов парацетамол, за пола саат спушти и цела ноќ не качи ич, си спиеше убаво. Наредниот исто немаше Т ич, а кенкава пак беше на моменти па си играше па пак кенка. И толку беше, 2 дена беше таква. И после некој ден изби забче, првото Така да, јас си препишав дека сето тоа беше од забчето, штом ништо др.немаше и Т не беше многу висока ама дека прв пат од кога е родена ми качува Т, 9 месеци е, се испаничив и она беше мноогу вознемирена, плачеше за ништо, кенкаше, не јадеше.... Сега како излезе забчето е друго дете, како што си беше, весела, си игра, се смее, јаде . Колкаво е твоето ?
Денес полни 9 мес,не лази воопшто,се враќа наназад влечејќи се,се врти,цврста е и многу стабилна.Не верувам дека воопшто ке залази.Седи самостојно од неполни 8 мислам,јас ја седнувам,не се мести уште сама. @Dance27 разладувај,туширај без да миеш глава со вода еден степен поладна од телесната,чорапчиња со оцет или сенф помагаат од народни лекови,облоги со тетри исто,и секако чепчиња,само внимавај на дозирањето. Гледај да не е преоблечена,и да е доволно хидрирана,нуди града ако цица или шишенце почесто.
Дуника исто и мојава. Почна наназад да лази,нанапред незнаеКолку се различни со сестраи. Незнам како да се понашам.Ако падне незнае да станеДедо и ја паткал бре,не сакала,А седи,витка нозе,ги носи во уста,се врти незнам што треба да правамИ ставам играчки,легнувам на стомак до неа ама лежи на меше и сака напред незнае како и вришти.
7 ипол месеци е,непцата се набабрени и горе и долу а сеуште нема запчиња.И јас се тешам дека тт е од нив.
Не е преоблечена.На тенко боди е само нагоре а само пиџамки надолу. Ад млеко и давам разредено на 150мл 2 лаж млеко ,а вода/сок не сака од шише па цело време со лажиче нудам,нешто ќе испие нешто на лигарник ќе отиде,битно гледам што повеќе да внесе.
Прво почнуваат наназад, ќе пролази немаш гајле. Ставај и само интересни играчки пред неа, и ќе се пушти ќе видиш
Девојки, сеуште сме затнати и кашламе. Бевме пред два дена на педијатар не и даде ништо освен спреј за носот. Вчера беше подобра не беше воопшто затната и еве од сабајле повторно се затна, нон стоп вадиме секрет со пумпица веќе плачи кога ќе ја види.. И инхалации исто правиме.. Тт нема. Не знам дали да ја однесам повторно на доктор или ќе претера така.. Веќе 3/4 дена е вака.
Мојот е 6 ипол месеци, не лази, се врти од грб на меше и најмногу време на меше проаѓа. Реетко ќе се сврти пак на грб, уште не знае што точно треба да направи, па вика по мене да го свртам. Иако точно пред 2,5м ја усоврши првата техника, ова потешко му оди. Не знам зошто Кога е на меше се врти во круг за 360ст, а кога омилената играчка не му е на дофат, прета, плива на суво и ја довикува да дојде кај него за хранење го ставам да седи, а вака за самостојно не е стабилен уште па не го ни форсирам со потпирања и перници Заби вади мнооогу тешко, моментално 7мо и 8мо пробиваат и тоа дополнително го исцрпува, како друго бебе е 2 недели пред ново запче Не очекував со вакво темпо да вади, приметувам дека многу му пречи овој момент во расположението, физ активност и сл. Секогаш со плачки, зафрлања наназад, затнатост и зарипнато гласче Инаку извикува согласки и знае да откачи мамма, бебе, ајде, бабба Пс. Баш ќе пишував за седнувањево, другарка во Америка го седнува од 3 месеци потпрено под 90ст, со препорака од педијатар не ми е јасно како е можно толку спротивставени да бидат нештата Делува ужасно неприродно и опасно, како некоја кукла чучнато
Да не те секирам ама нас 2-3 недели ни траеше летото затнато носе и секрет вадев нон стоп, постепено само по себе престана после 2 недели.
Едно копи пасте од другата тема. Бевме на педијстар крв и мокрача има воспалние на мочните патишта од кај појма немам. Антибиотик и даде. Вели можно од риба да има стомачен вирус, ама температура не е од рибата. Некоја инфекција се поклопила. Кутро бебе мое. Има темп и треска. И го почнав сега антибиотикот двапати на ден една недела. Таман за 10 дена имаме термин на систематки. Рече мора да исклучиме урина дека не е од неа оти може да еопасно за буврезите. И еве баш кај мочните патишта. Нека поминува само.
Од 11 ипол ортопедски му купивме од дмс ортопедика за брзо се надевам ќе прооди, кожни многу се добри само со нив се опушти малку..Не ми се верува дека уште неколку дена ќе ја напуштиме темава ...
Женски едно прашање. Пред две недели преминавме од 1 на аптамил 2, пие по 180мл т.е 6 дозерки. Е сега пие по 5-6 оброци на ден како што си пиеше од единицата ама на двојкава пишува 3 оброци во денот а кај над се повеќе.. А и каката и е многу темна. Пошто немаме сеуште оброк друг затоа повеќе оброци од дозволеното идат... Прашањето ми е дали е штетно што давам повеќе од 3 оброци млеко во 24х?
Пробајте додека го нишкате по ист ритам тапкајте по газе, и после полека нека прекине нишкањето само со тапкање да заспива. Така полека да се одвикнува. На првата дремка би требало брзо да ви успева.
[QUOTE = "zemzela91, post: 5403647, member: 137683"] When did your little ones start crawling and for how many months did they start sitting on their own? [/ QUOTE] Our about 9+ months started to sit alone. We have not previously placed him next to pillows or dragged him by the arms. Only on food На 9+ без учење. Сам тогаш почна.
Здраво мамиси Среќен Божиќ! Поминува време, растат бебињава ама веќе и не се бебиња. Дечиња се веќе. Бебено лежи, ама штом се исправи, веќе е дете. Јас велам кога направи премин од бебе што лежи во бебе-дете исправено истопорено целото. Здрави живи да се, весели да си растат. Еден муабет од една да си кажам тука. Секако дека сегде читаме слушаме мајките да си имаат време за себе, да се грижат за себе и да си ги ставаат потребите свои пред бебешките. Е, со мајкава правиме муабет и ми вели "секогаш да ги ставаш твоите потреби пред бебето" и јас викам добро така е... А муабетот беше и за спиење кај бебињава, свикнување да се успиваат сами итн. Ѝ велам е добро ама тоа за спиење не важи, како тоа секогаш своите потреби пред неговите, не е можно така, како мислиш со пример? Оваа пак убедена "Не, така е правилно, ете ако одиш во РЕСТОРАН ќе го земиш со тебе и нема спиење, ќе седи. Сеа, го слушам ова ама не знаев прво дали е виц или вистина. Или јас сум глупава или луѓево (мајкиве) многу инстаграм гледаат. Не може така, ред имаат бебињата, ѝ велам. Ај држ не дај, секоја на своја страна, и на крај уште додаде " е добро како сакате, јас само да ви кажам како треба" Хахаххаххахаха многу се интересни луѓево. А инаку муабетов беше во склоп на рутина, спиење кај моево бебе, дремки во денот итн итн. Се сетив пред некој ден нели пишевме дека други кога се мешаат во редот на бебето, надворешни лица, не е умесно. Е па така нешто беше и ова, а ниту се жалев јас нешто ниту побарав совет навика дрн дрн...