Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    12.117
    Пол:
    Женски
    Преминот од 3 на 2 дремки обично е околу 8ми месец. Двете дремки пожелно е да ги има бебето и над годината - ова ми е од кај Гуднајт прочитано. Исто така таа вели иако бебињата ќе изгледаат како да им е доволна една дремка, добро е да им се задржи и втората.

    За спиење во потемна и тивка соба, се препорачува по 5ти месец, ете и подоцна нека е. До кај 4ти месец вели таа да се остава во светла и погласна дури спие за да разликува ден и ноќ, а потоа да се направи приспивен амбиент, за да спие подобро. @0ли за продолжување на дремки да скратиш од некоја или целосно да се оттргне, за да го спие времето во другата и со тапкање ако е возможно. Ама мислам со кратење на некоја дремка, би било поОК. Баш сам се заспива, без помош? Како правиш кога го ставаш за спиење, ќе сакаш да објасниш?

    IMG_20210109_214357.jpg
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    12.117
    Пол:
    Женски
    А јас да прашам, на табелата за скокови, кај шо покажува пример 44та недела е громчето, дали 44та се смета дури ја полни или наполнета 44+?
     
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Моево вкупно спие околу 14 часа, има точно 8 месеци.
    Тапкање не применувам, не сака така.
    За првата дремка во 6 цица, пие ад, па ќе си се повртка во креветче и без никаков проблем си заспива. Утринската дремка му е 1 час.
    Потоа после доручекот следува игра, па го ставам во креветче и излегувам од соба. Пак се вртка, седнува, се исправа, ќе си побрмчи и ќе заспие кога ќе му се приспие. Во последно време дремката му е 45 минути, но знае и 1 час тера.
    Потоа за третата си м'мка и излегувам од соба, сам заспива.
    За ноќно спиење цица, пие ад во креветче, гасиме светла, испива млеко и се врти на стомаче. Му ја местам вреќичката, излегувам и тој заспива веднаш.
    Сосема сам заспива и без помош.
     
    На RAK91, mother_nature, Sexybaby86 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Браво значи. А, како се научи вака? Не те бара никогаш кога го оставаш само во соба, не заплачува по тебе?
    Дали имавте премин од успивање во раце со нишкање кон успивање сам?
    Моево го легнувам, јас до него, го гушнувам и така заспива...
    Потоа го префрлам во креветче или го оставам до мене на спална
    Ова што го пиша кај нас е стварно мишн импасбл:D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.936
    Допаѓања:
    12.117
    Пол:
    Женски
    Кога му даваш за цицање или пиење млеко во однос на спиењето? Не бара да пие млеко пред спиење? Мојов цица, прекинува зема прсте се вртка и заспива речиси сам...
     
  6. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува точно, но до кај 5 месеци од прилика спиеше само на цицка, без цицка во уста шанси немаше да заспие. Не можев да мрднам, закоена во кревет бев само за да спие. Ноќното спиење само не му беше на цицка, се будеше често за цицање и заспиваше на цицка, но успевав да ја извлечам кога цврсто ќе заспиеше.
    Потоа за ноќно спиење почнав да го префрлам во креветче кога ќе заспиеше цврсто. Се будеше за цицање, ќе заспиеше цврсто на цицка, па ќе го префрлев во креветче. Се будеше еднаш ноќе.
    Потоа мм зеде одмор и дома не се прибиравме. Или бевме во кола или со количка надвор. Ќе го нацицав во кола или на клупа и назад во транспортер во кола или во корпата. Така две недели и се одучи да заспива на цицка. Забележав дека си лежи на кревет и ќе си се загледа во точка и ќе заспиеше во дневна. Го префрлав во креветче. Па си реков ќе пробам да го ставам директно во креветче и исто така продолжи да заспива.
    Сега е доста динамичен и пред да заспие (денски), мора да се поврти, да седнува, да се мота низ креветче. Го осеќам кога му се приспива и излегувам од соба.
    Не плаче, само си м'мка и така се успива.
    Ако се случи да заплаче, му давам цице, ќе се смири, па кога ќе е готов да заспие, тогаш го спуштам во креветче и заспива, нема сила да плаче :D
     
    На RAK91, Sexybaby86, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    :)
    Леле браво
    Ние сме луда куќа :hai:. Нема точен саат за заспивање. Секоја вечер различна песна,јас се трудам да е исто време ама не му се спие. Тоа си гука и си ја вади цуцлата и нешто како да и зборува. А за да се успиеме подобро да не ви кажувам. Возење во колича низ дома, ретко и во раце. Носето му тече и на пладне ми преспива во раце зошто така полесно дише. Само се тешам со тоа дека многу брзо растат и дека се брзо брзо ќе помине.Кога си помислам како сега се гледам во болница и ми го носат за да почнам да го дојам а тој е веќе дечко крка каши :):).
    Давајте совет како да му олеснам,му го чистам носето со Синомарин бејби па со пумпича. Го ставам да дише над вода што испарува а во неа ставам сол. Му сецкам кромидче до перничката ама оваа ноќ некако веќе ништо не помага.
     
    Последна измена: 9 јануари 2021
    На eta, dunika, WonderGuurl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    За ноќното спиење ме прашуваш?
    Цица, пие ад, веднаш заспива.
    Трета дремка ако заплаче, значи огладнал, па му давам да цица и да пие ад и заспива.
    После доручек не му давам млеко, а си заспива без проблем бидејќи не е гладен, го држат житарките за доручек.
    После ручекот не му давам млеко, нели после месото не се дава млечни поради железото. Два - два и пол часа после ручек бара млеко и тогаш заспива. А понекогаш веднаш после ручекот заспива, а млеко пие кога ќе стане.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sandra456*

    Sandra456* Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    518
    Пол:
    Женски
    Iskustva so skok vo.34 nedela.? Da se plasam treba ili ? :)
     
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    @WonderGuurl Заборавив да одговорам, не сум го успивала во раце, не сум го нишкала за да заспие. Не знае така да спие :)
    Имам сколиоза и затоа со лежење го дојам. Не го научив во раце, го научив на цицка, но сам се одучи и ние бевме изненадени. А не се одби, уште цица пред ад.
    Убав на мајка :D
     
    На Lady Leona, Sexybaby86, eta и 3 други им се допаѓа ова.
  11. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Еј стварно, ми текна дека порано пишуваше како само на цицка спие, а сега види го колку е умен и сам се успива.
    Супер рутина си имате поставено. Може и јас треба да пробувам техники, може ќе има некој напредок. :)
    Возење во кола или количка и кај нас се синоним за инстантно заспивање. Демек го вадам надвод да разгледува околина, тој до пред влез веќе заспал, и така се' додека не се вратиме пак дома.
    @Dana31 :hai:
    Му тече или само е затнато?
    И на моево често му се затнува ноќе, откако почна да заладува надвор е вака... немам објаснување зошто, не ни е преладно во спална, влажност на воздух океј итн. ама знае да се разбуди ноќе со затнато носе, а и кај мене приметувам, ама се имам навикнато веќе.
    Овде ми беа пишале ако не тече да не се влече со пумпица, туку само да се прска физиолошки. Дека се оштетувала слузницата ако често се влече...
     
  12. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Неколку дена му беше тапа затнато и немаше мрсулчиња. Од денес ги има и ако се налути или накива му течат. Кога влечам ги има се вадат. Порано кога беше само затнат пробав еднаш,двапати но ништо не излегуваше.
     
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Од голема желба да дојам, го научив така да заспива. Имав проблем со млеко на почетокот и постојано ми беше со цице во уста и така се научи. Напорно и тешко беше, но не се каам што не му го ускратив тоа, навистина краток период е.
    Супер е тоа што си шетате, добро е и за него, а богами и за тебе.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    На 5 и пол месеци извади 2 запчиња еве го сега е буден го држам и пишувам. Неможе да врзе, и само штом го земам сака да ме “ гриза” “јаде” за рамо. Мака си има детето. Ама многу е мал за други заби само што влеговме во 6 ти. А многу мирно бебе е,насмеано по цел ден,не е плачко.Само носето не мачи. Ако станат зелени ќе мора на Др. нели?
     
  15. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Хм, освен тоа што веќе си применила не знам друго што би те советувала. И јас, често го држам исправен за да му попушти, но тоа не е трајно решение:|
     
    Последна измена: 9 јануари 2021
  16. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    На неполни 5 извади две, на 5,5 уште 2, на неполни 6 уште две, сега на 6ипол други две се на пат... и затоа сега е посебно затнат, кај нас и тоа има влијание. Гризе се' што ќе најде пред себе вклучувајќи ме и мене
    Се измачи скроз со забиве, каде брза сите одеднаш ги вади... ми фали да си е спокоен и весел, само што ќе помислам ете ги излегоа, сега пауза, тоа наредни тргнале...
     
    На RAK91 и dunika им се допаѓа ова.
  17. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Мене ми е второ дете ама разликата во годините е поголема и прашувам за совет пошто можеби има нешто ново по аптеките,за кое не сум во тек. Или некоја можеби знае некој банин лек :D:). Се примам за совет. Јас кромид не јадам ама овие денови цела куќа ми мириса на кромид и не ми смета веќе само тоа да е добро.
     
    На WonderGuurl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    И мене постојано таа слика ми се навраќа од почетокот, прикачен за цицка нон стоп, или пак како со устето зинува лево десно и бара. Тоа :D
    Упорноста се исплати секогаш:l:
     
    На eta и 0ли им се допаѓа ова.
  19. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Да си се тешам дека е од заби :). Како и да е Во понеделник ќе го однесам да му направат крвна слика. Овој месец многу ми е нервно тоа што го гледам дека неможе убаво да си диши детето. Душа ме боли. Уште 2-3 кила и ќе бидам како пред пораѓај. Не јадам,не спијам. Само молам Бога да не ми качи тт. А тоа душиче крчи ли ктчи ама важно ми се смее :D:(:D.
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.362
    Пол:
    Женски
    Како од неколку пати будење во текот на ноќта како што имаш пишано се сведи на само еднаш во текот на ноќта? Проблемот е што не знаат сами да презаспиат, па ајде или на града или нишкање, пеење и др методи
    А за ваков случај без тренинзи искрено прв пат сретнувам само да си заспива, секоја чест
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.