Искрено, не знам. Прво кога ќе заспиеше, не се будеше до кај 12-1, но после до сабајле се будеше на 2 часа за цицање. Тогаш ноќе не му давав ад, само цицаше. Потоа смена, врзуваше повеќе часа, почна еднаш да се буди за цицање, секогаш околу 2-3, за на крај да сврзе цела ноќ и ниеднаш да не се буди во текот на ноќта. Но така почна да не качува многу килажа и педијатарот ми рече обавезно еднаш ноќе да има храна и еве два месеци во 12-1 станувам за да го нахранам. Ја терам шемата како што правам кога легнува навечер: јаде, ад пие во креветче, се врти на меше, му ја местам вреќичката и продолжува да спие до 6. И скокови поминале, но немало ноќе да седи буден, да плаче, да не можам да го смирам, да не спие. Имаше еден период кога мм спиеше со него во соба и го будеше со хркање, вртење, станување за вц. Почна да се буди и да плаче, па сфативме дека му смета и пробавме сам да спие. Оттогаш пак спие мирно и не се буди додека не го разбудам за храна. Се случува да закенка на кратко, ќе се исповрти де на грб, де на страна, де на меше и брзо заспива пак без интервенирање. Можеби честото будење се должеше на тоа што спиевме сите заедно, а кога почнав да го ставам во креветче, поубаво спиеше и повеќе саати почна да врзува. Забележував дека се будам и јас во точно време од навика, па ете го и тој ќе се разбудеше за цицање. Можеби ме осеќаше и се будеше понекогаш поради мене, а вака нема кој да го буди и да му прекинува сон. Не сум го нишала за да заспие, не сум пеела, немало тапкање и сл. Со цуцла сум пробувала со надеж дека ќе прифати и нема да заспива на цицка, но вриштеше само што ќе му ја доближев и никогаш не фати цуцла. Од толкава приврзаност со цице, не очекував дека ќе се промени вака. Стопати сум била очајна што не можам да мрднам, но решив да го оставам и да тераме, одложив понатаму да му ја мислам што да правиме. Најмалку очекував вака дека ќе се променат работите.
Mајки деновиве нешто се случува со бебко. Навечер си заспиваше околу 23 часот и си спиеше до 6-7 наутро, понекогаш се будеше за млеко еднаш.Но деновиве заспива после 01 и на секој час,два се буди вознемирена плаче.Ја земаме во раце очичките затворени со нозе претка и на цел глас плаче дури и без глас како да зајдува и се случи два пати.Трае околу 10-15 па и 20 мин понекогаш.Потоа заспива и за кратко повторно исто. Дали некоја мајка има вакво искуство?
Некои други информации имаш... Јас се консултирав и со Сања (дргуднајт) а и со литература во која се вели најчесто после 9 месеци се исфрла 3 дремка, до 16 месеци треба да има 2 дремки. Од по саат саати пол мах Е сега моево уште има 3 кратки, и додека не почне да врзува подолго така ќе тераме.
Нас не фати скокот плус запче, не е кенкак не осеќам некоја драстична промена ама има нешто што ме загрижува. Бидејќи се заспива сам, јас го ставам во креветче и излегувам од соба, за после некое време да влезам за да го покријам и има што да видам седнато заспало,ќебенцето во уста и така спие, јас после го легнувам и си продолжува да спие. Ова истово се случува во денските дремки и навечер кај 4-5 сатот. да напоменам дека не изгледа како буден туку така во седење спие хахаха Инаку лази,се исправа, и сакам да прашам дали има простор за секирање?
Ајде генерација, префрлајте се во другата тема, таму сите поголеми дечиња, јас осамена се осеќам . Бебе ми прооде пред неколку дена, а од вчера веќе сам се пушта од еден до друг крај на соба, ама јас трчам по него цело време.. Инаку не знам дали заби вади, но со однесувањево ме полудува. Едвај заспива, сака да спие на мене, од тежината негова стомаков ме боли.. Кенка цеееело време и откако прооде доби самодоверба па сака да се качува по играчки и да стои на нив, па паѓа така само од стоење . Секоја вечер е буден по минимум 2 саати, и така лудо ни е. Само во раце престојува тоа време, инаку вреска. Го гледам бута прстот горе некаде повнатре во устата, ама нема шанса да видам што му искача. 3 или 4? Доле ни 2ки нема, не можам да го сфатам редоследов. Ееее а јас мислев кога ќе направи година ќе се стабилизира и со спиење и со све. Ајде поздрав, кратка посета беше ова, уште си ги посетувам темите бебе, а веќе имам мало човече што е далеку од бебе .
Јас забележав дека ако е во подебелки пижами цело време кемка, и се разбудува па почнав да го оставам со боди по долги и долу танки пижами, покриен со тетра и така спие мирно..А не е многу жешко в спална од 17-20 степени е најмногу темп. Знај и да се разбуди со вриштење како да сонува нешто спие и вришти го нишкам го шетам па едвај се смирува и после улипан заспива..И еднаш обавезно станува за млеко, некогаш и си велам да не пие многу млеко ем има 3 оброци и тоа од 150-200 грама а млеко и по 900-1000 мл пие.. Ма какви 3 часа тој и 5 часа поминува буден и само да ја види количката вришти Од бебе како на оли еве сега како смени.. Иначе денот ни е ваков..Станува во 7 пие Ад, околу 9 доручек после дремка од 1 саат.. Пак пие Ад и околу 13ч.ручек и после од 14 па до 16 или преспива 2 саати или плачи за спиење а не сака да спие па се молиме..станува пак Ад па околу 18ч вечера и пред спиење тоа е околу 20-21 Ад и спие до сабајле..т.с во последно со будење и протести додека не му дадам Ад па да презаспие.. Да не му е многу јадење незнам ..Ад по 170мл пие а кашички од 150 до 200гр јади..Иначе го заспивам во ходников питемно и поладно е и го возам в количка оти поинаку нема шанси да заспие.. Само ќе речам блазесити, ми фали моево само да заспива.. Ухх ако е само за една недела со трчање ќе ја поминиме..
Мајки да не знаете кај нас дали има негде да се купат вакви за пиреа, (како тие на хиппис, холе), но да се отвораат и да може да се полнат со домашно пире?
@0ли ухх, јас имав ептен мака на почеток со неспиење, замисли новороденче не спиеше дење ич, луудииилооо, тоа е се само не здраво.. во принцип имам многу немирно дете, многу активно, многу своеглаво и тоа се познаваше од мноогу малечко. Сватив дека мора да спие за нејзино добро и пратев шо сака шо не, успеа мека подлога, на цврсто се буди одма, мора да е на меше, не смее да има чорапи, и мора да дежи нешто во рака, тоа е кај нас, според мене бебињата не се програмирани и не можат исто да сакаат и исто да функционираа, зато треба следење. Е сега, дење спиеме заедно, причината ја кажав, на вечер ја заспивам исто со лежење до неа, браво како големо твоето се заспиват хаха јас немам доживеано 10 секунди да легнит да одморит, камоли да се загледа во тид и да заспие. Блазе си ти ама не ми е мене ни ова тешко оти не сум ја думкала никогаш. Погоре ти напишаа дека како што растат така и менуваат, тоа е точно, сама си скрати дремка, сама си ја продолжи, сама си одреди и време, јас само и го почитувам. @lavinija28 само се врти во спиење на стомак и кенка оти е на стомак или?
Се врти на стомак, спие некое време и почнува да кемка а тоа мислам дека го прави поради цуцлата бидејќи кога му ја давам се смирува. Со рачињата некогаш не е убаво наместен и затоа го вртам на грбче за да не му се здрват. Ако е убаво легнат го оставам така да си спие
3-4 дена веќе наспана ко човек. Аман да не се заречам Ем вади нови заби, ем почна да оди, ем почна да спие Сигурно си вели Почнав да одам, сега можам раат да спијам Две дремки-едната по час и пол, втората мах до 2. Доцна легнува во 10, ама спие до 8. Докторката ми кажа да му дадам навечер сирупче, ептен го мачат забите. Може и од тоа е посмирен, не знам. Веќе и не го вртам од стомак на грб, гледам си се врти сам. Барем едно гајле помалку.
Јас престанав да го вртам откако сам почна да се врти. Значи од 4 5 месец си спие како сака. Буден се вртеше од 3 месеци, а во сон некаде околу 4 месеци ако добро се сеќавам. Штом може сам да се заврти, ке може и да се врати назад.
И јас се соочувам со бебешка инсомниа . Денски 3 дремки со лесно заспивање. Скратив на 2 дремки само за порано навечер да заспие. Џабе ми било. По 2ч ја успивам , денес почнав во 20:30 ( дека се прозеваше си ги триеше очите) поспа 30мин ...и до 12 преташе се превртуваше цуцла вади става. Е се пренервирав. Таков немир во бебе . Според апликац.имамр сончево расположение Кажите ми некоја техника , тапкам, ја гушкам до мене, со перница на нозе нишкам, ја галам...е пеење не сака Дали да ставиме тв во спална?Дневно околу 1ч дозволувам да гледа тв. Се ќе попуштам само да заспива . 7 месеци сме
Ние се успиваме во количка,го возам од тепих па врз некоја лајсна (да има некои лесни вибрации како да го возам надвор) до душа не го возам надвор зошто повеќе е во ќенгур кога излегуваме. Кога го ставам во количка си се врти настрана и знае дека таму се спие . А за тв. јас од мн мал го ставам во релаксатор пред тв ( не мн блиску) и му пуштам само Baby Tv. Сега им се смее на цртаните,кога го ранам го ставам во стол пред тв. тоа си гледа јас бап-бап со лажицата и тој најаден и јас мирна. Ноќе после 21 или 22 h. нема повеќе цртани туку даваат само тивки приспивни мелодии. Пробај!
Денски спие многу, има 3/4 предпивања преку ден и тоа долги по саатипол-два. На вечер борби еве од 2 часот будна не сака да заспие.. Заби ја мачат, нервозна е. Како да ги намалам денските преспивања? Ја држам, ја играме ја занимаваме, џабе.. Си заспива. Не се издржува веќе темпово нејзино, пола ден и повеќе го спие, на вечер дежурни