Не сум за Тв во спална. Никакви уреди не се потребни, зашто спалната треба да има медитативна приспивна атмосфера. Замислете штом веќе имате телевизор во дневна и гледа 1 час и знае дека се гледа преку ден, а вие да ставите и во спална за да гледа и ноќе?! Само полошо. Сменете во начинот на заспивање, спиење, дремки итн. Побарајте совет колку треба да спие вашето бебе, како се заспива, тие се важни работи. Според мене на 7 месеци, уште е рано за 2 дремки, ама сепак секое бебе е своја приказна. Но, се гледа дека има потешкотии во спиењето, значи бебето е преморено во денот. Отворете кај др Гуднајт на фб или на гугл напишете, има и постови на Инстаграм за тоа колку треба да е будно едно бебе меѓу дремки и за ноќно заспивање.
Мајкии само да се пофалам малиов има запче, дај боже сите вака лесно да ги вади, со мали отстапки на нервоза и неспиење
Јас мислам да ја оставиш сама да си диктира за спиење. Ако сака 3 денски дремки остави ја, ако и ги намалиш ти може само понервозна да биде навечер. Има регресија во спиење на оваа возраст, малиот ми се будеше во сред ноќ да си игра, уште не сум наспиена од тогаш. Остави и ги денските дремки таа сама ќе си ги скрати, навечер измори ја убаво со играње, бањај ја овие денови пред спиење за полесно да и биде, ако доиш напиј се навечер Б6 и магнезиум и полека ќе се вратите во нормала. Како и да е, мора трпение зашто регресијата и 6тиот скок се
На 6+ немав воведено месо, а житарки давав скоро секој ден. Од 7+ давам месо 5 дена во неделата, по 40-50гр, а житарки секој ден.
Со кое месо да започнам? Пилешко скокам ,дека немам сигурносно од каде да набавам. Ми останува телешко и мисиркино?
Синко е 7 месеци и 10 дена. Откако наполни 7 месеци имаме проблем со спиење. Заспива подоцна, кон 21или 22 часот. А, си имавме рутина и најдоцна заспиваше 19:30 или 20 часот. Дали има некоја регресија во спиење сега?
Денес почнавме со вечера. Така да во текот на денот синко многу малце цицаше и сега градиве ми се ептен тврди, чаре? Инаку кога сме кај забите на мојот му излезе долниот десен кец пред две недели. Од левиот кец ни трага ни глас Кога би требало да излезе?
Мисиркин стек, веројатно исто како кај кокошка Од Веро 2, ми ѕвонат кога носат свеж, а исто имаш и спакувани свежи на рафт.
Добро вечер мајки Наскоро ќе правиме 1 година па сакам да нарачам декорации за прв роденден и балончиња по пристапни цени на тема Пиличи... Имате некој предлог???
Леле ве изначитав за дремките и ноќно спиење. Скоро сите имаме вакви или онакви ситуации. Заклучив дека е нормално ( освен ако друг фактор не смени ред-на примерр гости) моја беба се врати у нормална. Синоќа у 22:20 заспа а денес пред 21часот. Супер нека продолжи така. Инску подобра е нема веќе темп. Пие само антибиотик. ПоЗ од нас
На моето двете запчиња му излегоа преку еден ден. Едното, пауза еден ден, па другото, тој ден кога немаше запче вечерта убаво си спиеше, си одмори. А кога ги ваѓаше запчињата кенкав беше цела ноќ 5-6 пати го нишкав да презаспие. Чисто пилешко во тегличка има во Зегин, на Холе, за два оброци е, да се измеша со зеленчук.