Кајмене како помал спијаше повеќе и поубо.. Сега сме 7 мес.. Корегирано 6.. И од како почнавме со храна млеко изгчеда не му е доволно од мене или пак е навика м мн се буди ептен мн.. Плус сѓе во 5 скок и тоа е цел месец веќе скокот и мз од што е.. Заби сеуште немаме
Здраво мајки.. Кога почнаа да седат самостојно вашите малечки? Мислам на под убаво без да паднат без помош на вас или перница... Да не е она tripod position....
Кога е спремен сам ќе седне, Нашиот од 7;5 лсзеше, накај 8;5 почна да се исправат по кревет. На крајот на 8 почетокот на 9 седна. Секој ден се постабилен е. Аѓа пак може да се случи да западне. 9;5 сме сега
Од овошје основните.. Од зеленчук.. Батат, карфиол, брокула, тиквичка, морков, компир, грашок, тиква. блитва проба и спанаќ, кромид, и мешам со инстант кашите ориз, гриз, палента,... Исто бисквити давам со печено јаболко или круша.. Наредна нед ке пробаме телешко здрваје и ќе имам повеќе комбинации
Кај мојата излезе прво едното и за неколку дена и другото, пред 1 недела и и,лезе првото долно, а еве од вчера гледам 2 цртички бели кои грепкаат бааѓи и тропкат на лажиче Со лесно нека ги вадат и останатите, ма да мојата се изнамачи за овие првите, а тек за другите? Ајде да минат како песна другите да ги вадат, што да кажам....
Може и заби го мачат, и скокот и регредија у сон. Се може да е причина. туку се пофалиф дека се врАти у нормала еве и вечерва пред девет заспа. Ама синоќааа на секој пола саат ср бидеше. Цела вечер ма секој пола саат, ми скисна. Спие на цицка, спие врз мене, стај ја на спална се будиии. Има ли скок на 11 месеца?
Официјално и ние сме во темава 6 месеци пред некој ден Со пробување пред 10 дена почнавме сега си јаде јаболко круша и банана по 10 лажички На под е цело време се превртува од една на друга страна на меше на грб секако,и кога е на стомак ги дига и рацете и нозете и како да лета прави мнг е смешна.И кога ќе ја ставам на нозе да стои мнг е цврста стои без проблем подолго време не и клецнуваат ноџињата Е сега дали да стимулирам и правам вежби за лазење? Правите ли? Или само по себе ќе и дојде да не чепкам? И за дубак се мислам воопшто да не ставам...на мисла сумм ептен Совет
Мојата е 9+ и вака ми прави со месеци, не верувам јас во тие скокови, не знам, се си мислам до детето си е. Другите 2 деца вака не ми правеле, тогаш не ни знаев за скокови, по цела ноќ ми спиеја......ненаспана сум 9 месеци ама издржувам што да правам, се за неа
Немаш потреба од стимулации,остави го детето на под се само ќе си научи. Моето од 4м беше на под,не лазеше ама се превртуваше ,се ролаше како палачинка ,па после како војник и оп ќе го видиш на друг дел од собата На 8м седеше самостојно,па од 8ипол до кај 10м го ставав во дубак. После пролазе и го шутна дубакот. Мене ортопедот ми рече издржи до 8м ако можеш не го ставај во дубак или џампер. А го ставав по 20-30минути па на под па после пак во дубак,така комбинирав.
Ај добредојде! Кај да е ќе почне и во круг да се врти Па ќе се крева на колена, ќе се клати, ќе си вежба лазење сама. Со тоа ќе извежба грб, раце, нозе, стомачни. Мислам ништо да не правиш, продолжи на под само на ставаш, сама ќе си извежба сè. Можеби нема да сака да лази, затоа остави што сака да прави. И дубак мислам да не земаш. На стапала внимавај, не и' е можеби телото спремно да стои штом не седи самостојно, кичмата не е цврста. Ако сама се поткрева и стои на нозе, океј. Но мислам да гледаш да не ја држиш на нозе.
Здраво мајки. На едното увце (десното) месец дена од време на време и се вцрвува школката од внатрешната страна, делот пред дупчето надвор што е школката ссмо на едното уво тоа.. Од што може да биде? Знаци за болка нема, го допирам не реагира никако.. Се вцрвува и по неколку саати се повлекува..
Да не спие повеќе на таа страна? Можеби го притиска при спиење, и на мојата знае некогаш да и’ се вцрви едното, ама поминува за брзо. Мојава па сега тегне уши, се кубе, пика цела тупаница во уста, нервозна е, вреска Долните кецови ќе излегуваат, бело се гледа под непцето и цело и’ е отечено, огромно и’ е. Аман веќе нека излезат конечно, 10 ипол месеци направи, уште е без заби
Да на таа страна спие најчесто. Но не и се вцрвува одма после спиење, него во текот на денот пример дури ја држам во раце.
Е така беше и кај нас, 2 месеци бела потечена жлебинка и дур сега и излегоа на 9 месеци, иначе без заби колку е убава па кога се насмее со тоа жлебинките многу ми е слатка без заби Сега уште не и се изникнати само 2 цртички има, лека полека ќе раснат