Од 6 полни. Прво на назад лазеше па после почна на на напред. Сега лази насекаде трча дури, цел стан го преобрне лазејќи
Гледав на youtube вежби А и @Dikinzi ми кажуваше за вежби она може подетално да објасни ако сака А вежбите ќе ти пратам линк да најдам само,ми искочи само како реклама уствари,затоа и ги отворив
Вежбите што ги правев беа најобични. Стимулација на бебето. Кога имав слободно време, ама се дешаваше сигурно по 2-3 пати на ден. Кога ја пресоблекував, ќе се свртеше на меше, пред неа ставав пудро, помада, пелена, што и да е , да се залаже да тргне по него. И кога гледав дека сака да тргне по него, ги ставав моите раце на нејзините стапала, и полека се буткаше, па пак ја враќав поназад и се така во круг. И на двете им правев така, па полесно си сфатија делот околу лазењето. Едит: Не буткав јас, моите раце стоеја само на нивните стопала, они сами се буткаа.
И мојава е 6 месеци и една недела и почнува да лази па ми беше страв некако дека е премногу рано некако, многу е цврста и жилава за разлика од брат и, од 4 месеци се превртува на двете страни од грб на меше и обратно, а од 4ипол ползи ко војниците што ползат. Од пред два дена ја приметив дека застанува во положба за лазење и стоеше така само, а денес веќе почна по малце да лази.
Не е рано тогаш, таман си е, се што може да прави сама е сосема нормално, сите деца не се исти, тоа е веќе факт.
Јас го додавам во зелечукова каша. На сварениот зелечукот додавам 2л. и блендирам додека е топло. Кашата си добие на густинса и имам поголем избор со што да ги мешам зелечуците. Од овие имам со ориз,пченка и тапиока и др.со три видови на житарици. Секој ден рацлично му давам,од таа со ориз му додавам и во овошните каши.
Ох мајки, целата се тресам. Му правев на малиов кашичка, тој седеше во хранилката ама во последно време почна да се пресига надолу ако му падни некое играче. Секогаш го гледам кога работам в кујна а тој кога е в хранилка. Го слушав нешто дека си брбори, јас одма до него бев ама како некоја заслепена не му обрнав внимание некоја минутка, тој кутриот падна и не знам како се држеше некако со едното раче, ама со главата беше долу веќе. Од што плачеше целиот се препоти, прв пат вака од плачење да се испоти. Одвај го смирив, малку е црвен на главчето. Ептен се исплашив и лошо се осеќам дека не го видов навреме.
Мене така на 1.1 за нг ми падна од кревет, секунда се свртив да земам нешто од масичката, таа да се изврти и на тепих на земја да падни.. Плачење до без здив, се исплаши премногу, јас бедно се осеќав оти не ја видов. Ја зедов во раце се смири после сат време си играше се нормално, но јас еве сеуште не можам да си простам
Мајки ви оишувам за комшивка која не е на форумот па реков ќе прашам тука јас. Наиме вика кога бебето цица и веќе заспива му заигрувале раката или ногата неколку секунди.. Вика најбилску кај мачките тоа го имала видено дур спијат.. Кога ми кажа и јас се сетив за мачка што ја имаме така да стресе нозете во спиење.. А вооедно кога сум узморена неш и заспувам мислам ми се има случено и на мене... Некој со сл. Искуство?
Здраво мајки. Дали некоја од вас има искуство со тренингот за спиење кај Dr. Goodnight, како иде процесот и какви се цените? Во принцип имам мирно бебе, 9м сме, преку ден има две дремки и заспива лесно ама вечер и треба повеќе време да заспие, почна да се буди на 2саати бара да цица ако не и дадам почне да плаче(претходно никогаш така не правела), почнав да ја ставам на спална да спие со нас бидејќи во креветче се буди мн често, не знам како да ја научам да презаспие сама помош??
Јас го платив тренингот, можам да ти ги пратам материјалите, не е напишано дека се под авторски права. Не е комплицирано, повеќето луѓе и сами си го прават по книгата Good night sleep tight. 6.000 ден платив