Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Ух, не се сеќавам баш точно, ама околу 9 месеца беше. Знам по тоа дека се порано од Јана правеше. Нормално е да паѓа на газ, така и треба. А тоа клекни стани, клекни стани го вежба, за кига ќе прооди, да си клекнува, да зима играчки и да продолжи,и да падне, знам дека е стрес, ама така ќе научи да пружа раце кога ќе запаѓува. Така што, после кога ќе паѓа ќе биде спремен. :D
     
    На mal.ecka, Jana06 и 0ли им се допаѓа ова.
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Денес првпат му дадов во чинија мали парченца варено јаболко и гмечена тиква, му облеков облека за јадење и чекав реакција. Си пружи раче, зграби со цела рака, ја изгмечи храната во рачето и си стави во уста, па си ги шмукаше прстињата. Си пискаше од среќа :inlove:
    Ова значи дека е спремен да добива и парчиња додека му давам каша? Или вака неколку дена по малку колку да вежба? :D
     
    На Sexybaby86, eta, mal.ecka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Јас по мојот сфатив или парчиња или каша, не да се меша. Оти некако не може одма да смени џвакање/ голтање.
    Почнав нешто како ужинка да му давам во парчињата бисквитчиња и овошје (на пример портокал на резниња). Малку јаде, повеќе фрла ама се учи. Интересно му е.
    Другите ми се со лажица, не ептен блендирано, туку со грутки.
    Неколку пати пробав мешано, ту во рака нешто ту од лажица и се задавуваше.
     
    На mal.ecka, Thallia и dunika им се допаѓа ова.
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Во право си за ова... Тоа го забележав кога сред јадење ќе понудев вода, па не можеше одма да се префрли од погусто на поретко и се засркнуваше со водата, навикнат од кашата да голта погусто.
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    И јс сакам душо
     
  6. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Мајки кажете лек зазапек... 7 мес сме веќе две нед мака мачиме... Дадов провен, сок од слива круша цело време давам.. Тој не плачи нему е тешко ама цело време ккаака брбушки црни и зелени :worried:
     
  7. MinnieM

    MinnieM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.927
    Пол:
    Женски
    Јас не сметам дека 13 месеци е касно проодување. Јас сум проодела на 15, маж ми на 13ипол ако тоа игра улога и сега. Од 8 месеци го ставам во дубак и тоа кратко време во денот, не е постојано во него. Онака е на под или кревет, сепак до детето си е ..
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Којзнае дали има врска тоа ние кога сме почнале да одиме. ^_^
    Врска немам кога сум почнала, а ни мм. Не сум прашала и некако не ми е ни важно.
    Ништо не е касно или рано и до детето е сè додека само си ги прави сите работи без помош. И на 2 години ако прооди, и тогаш не е доцна ако тогаш било спремно за тоа.

    Можеби и тоа кратко време во дубакот му пречи, што знам. Не е заодено, дубакот го тера да оди.
    За исправање кога-тогаш ќе се исправи, пиша дека те загрижува тоа.
    Од која причина се одлучи за дубак?

    Барајќи во групата нешто за исхрана, налетав на текстот и го ставив за да прочитаат тие што се двоумат дали да купуваат помагала, па можеби ова ќе им треба како информација.
     
    Последна измена: 15 јануари 2021
    На dunika, MinnieM, Enci201 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Да, и јас вака знам.
    А како што гледам ( најмногу по ФБ) ги учат да седат на 6 или 7месеци...не знам зошто така, дали ортопедите така им кажуваат или бабите :)
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Верувај дека педијатри така советуваат, не само баби.
    Мене Марина од Ремедика и уште еден педијатар ми рекоа да го седнувам со перници околу него, морало до 8 месеци да направиме самостојно да седи. :fubar: Зошто такви совети даваат не ми е јасно...
     
    На dunika и Enci201 им се допаѓа ова.
  11. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Кај нас во Чешка затоа се оди кај физиотерапевт (не ортопед)...а исто педијатар различно ќе ти каже, зависи на кого ќе налеташ.
    Ова што го имаш објавено, хрватското, е како советите од физиотерапевтот.
    Не мора да седи самостојно на 8 месеци, само кога ќе биде поставен да успева кратко време да се задржи во положбата.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфатиш погрешно ама мислам дека на некој начин си му 'помогнала' со дубакот сам да си стои и сега не е доволно мотивиран да се потруди сам. Ова што се симнува сам од кревет според мене е голема работа, јас мојот го вртам нонстоп со нозете на ивицата од спалната да го 'научам' како да се симнува за не дај боже, некогаш ако спијам цврсто да не падне туку сам да се симне. Значи ако го совладал тоа, нема логика да не совладал како да се исправи. Мислам дека си знае во главчето дека ќе биде исправен во дубак и не се труди.
    Јас купив џампер зашто сакаше да биде исправен нонстоп и не можев до вц да одам. Ми седи така дома, го користам најмногу пола саат во денот ама прво сам се исправи, па го ставив во џампер.
    Прво дете ми е и јас учам со него, не сакам да звучам како да ти солам памет ама јас би паузирала со дубакот зашто очигледно дека детето си е активно, а не сака да се исправи, не дека не може.
    Инаку, горе доле сите одиме кај ист ортопед и ги добив истите совети што сте ги напишале. Ортопедот ми рече дека е нормално дете да прооди од 9 месеци до 3 години.

    Нели заби вадевте вие, плус 6тиот скок ве фатил и лудница :D
    Кај нас помага шетање, носи ја надвор колку можеш повеќе, ние сме излезени секој ден од 10-11 до кај 14-15h. Јас се смрзнувам зашто овие 2 дена е минус ама тој е топол во количката си разгледува и првата дремка во шетање му е. Се враќаме дома, ручек, втора дремка и веќе поминал денот. Малку кенка навечер ама се трпи. Само шетање му е мајката.

    Јас мислам да му даваш :) Исецкај му како ужинка и нека зима сам, нека бута во уста. Секако повеќе доле ќе паднат него во меше :D
     
    На crazylady, MinnieM и 0ли им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    @0ли ако имаш време и мерак да чистиш после тоа,давај му нон стоп.
    На работа(во јасли) сите деца на 7-8 мес беа седнати во дрвена хранилка на маса и јадеа сами,со раче.Хаос беше сегде,зрна ориз,кускус,сецкани шпагети...едвај дочистувавме.Поголемиот дел завршуваше на земја ама тие беа пресреќни,плус со развиена фина моторика.Мене ми остана навика од таму,па некако несвесно исто постапувам и со мојата.Лом е кога јаде,но само ја посматрам,и на крај дохранувам да сум сигурна дека е сита.Од завчера почнав да и полнам лажиче,го ставам во тањир и си го зема и носи во уста.Уште да научи да не ја врти наопачки лажичката:D
    Иначе ке видиш како од ден на ден ке напредува,многу брзо учат и сваќаат.Ако сте во можност,временски,нека ви биде заеднички оброкот,така ке ужива уште повеќе(fingers)
     
    На Panovic, Sexybaby86, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Arijana22

    Arijana22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Зеленчукот може да е замрзнат? Сакам да дадам грашок ама немам свеж? Ти благодарам многу:)
     
  15. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Моето синче има 10 и пол месеци. Има две запчиња на долната вилица и мислам дека ќе му рсстат и двете горе. Веќе две недели се буди навечер на секои саат време /два. Нишкај, успивај, млеко... И по цела вечер така. Имал ли некој такво искуство? Преморени сме со сопругот више
     
  16. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Јас дадов од нашиот на фриком меколку зрнца... Исто телешко пробавме со батат кромид и ставив едно мало парче пиперка и таа оф нас јас што си дробев за нас ... Тие не се алергени неми е страв.. Повеќе ме фаќа страв за млечните раб. Јајцето... Бидеќи на кашите, инстамт, бисквити, ноќните се што содржимлеко во прав ми јви алергија...
     
    На Arijana22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Патем јас купувам една китка брокула, карфиол, батат, тиквица и се сечам и замрзнувам и д сиимам дур потрошм... Не купувам мн количински за да неседи мн време во фрижидер.. Цело време так давам.. Исто и блитва замрзнав и си вадам по едно ливче за ручок
     
    На Arijana22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    И мојит се буди мн ама нема нешто отечено непце нз и јас што д мислам дали е оф заби.. 7 мес сме немаме ни едно
     
    На Scorpio87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Има една група на фбза blw метод.. Ја имаш?
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  20. prinstongirl2

    prinstongirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2013
    Пораки:
    1.992
    Допаѓања:
    1.742
    Ние сме 7 мес.. Корегирано 6.... З седење седи на лревет подпрен а без помошсе ниша се клати ме е стабилен.. Во дубак оди.. За исправање се испрај на лревет се држи и стој... Сак мн да оди да патка и д скока... На земја е цело време и само се преветува, сега почна да покажува желба за лазење само со рацете се лизга онак војнички, како риба н суво... Ама ете седењето не ни оди.. Јас го седнаѓ седи седи и че нурни напред каако да се фрла во базент сака да е на меше и да се превртува