Се сеќавам ќерка ми така на 13-14 месеци ми се воспали вриштеше, ништо не помагаше,само од канестен маст и помина.Види како ќе и биде од судот,ако не прашај педијатар.
@0ли нека се редат ко бисерчиња и со лесно да ги вади Купи му нешто бело.Оваа традиција или бабина деветина ми се допадна па си ја искористив @Bubish26 не е од пелените,многу често кака па се воспалило. Намачкај Бепантен и нека седи гола колку може повеќе.
Фала ви на сите! И мене ми се допаѓа, планирав охридски бисер во кутивче да му купам, и онака сум на местото
, Оваа маст на ремедија е пре пре добра, а и многу мајки ја фалат. Ја прават во Прилеп во аптека Ремедија, ама не знам дали ја има и во други аптеки.
Нека му се редат бели како бисерчиња, со лесно да ги вади. Кај нас само две цртички се гледаат, ама не грепка уште ☺
Еднаш пробав така со него во кујна и никогаш повеќе. Уплав има детево, кога писна неможев да го смирам..
Кога спомнавте генерациски бебиња и игрите, детево не го занимаваат играчки, фокусиран е на далинско, наочари,сат за рака, влечки и такви работи и затоа престанав да купувам играчки и на сите им забранав затоа што само прашина ми фаќаат. Приметив заинтересиран е за книги, не дека разбираама изгледа сликите му се интересни и само ги врти. Јас не го форсирам за некакви посебни игри, сега е во фаза на заодување и само тоа сака да прави друго ништо. Ниту браво, ниту пољубац дава, само здраво и чао хахаха и ако му речеш дај тогаш дава тоа што го има во рака...ќе се надоврзам на Оли и Јана и бебево има чеканче и цел ден удира по ѕидовивев лом прави хахахха Заби ни растат две горе (единици) и две долу (двојки) весело ни е хахаха.
@0ли да се редат сите како бисерчиња. И јас лупам, сечам, чистам со него, а тој залепен за ногава, нема померување. Веќе и се навикнав.
Ми помина време за да го дополнам текстот, а сакав да прашам...кога се гледа дали бебето/детето е левичар?
Гледав едно видео пред некое време за ова, земи ја омилената играчка на бебето и стави ја пред него повеќе пати, види со која рака најчесто прво пробува да ја дофати играчката, иако многу е рано реално, читав дека до 3 години детето може подеднакво да ги користи и двете раце без да има доминантна. @0ли да се редат бели како бисерчиња и со лесно да ги вади запчињата
@Bubish26 за бришење од кога е роден малиот немам искористено ни една влажна. Во ДМ имаш вати со бебенце на нив,ги мокрам мн малку,стискам за да нема капки и го бришам. Легната сум инаку ке ти сликав да видиш какви се. Ако неможеш да купиш од таму земи од туферите за тргање шминка,свари чај од камилица и мокри ги од чајот. Пробај!
Ги знам тие туфери, користев кога беше бебе ама сега од кога почна да бегат ми е ептем ми е попрактично со влажни. Ги користам истите 10 месеци уназад, памперс исто.. слушнав дека може да е и од запчињата
Пробај со мустела. Јас користам памперс премиум и влажни, и никогаш не сме имале проблем до сега. Секогаш мачкам мустела.
Да, исто со прстето. И мене чудно ми падна. Како кога се концентрира или нешто ново кога гледа. Не можам да сфатам точно што му значи
Малиов не прекинува да се исправа, веќе ни седење не му е интересно. Кога побрзо, што се вели сега скоро научи да седи цврсто Во креветче кога е, се фаќа за оградата и стои. Ама гледам дека не стои секогаш на стапала, понекогаш на превиткани прсти и криви нозе стои. Да го оставам или ќе си искриви нозе?