Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Повеќе кон стоење, чекорење, седење, клечење, одење како мечка, од зборење само мама,ммммм, дедеде, порано и баба ...и си брмчи редовно
     
    На elenaklasik и elimkd им се допаѓа ова.
  2. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Логопед вели дека нема поврзаност меѓу рано проодување и подоцнежно зборување.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Пред да го носам на последната вакцина, прашав дали треба да не е јаден. Ми рекоа најнормално да си јаде како што му е редот.
     
    На eta и lavinija28 им се допаѓа ова.
  4. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    И моево брмчит брм брмм отидов количиња му зедов :)
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anitka-fifa

    anitka-fifa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    383
    ви пишав во приватна порака за материјалите од др Гуднајт
     
    На Enci201 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Мајки, дали за бсж вакцината ви рекоја да се ревакцинира на 9 месеци доколку нема белег?
     
  7. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    И двете, обожаваат бебињата да пискаат додека стојат. Можеби додека ги прават првите чекори ќе бидат малце поќутливи, за да се концентрираат , ама после ќе биде навика више, и ќе трча и ќе се дере :D
     
    На Sexybaby86, Thallia, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. RAK91

    RAK91 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    И мене ова ме интересира. Кај синко нема белег.
    А има 10 месеци. Во ремедика ми рекоја да прашам кога ставаме вакцина за да се ревакцинира, во Букурешт еднаш ми рекоја дека не ревакцинираат, потоа ќе сме виделе понатака. Не знам кого да слушаш...
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Сега се враќам од вакцинирање,детето можеш да си го нахраниш како што сакаш,млеко -каша не е важно. А за бсж сигурно ќе треба ревакцина пошто прво нешто што направи му провери дали има белег.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Денес нас ни закажаа за по еден месец ревакцина бсж. Др праша кога прави 9 м, си пресмета таму и ни закажа. Ова за во Прилеп. А баш еднаш читав по групине на фб дека неккаде не вршеле ревакцина и чудно ми е...
     
  11. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    И јас го однесов најаден, изгледа нема поврзаност тоа со вакциниве. Можеби се збунив за со ротата, за неа мислам имаше нешто да не е јадено пред и одма по вакцината за да не поврати случајно. Ние 3 доза рота не примивме бидејќи истече периодот. Др рече може да продолжиме со вкусови бидејќи од оваа вакцина нема реакција поврзано со храна.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.009
    Допаѓања:
    2.589
    Пол:
    Женски
    И нам ни закажаа ревакцинација зс всж, но јас го носам и Систина па др. Фиданоски рече нема потреба од ррвакцинација по нови испитувања, не знам како да ги откачам нашиве сега бидејки вакциниве ми се ептен хард кор
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Ох, не знаеш како се нервирам. Денес цел ден само за тоа читам и се консултирам насекаде. Ние имаме еден месец до тогаш, ама стварно многу сум изреволтирана од тоа што едни доктори кажуваат едно а други друго, и сето тоа во иста држава:@ Ептен се нервирам како да е ова некоја небитна работа божем. Плус др ни закажа за точно определен датум со изговор дека ова е жива вакцина и кога ќе го отвореле тоа пакетот или што знам што, требало да се потроши наеднаш, па изгледа и други деца ќе вакцинираат тогаш. Исто се изначитав на нет дека нема потреба од втора доза бидејќи не е докажано дека воопшто втората доза има ефект. Лошо е што викаат да се ревакцинира до година, а постои тој манту тестот што го правеле АМА ПОСЛЕ годинката за да видат дали е успешна вакцината. Се' ми е толку контрадикторно....И плус еве се изначитав од искуства дека иако немале белег бебушите, др им викале нема потреба од ревакцина и дека не значело тоа дека е неуспешна. А ваму кај вакциниве баш ја засакав оваа др, супер ми е. Сега ако не го однесам не знам понатаму како ќе реагира, но планирам во меѓувреме да собирам искуства и ако треба да појдам и да и' речам дека не сакам да се вакцинира малово. Или појма немам....
     
    На Milicka* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Кога го вакцинираа последен пат, на докторот кај вакцините му спомнав за БСЖ и дали треба да се ревакцинира. Го погледна на рамото, му го допре и рече дека надвор не било видливо, но опипал внатре и дека можеби понатаму ќе излезе како пликче. Но рече дека не треба ревакцина и ми запиша само кога да го носам за пневмокока последна ревакцина и за МРП.
     
    На Milicka* и lavinija28 им се допаѓа ова.
  15. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.925
    Допаѓања:
    12.095
    Пол:
    Женски
    И ние сме во групата за ревакцина. Малиов ја прими во Плодност и досега нема некоја промена на местото.
    Додуша, од други слушнавме, јас не знам за ова, дека во Плодност боцкале малку подолу, а не кај рамото. Има некоја сознание како прават? Јас сакам да се јавам кај нив, да побарам и од таму мислење, зашто кај нас во Охрид упорно нѐ викаат на вакцина. Тоа со белегот било рекла-казала, морало да излезе белег хм, е сега абер немам. И велат дека немало гајле од двапати вакцинирање.

    А и оваа работа ми е чудна.
    Д-рката на вакцини вика дека не може да не излезе белег, а од друга страна вели ако вториот пат не излезе белег, тогаш нема трета доза. Е овие два исказа во иста реченица. Логика? Кајне лоџик. :doh:

    Во приватниве клиники едни препораки важат, тие и по странски испитувања се водат, а во државниве болници сосема друга приказна.
     
    На Sexybaby86, Milicka* и Jana06 им се допаѓа ова.
  16. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    332
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Мајки, оваа тема е поактивна па можи ќе знае некоја да ми одговори. Имам уште некој месец од породилното боледување, а веднаш после тоа ми беше надоврзан одморот од лани кој не го искористив и нели треба да се искористи до Јули оваа година. За малото ме следуваат и неколку месеци продолжено боледување за нега, па ме интересира дали можи откако ќе ми заврши породилното, да го искористам годишниот одмор па потоа да отворам боледување за нега на дете или мора породилното да е споено со новото боледување?
     
  17. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Значи вака, ти завршува породилното боледување, потоа искористи го годишниот одмор од 2020год кој треба да се искористи до 31.06.2021 и потоа можеш да продолжиш боледување за нега на дете до три години, сето тоа да биде споено без ден размах.
    Трудничкото боледување нема никаква врска со боледувањето за нега на дете што значи не мора да е споено.
     
    На zemzela91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.847
    Допаѓања:
    95.233
    Пол:
    Женски
    Мајки не знам што е финтата со белезите на рамо од БСЖ,кај мене до 24 мес сите вакцини се примаат во надворешната страна на ногата горе.
    Педијатарот ми рече дека така правеле бидејќи има повеќе мускулна маса во бутчето.
    Сега за ммр бев спремна да ја држам за во раче,се изненадив дека во нога ја прими.
     
    На Sexybaby86 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Dikinzi

    Dikinzi Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    2.597
    Допаѓања:
    6.162
    Пол:
    Женски
    Имаше ли црвенко на рачето ?
    Обично во Скопје ден по раѓање им ги пуштаат. Баш за Јана знам беше така, пишува на картонот. Не ни видов јас,патронажната ми кажа, ако и се вцрви рачето ( топче црвено) има примено БСЖ , во Велес е поинаку, Ема требаше да ја прими на 8 миот ден од кига беше родена, ама ја прими пред да наполни 2 месеца. Го фатив последниот воз, зошто до 8 недела најкасно требало да се прими.
    ( Или до 12 та, не ме држете за збор, оти заборавив) .
    Во Велес има ревакцини, ако нема белег.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Епа мајки кај нас денес 3 во 1:))) Освен вакцината, одручеква заприметувам долу кај десниот кец непцето како крваво. Фаќам со прст, гледам греби:) Потчукнувам со лажиче- чука! Имаме прво запче :inlove::inlove::inlove: , а и другиот кец како да сака да излези :)И плус нешто му правевме "браво ,браво" и малиов почна да штрака :$ Само колку е нервозен, чудо едно. Сега и вакцина, и заб...се надевам со лесно ќе помини. Не ми седи мирен да мерам тт. Дигиталниот и бесконтактниот грешно ми кажуваат, сега еве заспа па да пробам со живин. Мајка ми вика да му дадам пола доза сирупче демек да му олеснам, ама мене не ми се дава доколку нема тт.
     
    На ..MoNNy..!!, babyboy1, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.