Te читам и потполно ист случај сме, заспива исклучиво на града и надвор в количка ама в двор со пуштен усисивач :/
Мајки, малиот се нафрла само околу вратот од напред, зад ушињата,а има и на лицето. Многу мали ситни мозолчиња а на лицето се забележуваат само од страна ако ги гледаш вака директно не се забележуваат. Можно е да е алергија од храна? Не сум дала ништо ново деновиве. Или од жешко? Цело време му ги перам алиштата со ист прашок
Ете го и второто запче, денес осетив грепкање кај другиот кец Вчера денските дремки си ги отспа, ноќта вчера ја помина супер, не ни очекував толку брзо да излезе уште едно. Горните кецови брзо излегуваат после долните? Дајбоже лесно да помине и со другите запчиња како и со овие две.
Ммр кога се прима кај вас Дуниче? И колку дози се? Тука е на 13 месеци, таа и’ е следна на бебка Инаку само бсж е боцкана во раче уште во болница, сите други во бут ги примаше (освен ротата, нели). Па кај големава не беа баш брзо, имаше размак од некои 2 месеци сигурно, ама нема правила тука, кај секое дете различно Малава абер нема од заби, само отечено си стои непцето, изгледа ќе си почекам до прв роденден
@Sexybaby86 на 9 и 12 мес е ММР(2ра доза до 15 мес може). Минатиот петок ја прими,до сега фала Богу супер е. И таму не плачеше ич,а со маж ми бевме упрпани ептен.
Нас долните еден по еден ни излегоја, горниот кец после 3 месеци, а вториот горе еве 2 недели поминаа од првиот ама ни трага. Предмешна ми е кога ќе се насмее, долу две запчиња и горе еден и то многу брзо порасна и се познава скроз. За долните требеше месец дена додека изчегоја баш да се гледет.
Мајки супа сакам да и дадам, но не знам дали можи малце да и ставам сол? Пошто нема сигурно така да ја јаде. 7 месеци има.. Не знам како да ги зачинам и зеленчуковиве каши слабо ги јаде... Овошните малце подобро. Вчера зеленчукова чорба имавме дома (кромид, брокула, морков, праз, сето блендирано варено како крем супа) и дадов две лажички и трчаше по лажичката, ама дека зачинета со сол, вегета не продожив да давам
Јас од ко почнав да и редам, зајаде колку толку, така бљутаво не сакаше воопшто, ќе речиш што знае тоа како е повкусно ама ете знае, мада тоа беше негде 10 месец.
Пробај го истото со плус пашканат и малку кисело млеко (знам дека се дава од 8 месеци ама подобро отколку сол) и види дали ќе јаде. Реално, нема малку или многу сол, или е солено или не е, а мало е детето за сол. После една година се дава зашто немаат развиени бубрези за преработка на сол. Исто, со правилна употреба на зачини може да се направат вкусни каши. Еве ти рецепт за домашна вегета: -ситно изрендан целер -1 црвен кромид -неколку чешниња лук -1 пашканат -2 моркови И можеш уште некој зеленчук по желба: пиперка, кељ, карфиол... Сега е ладно, па не можеш баш природно да го сушиш, стави го во релна на некоја ниска температура со вентилатор нека се исуши, измешај и додавај при крај во тенџерето кога му правиш зеленчукова каша.
Сега гледав од 7 месец може да се дава кравјо сирење и урда. Сирењето сол има во него па затоа ме чуди
Кај моево по две одеднаш излегуваа Првите два кеца доле излегоа на 7месеци,вторите горе после 3 месеци. После 2 месеци една двојка,по 1 месец другата, па последно, после 2 месеци во рок од две недели сите четири четворки Долните двојки се кријат
Купив Нук силиконска четка за заби и паста. Дали да му ставам паста за две запчиња? И дали силиконското го стерилизирате во стреилизатор?
Бататот ги заблажува кашите мх мх до совршенство. Малку е поскап, ама по малку ќе ставаш. Исто и пашканат многу убава арома дава, не е нападна ама има слатка жичка.