Не сум ставала паста, и јас не знаев дали треба, добро што праша. Не сум пробала во стерилизаторот, страв ми беше дали треба бидејќи во упатството пишува да се врие, не знаев дали може во него. Ја ставам во ѓезве со вода и ја вријам додека му давам храна, па кога ќе заврши со јадење, му ги четкам. Тоа повеќе изгледа како масирање непца, ја гризе, но пробувам да поминам и горе и долу со неа. Ти како правиш?
Се дава несолено како моцарела или можеш соленото да го отсолуваш во вода. @0ли @Butterfly1107 Не се става паста додека не научи дека треба да ја плукне, а не да ја голтне.
Ми помина времето за едитирање. Ја сликав декларацијата, гледам нема флуор и шеќер во пастава Зедов да ја читам и темата за први заби и пишуваа дека не треба да се мијат со паста што содржи флуор, па претпоставувам оваа е безбедна.
Во тој случај не знам, немам прочитано декларација од паста. Така ја имам прочитано @Spidy, може да ни објасни.
Ксилитол е засладувач, се става во мастиките без шекер, ако тоа ви значи нешто. Не мора да користите паста воопшто, ама ако веќе сакате мора да биде без флуор додека детето не научи да плука. Јас долго време не користев паста, заби и миев на малата само со вода. Битно е механички да се исчеткаат забите, да се отстрани храната.
Дали им се суви обравчињата на вашите бебушки и дали користите некоја крема? На мојов му се како суви ама многу се чепка со раце, со нокти, некогаш како нервозно се трие. Плус лазење, со лицето се наведнува на ламинат или тепих, лигавење...Мачкав со јекодерм, нема некое подобрување.
Мачкај го со веледа или мустела стелатопиа тоа е за сува кожа, обавезно кога ќе испаднете надвор на прошетка.
Не може да се стерилизира силиконскиот напрсток во стерилизатор, ниту пак да се мие во машина за садови. Сунѓерче, сјајче и вриење во вода 5 до 10 мин. Јас ја користам, не секој ден ама често
Добро, тогаш ќе продолжам без паста иако е без флуор оваа. Понекогаш и на моето му се појавува суво обравче, како лишај. Со Мустела стелатопиа не му помина, па пробав со Атопи контрол од Еуцерин и полека му се повлече црвенилото. Редовно и секогаш го мачкам пред излегување со Веледа за студ и после шетање му се супер образите. Обично на декларациите пишува ако може да се стави нешто во стерилизатор, па затоа не ми се ризикуваше. Не е страшно и со вода, ставам да врие додека јаде и спремна е откако ќе заврши. Ја користам после секое јадење, се плашам наслаги да не му останат од храната.
На мојата декларација стои ова како се одржува И јас му ги чистам после вториот оброк секој ден. Почесто не ми дозволува дека има болки моментално, а и сметам дека е доволно Мислев со пастата, не секој ден ама често Си пишува дека е безбедна, а и составот е сосема во ред
Јас четката и ја попарувам со врела вода од бокал.Напрстокот го фрлив оти има многу заби и ми го џвакнуваше,едвај го вадев. Користам Курапрокс за бебе,многу е добра со меки влакна.
7 месеци наполни ќере и не е истото бебе.. Пишти, кенка, ништо не и е погодено. Цел ден напнато, нервозно, само надвор во количката спиеше денес, дома ни во раце ни во кревет нигде не ја собра. Инает гледам голем е ако нешто не е како што сака плачи, писка. Сигурно и други забчиња се на пат. Не знам од што друго би правела вака.. Заспа во 21ч и од тогаш 4 пати стана со плачење и само пред аспиратор се смирува и повторно заспива. Цело време прета и се превртува дури спие..што можи да е?
Добро, само јас имам толку невоспитани и некултурни луѓе околу мене? Како си дозволуваат луѓето да му пружаат храна да детето без да ме прашаат дали смее или дали му е време за јадење? Како си дозволуваат да навредуваат доктори заради менито за исхрана кое го даваат, да ми делат непобарани совети за сол, шеќер и слично? Стварно не разбирам дали сериозно сакаат да не го гледаат додека не се преиспитаат што прават. Толку пати да предупредуваме со маж ми и да се прават на три ипол дека не слушаат. Многу ми пука филмот, страшно сум изреволтирана и жими се нема да го гледа никој, па нека сум најлоша на цел свет.
Исто, еднаш се погоди јас да зборам што како а баба му се прави наудрена па сопругот рече а она не слуша што не и одговара, па јас дојдов до неа и ѝ кажав па и јас од сега така ќе си правам и така и биде, она збори нешто, јас не ја ни погледнувам. Уживај, нема потреба да се замараш пошто очигледно ќе тераат по нивно.
Покажи заби! Не е нивна своина детето, како им текнало така да му прават. Не ќе им се скрши егото ако прашаат "може смее треба". Бооо, ајде изрешетари ги таму
Да, ќе си правиш по твое, тие по нивно, тие дрдорат, ти на тошо. Ама што кога има ситуации да не си тука, да не забележиш нешто? Значи ова бабине и дедињана прават ко нивно да е детето и ко некој проблем да имаат ако послушаат што им се вели. Неважно што е нештото некорисно за малото, тие да истераат по нивно. Има потреба да се замара за нејзино дете. Ако се толку тупајзери старите, дури и сум да не го гледаат секогаш. Јас на бабата и дедото им реков вака - не му давам сол чоколатца смоки, тоа се празни калории што ќе му се, па свекрива ми вели така така нема потреба. Мислам дека се разбравме.