Очигледно добри сте со мажот ти штом сте повторувале по стопати. Не сфаќам како може да има толку неразбрани луѓе, да не знаат да почитуваат и да се тепила. Не се само тие такви, не ми се верува што читам во темата што им пречи на мајките после породување. Се крстам, се смеам, се нервирам со таа тема. За инат ли прават така? Прости ли се? Што е работава, не можам да се изначудам. Според мене, решение не е од едно влегло, од друго излегло или да се правам аха важи и да оставам да не се расправам. Сечење во корен на проблемот треба. Прво, нели, човек пробува човечки и со убаво да се разбере. Ако не ја бива, веднаш потоа им се покажува местото, им се кажува дека не е нивно детето, дека ништо не знаат и не смеат да се мешаат. Не треба да чекаш трипати да те изнервира некој. Првиот пат со убаво, вториот со лошо и третиот не ме гледа. Немам нерви и енергија за трошење и до недоглед да се објаснувам со луѓе што не ме почитуваат. Искрено, и премногу си трпела, не знам како си издржала. Изгледа имам среќа што вакви проблеми не сум имала, општо со мајка и свекрва да ме замараат. Цела бременост само помош видов од свекрва, се уби жената да ми зготви по нарачка, секогаш прашуваше што смее и што не смее да стави. Откако се породив, три месеци секој ден имавме ручек, ни го носеа пред врата и секогаш тоа што ќе речам да направи и како што ќе кажам. Жената е премногу разбрана, ненаметлива, културна, воспитана. Не се гледаме воопшто поради короната и така ќе остане додека не се среди ситуацијата, но знам дека секогаш ќе ме праша што смее и што не смее да му дава на малиот, никогаш не ми се правела дека таа знае, а јас или доктори не. Самата вели други времиња се, ние порано сосема поинаку сме правеле. Не се мешаат, почитуваат. Моите исто така не ми се мешаат, се трудат да не ме нервираат. Мајка ми се испотепа да ми најде сè домашно, непрскано и исчистени ми ги дава. Знам дека кога би го чувала, би правела како што ќе и' кажам. Јана, нема да си најлоша на цел свет, од мене полоша нема кога станува збор за мешање. Ниту се мешам ниту сакам да ми се мешаат. За твое дете ти кажуваш и одлучуваш, не дозволувај толку да си земаат слобода.
Па ете, тоа е поентата, опкружена сум со некултурни луѓе. Тоа што ми го прават свеќи и мајка и, моите никогаш не би го направиле. Исто е како што кажуваш, секогаш ме прашуваат што смее, што ми треба, гледаат да ни угодат нас, а не да си го нахранат егото. Маж ми верувај е или префин или прегруб, вчера многу ги построи и сега се увреџени. Кој е крив? Нормално снаата, многу слуша доктори и го ограничува детето. Не би да ја трујам темава ама многу мака ми дојде вчера.
Не знам, можеби сум друг тип па не ми сметаат празни муабети и предавања, ако треба да ми го чуваат ваљда би постапила на друг начин. Овде сум на гости и цело време сум со бебе, излегувам кога е најадено или пак спремам и излегувам. Реално ако се неразбрани а треба да ти го причуваат џабе нервози и објаснување кога пак би терале по свое. Посебно па на такви луѓе како што кажува Јана кои бараат само караница очигледно.
Уште увреџени се, тоа ми е најјако И не ми е јасно зошто е толку тешко да се сфати дека твоја работа е и многу да слушаш доктори и да го ограничуваш. Нивна работа е да му се радуваат, да си играат, да го гушкаат, а не знам што ги засега како го храниш и воспитуваш. Се нервирам, значи ептен се нервирам за вака неразбрани. Мора да направите да сфатат дека треба да искористат да го гушкаат, да го опсипаат со љубов наместо да губат време во тапење како ти треба да си го храниш и гледаш детето. Губат драгоцено време, наместо тоа време да го поминат во радост со малиот.
Јас не знам што да кажам за моите свекор и свекрва, барам зборови , ама ништо не може да ги долови. Ете, и кај мене се така неразбрани, вријам, се нервирам. Ама колку и да им кажеш пак по нивно тераат. Неќна бевме на гости кај нив, ајде свекорот вика, колку шеќер сакаш во кафето..викам 2 лажици, и пак не беше благо кафето. По тоа заклучете какви се ! Им се лепат на децата, посебно на Ема, ако се сврти и она по неа,ако отиде 5 чекора и она по неа 5 чекора, само неспособни ми ги прават. Господе Боже..
На темава.Јас сум дете растено со баби и дедовци,со многу љубов,грижа и хармонија,па сега кога сме далеку од сите,ми паѓа криво на моменти што моето дете нема да расте така.Колку и да се блиско сродство,нема да ја има таа поврзаност.Од друга страна,кога читам какви глупости прават,си викам добро е што сме сами. Во однос на храна сум вистински “Наци”,не само што нема да преќутам,туку ке направам револуција. И да,менталитетот ни е ужасен,да бевме дисциплинирани и да почитувавме стручни и општо туѓи мислења многу подалеку ке бевме во сите сфери на живеење. Ко што рече Оли,што е толку тешко да спроведеш нешто што ти е веќе сервирано,изџвакано. Еден куп рецепти,насоки,стручни студии се наоѓаат со еден клик на интернет,ама не,во ‘21ва уште треба да се расправаме зошто цуцлата не се брца во мед. Од што е тажно,дури смешно е.
Исто е и кај нас Моите не се мешаат кога е храна во прашање, слушаат моја команда и покрај тоа што изгледале две свои деца Знаат дека порано било едно, сега е друго и тука веќе нема друг муабет. Ама свеки и свекот се спротивност. Обавезно мора да му се понуди нешто откако бебе ручало. Или “корка леб” или “лимон да грицка” или “дај му да пивне” или “мацни му со лепчето”. Ама зошто!? Не е детето воопшто греота ако седи со нас на маса и не гледа, кога пред 5 мин го завршил оброкот! Еднаш и реков идам до продавница, не му давај од урдата. Кога ќе се вратам ќе му спремам доручек. Се враќам и гледам синко на лигавка урда Кај може да скрие нешто од мене. Ама полудев луѓе. Како може една работа да не ме послуша. Среќа се погоди свекор ми дома (ептен е разбран) и кога сум ја построила... и кажав дека не ми прави мене лошо, му прави на детето. И дека сега ради ова пак снашката е лоша што коментира, ама за дете свое ќе коментирам. И дека ако не сака понатака конфликт за било што да ме праша дали може синко да земе. Потоа ги нервираше неуредното јадење на синко, само фрлал, јадел со раце, не било културно така да го учам да јаде. Ги прашав дали на 10 месеци треба математика да решава!? Сега долу го хранам Им реков дека кога ќе има 3-4 години и ќе знае културно да јаде ќе го носам кај нив
Здраво. Синко е веќе 10ипол месеци. Последните два дена многу често кога зима воздух како да се задишува ( или заикнува, незнам точно како да го опишам). Дали нешто не е во ред или е само период кога нешто ново учи и испробува.
Не знам дали убаво се гледа мрда, прета бебе. Има црвени како пликови суви и здебелени на мешето, позади вратот, позади коленцата. Има дерматит земавме Еуцерин атопик маслото и лосиоонот му помина сега пак овој пат вакви... Што друго да мачкам?
Јас две недели користам козметика на La Roche posay lipikar и да ти кажам многу сум задоволна, веднаш видливи резултати, имаше огромни црвени флеки а сега веќе се чистат.
Na moeto malecko mu se povlece od krema cicabio od bioderma i mleko za telo rilastil, a i maslo za banjanje od bioderma i malku sol vo vodata, ova spored dr dermatolog i navistina za nelolku dena vidov rezultati
Имам мрсна купка и лосион за тело. Има и крема која се нанесува директно на црвенилото но сеуште не ми стигнала во аптека, од Зегин ги купив по 1200-1300 не сум точно сигурна.
Си игра и мохата така права како да заика силно и се смее. Игра е. Не се секирај, се нешто ново изведуваат сега како растат. 10 месеци е мојата, а ова го прави веќе 1 месец, ама од радост и е, се гледа, се смее кога го орави тоа и си плеска со рачињата
И јас сум "лоша снаа" ,дека имам став. Од моиве никаков проблем секој викенд на ручек, купено соџвакамо исчистено донесено. Свекор и свекрва , во почеток ги покосив , и двајцата се медицински лица,(и јас сум исто) ама за детево се изнамачив и никој нема да кажува . Ние па имаме проблем друг . Имаат домашен миленик. Куче. Одделно живееме . Сега во темава можи некој да ми замери , ама јас дете со куче не дозволувам да ми се меша. Има влакна, колку и да се чисти мириса . А тие упорно ме убедуваат дека грешам. Кога се оди кај нив сум под стрес. Цуцла или играчка ако падни во ќесе кревам и дома дезифицирам. Може сум фрик. Ама во фамилија имавме смртен случај пред години од кучешка тенија ....Кога доаѓаат уште лупа на очиве да ставам ,влакна да не ми носат. Така да ако нив не им е срам ниту мене не ми е. Постојано ќе си кажуваш како треба според тебе. Во краен случај дистанцирање