Ако можиш со четка доволно е ,механички да се отстранат наслагите од запчињата, паста немора. Или газа да намокриш со водичка и да ги поминиш . Доколку потешко оди со четката.
И јас не дозволувам кучиња околу моите деца, ( и околу мене) , малце сум гадлива од влакна, не може нешто што си го лиже газот, да дозволам да го лиже лицето на моето дете. Уствари се што е со влакна не сакам дома. Не дека не сакам јас кутриња, него ете..од влакна се ежам...од моите се ежам и ми е гнас, не па од животно. Свекрва ми пред долги години имаа куче, и дома си ја чуваа ама и надвор одеше кога сакаше. Многу пати ќе се десеше да го погали па со немиени раце да принесе нешто на масата за јадење, не чепкав ништо од тоа.
Може кучешка тенија да фати само ако миленикот не ја добива соодветната терапија. Моите имаат куче, т.е мое е кучето јас се грижев за него, сега е кај моите. Со него сум спиела, од уста ми јадел. Ако е редовно носен на ветеринар нема зошто да се плашите. Сепак ваш избор. Ама има мнооогу бенефити од дете да расте со куче. Свеки имаше мачка дома ама за жал умре. Никогаш не сум помислила да не одам кај неа заради мачето. Единствено што треба да се внимава не сакајќи да не го повреди.
Едно прашање надвор од муабетот Препорака за добра чашка за пиење вода на бебе кое е на доење (не знае да пие од шишенце). Имам чашка - клунче од Чико, воопшто не му оди пиењето од неа, само ја фрла...
Од чавче за ракија можеби ќе му е интересно да пие, пробај. Има и едни ,,магични" чаши, немаат клунче, немаат цевка, од сите страни може да пие, а капакот не дозволува да се направи жива вода. Зедов и таква, само што уште не сум ја пробала. Моево пие од шише и пак не пие од тоа со клун од Чико. Си ги чеша непцата, го гризе клунчето
Фала Оли, баш сега гледам таква Нук "магична" чашка, ќе пробаме и со неа и со чавче за ракија, па ќе видиме со која ќе успееме
Оддалеку ги сакам , и тие се душа, го хранам го имам шетано го имам плачено...ама да спијам со куче, да делиме ист воздух. НЕ! Кај нив имам најдено влакно, сепак летаат, тоа се чешка, трча. Вакцинирано капено гледано како човек , но сепак е кутре . Ете јас така гледам на работите Има и предности да расти детето со домашно милениче. Но и мноогу верба немајте . Нивното куче е љубоморно на моето дете, пошто свекор и свекрва искажуваат емоции ја сакаат внуката...а кучето во истиот момент трча кај нив и се моли за внимание.Се плаши дека неговото место ќе биде заземено од бебево.
Мое "бебе" е 12+, ама бебињата од оваа тема повеќе лазат. Синче прооде ама лази сѐ уште понекогаш. Сега го забележав после бањање благо модри нозете под колената. На друго место нема таква модра област. Сте забележале нешто такво кај вашите?
Денеска заспа со нишкање во транспортер. Прв пат вака, а богами и друго не ни остана. Во релаксатор одамна не заспива веќе. Откако ги исцрпивме сите можни помагала за болни непциња, доби хомеопатско чепче против болки и така заспа... Ако има нешто домашно што не сум пробала слободно споделете. Глодалки, замрзнати крпчиња, гелчиња, глобули... немаат за жал веќе ни краткотраен ефект кај нас
И јас денеска полудев, душата ми ја извади со првите кецови. 10 дена искачаше првиот, еве сега вториот една недела. Плачење, вриштење имав flashback на грчевите. Му дадов пола доза парацетамол и за 10мин заспа, одморивме двајцата. Многу ми кажуваат бело вино ептен помагало ама не се осудувам да го намачкам.
И мене ми велеа за виното, ама не верувам дека прави чуда. Еве и гелчево е 80 посто етанол. Што знам, може вреди да се проба. Кај нас горните двојки може да кажам дека "полесно" излегоа, ама сега четворкиве а тек 3ки следуваат, нели тие најмачни се заради нервите кои ги влечат ауу Парацетамол дадов утрово пола доза, малку се потсмири. Ама најдов едни природни чепчиња, па се надевам ќе има некаков ефект Душа ме боли што не можам да му помогнам никако...
Па му зборам и јас, да не брза толку, да здивнеме малку ама нема пауза изгледа како што тргнало А едно време мислев грчевите хорор биле
А да ве прашам. Откако ќе излезат единиците, дали можно е двојките без набабрување да излезат? Детево деновиве се лигави многу, а претходно многу ретко при растење на заб се лигавеше, го гледам непцето, обично ми изгледа. Пред две ноќи, имавме побурна ноќ. Вриштеше, еднаш дадов цицање, потоа во рака го смирував. Ама многу вриштење, поо , сега си велам од некој заб да не беше така или скокот бр. 7 што му се случува... Инаку, кога спомнав скок хм, речи тоа се рекла-казала работи, врска нема, ајде не читајте многу на интернет блабла... Не. Има врска, овој скок дефинитивно се осети, донесе промена кај син ми и тоа доста видлива. По термин е 44+2. Како се раздрдори деновиве, тонови, бои, самогласки и согласки, чудесија. Самостојно стоење многу малку сѐ уште, ама муабетчија па па. па и слуша, прави мимики (како деде -свекре), ќе го носиш 9 месеци ќе се грижиш ќе раѓаш ќе плачиш ќе сѐ и ќе почне на дедото да заличува. Здраво и живо да е За ноќно спиење и покрај скоков, убав си е, да не го заречам. Спие по 6 7 часа, а некогаш и 9 . Леле си велам да не му вметнев ваква навика на заспивање посамостојно во креветче, сега од скокот партали ќе бевме. Преку ноќта се одмора, а преку ден цело време е турбо. Ако беше плус ненаспан, многу ќе беше нервозен. Ем скокот го троши, па и неспиење... Ете денеска двете дремки неубаво ги спиеше, не ја доспа втората, едвај заспива, се трие ама не склопува очи лесно, па после беше многу кемкав. Од едно прашање, цел извештај испадна. Ај чао.
Јас купив Dentinox сметам дека помага некој саат, ома лодокаин и камилица во составот. Кои други гелови ги користите?
@Cherry333 кога лазеше вакви и беа нозете цело време. @elenaklasik кецови и двојки извади преку ноќ само наоѓав заб насабајле, ама затоа тројки и четворки...уште имам трауми од вриштење
А како успеа со спиењето да средиш? Во креветчето си заспива или го преместуваш? Го тапкаш и не му даваш цице?
Ајде, ако ги извади побрзо, после раат ќе си, наеднаш сите и ќе уживаш. А не едно по едно, една недела си раат 3 си кома Какви чепчиња даде ако може да ми кажеш или сликаш ? Од аптека ги зема ?