Оли ти си извор на информации за што и каде да се најди Знам за каква чашка зборуваш ама тука никаде немам сретнато. Од кај ја зема и колку беше?
Од ДМ ја зедов, ваква е, само друг дезен. Ич не ми текнува колку беше, земав и други работи и не ни забележав. Претходно ја барав и ја немаше, па ја донесоа после. Проверувај дали ја донесле ако ја нема во моментот.
Шо праите бре мајкички и бебчиња, арни сте? Ние арно по дома потешко наоѓам време за социјални мрежи и форуми. Дома учиме пишеме со бебе се гледаме повеќе обврски помалку време. Особено малку време за човек шо незнае да си го организира времето и денот како мене. Ќе станам на време и пак неможам на време да постигнам се. Инаку супер, беба лудува низ дома, големата исто така, јас при крај со нерви. Велам на мм ми сакам една недела одмор без деца и без маж. Негде сама да се одморам ама не бива. Нека се здрави живи нека растат. Па сакам и трето дете смешки у боја. Мм вели ако има баба да ги гледа и пет ќе ти направам, роди си ги Беба има уште малку роденден ама пуста корона неможњ да славиме. Ан ќе скокнам до други теми да видам шо има шо нема. Ве бакнуваме Моментално ги вријам шишинцата да се оладат ќе ти сликнам да видеш од шо пие моја беба. нормално е
9 извади за 2ипол месеци константно сме вака од 5 месеци наваму еве Не сум во Мк, Viburcol се викаат, можеби ги има и таму
@Филотеа ова со цевка е на нук. Изненадена сум како одма прифати и си смука од неа многу лесно. Другото до него е на бејби лов од дм. Таа цуцла е универзал и е од раѓање па до големи. Исто од бебе пие од ваква цуцла. Другото е на нуби, чашка со гума и вакум. Исто треба да смука и од чашката вода. Пие пд сите шише вода, од тоа на дм најчесто чајче пие.. имаше вакво и на авент ама не пиеше мн од него, па сега голема игра со него за куклите Се на се најзадоволна сум од дм. Не мора да е марка или скапо дда биде добро.
Погоре за вино бело прочитав, слободно да ги намачкате непцата. Јас ја мачкам и многу ни помага, малце на прстот ќе натопиш и ќе ги триеш непцата со прстот. Нема простор за грижа, а нас многу ни помага. Да биде виното од фрижидер, ладно, му доаѓало како анестезија и болката не ја осеќаат. 3-4 пати во денот ја мачкам јас.
Да се става , многу мајки ставале и ставаат и многу помага . Тоа не пие од виното туку се мачка на непцето. Порано кога немало гелови со што мислиш мачкале. Нас на пример од 3 гела што ги пробавме само виното имаше ефект
Порано ставале и мед на цуцла на бебе од 2 месеци, па не значи дека е правилно. Вино е алкохол, и нема зошто да се става во уста на бебе.
Се согласувам целосно затоа и не давам и јас, но од друга страна го разбирам и очајот на мајката да му помогне на бебето зашто и моето со вриштење вади заби. Пробав Дентинокс и Фризидерм и не помагаат, па си плачеме заедно. Тука некаде се плачките како со грчевите само пократко траат.
Не сум пробала сеуште со вино, ама пишав и погоре. Види го составот на гелчињата, 80% етанол. А тој е алкохол
И синко мачно вадеше заби. Нервозен, не јадеше ама помина. Вино ни на крај памет. Кога е критично, може пола доза парацетамол. Не е исто вино и гел кој е наменет за бебе. И на папочето се става алкохол, ама не е исто што и вино во уста.
Ако сте во можност некако да набавите или да ви донесат од Германија гранули Осанит, спас се за заби, СПАС! Хомеопатски се, со камилица, ама ептен помагаат. Големава сите заби со песна ги извади со нив, претходно се мачевме со се’ и сешто. Знам сега со коронава тешко е да се набават, ама ако можете, не двоумете се Инаку и Дентинокс е ефикасен, најдобар е од сите гелови според мене, но дејството кратко му трае. Јас го мачкав на цуцлата на девојкава, не директ на непцата, па си ја шмукаше по цела ноќ во уста. Не знам зошто, ама ете така го користев и и’ помагаше
Не сум се внела толку да разглабам состав на вино, и да споредувам со гел за заби, ниту пак да се докажувам овде. Како и да е, бебе не е убаво да трпи големи болки и треба да му се помогне
Не ни помагаат нам глобулите Озанит, можеби тие 5 мин додека се растопат потоа ништо. Дентиноксот заради АЛКОХОЛОТ што го содржи, смее 3 пати во 24ч по зрно грашок количина... а денот е дооолг, исто и ноќта
Која цена се ти текнува? И како се користат, се раствараат во вода? Малку сум скептик за хомеопатски лекови ама ќе кажам да ми пратат, не се трпи ова.
Од Осанит на мојава и се појави алергија,затоа нека биде само со препорака од доктор. На вторава од страв ништо не сум дала